Членството е бесплатно, ти вадат картичка и можеш која книга сакаш да ја земеш. Ништо не се плаќа ^American Corner
Последниве 5 години донирав и продадов многу книги, имав библиотека со над 300 ама ми стоеја во кутии. Лани почнав пак да читам после долго време и гледам или електронски или од библиотека да најдам копии. Моментално имам 42 книги, од кои 18 чекаат да бидат прочитани. Купувам поретко, најчесто барам специфичен наслов а постојано позајмувам по роднини и другарки. Порано не ги давав ама откако изгубив желба да правам колекција, полесно е а и веќе сум заинтересирана во други нови книги.
Преферирам да си ги купувам книгите. Особено ако една книга многу ми се допадне би ми било криво да ја немам во колекцијата. Плус тоа, изнајмувањето на книги ми е обврска, морам навремено да ја читам и да внимавам на рокот за враќање што не е случај ако книгата е моја. Негативна страна на купувањето книги особено кај оние кои многу читаат е тоа што навистина зафаќаат простор. А за жал и цените не им се баш ниски и навистина го оптоваруваат буџетот.