Девојки продавам фустан нов не облечен, денеска го добив меѓутоа ми е мал. Купен е од Англија, број 10 или 38. Доколку некоја е заинтересирана нека ми пише порака.
Продавам Манго мантил во стилот на Burberry trench coat.Нов, воопшто не е носен.Го продавам затоа што на мене ми е голем, а јас сум ниска. Која е заинтересирана нека ми пише лп за слики и цена.
Здраво девојки. Продавам оригинален, дизајнерски парфем Christian Dior - Hypnotic Poison 100 ml. Добиен ми е на поклон, но не е по мој вкус. Нов е, неотворен, спакуван во сопствената фолија. Имам и фискална, купен е 103 евра во фришоп. Ако некоја е заинтересирана нека ми пише, ќе се договориме околу цената. Ви посакувам среќен ден
Продавам женски патики број 37 за 1200 денари. Добиени ми се на поклон од тетка ми од Германија но ми се мали затоа ги продавам. Чисто нови. Не носени. Заинтересираните нека ми пишат во порака
Zdravo se izvinuvam za latinicata nemam kirilicna podrska. Prodavam helanki adidas orginal pamucni ne se noseni so etiketi cisto novi brojcinja imam S, M,L , XS, 500 denari. I cizmi zenski 1600 denari vodootporni . Mozete slobodno da proverite istite helanki se po 1800 i 1600 po sportskite prodavnici a cizmite se okolu 3 ipol iljadi . Isto i kapcinja wedze prodavam zimni 250 denari. Za dopolnitelni informacii kontaktirajte me vo inbox .
Продавам невестински фустан дизајниран во Queen Скопје, заедно со букет и вел. Цена 1300 € со можност за преговарање.
Продавам обетки. Нови неотпакувани, имам повеќе на залиха. Цените почнуваат од 60 до 150 денари. Значи воопшто не се користени. Еве дел. Имам уште ќе ги постирам во текот на денот, ако некој е заинтересиран.
Женски ги продавам патиките на полна пета оригинал Guess, со крзно. Преубави се. 39 бр ! Носени буквално два пати ! 3000 ден
Преубав свечен фустан, носен само неколку пати, но веќе не можам да го носам затоа што накачив килограми. Фустанот е ист како на сликите а може и поубав на живо, а единствена маана е тоа што под пазувите малце почнал материалот да се уништи. Оригинално фустанот е без ракави па затоа постои можност да се носи како што е или пак да се тргнат додадените ракави и грб. Одговара на број 42-44. Цена 12000 ден сп можност за договор.
12.000? За фустан кој сама кажуваш дека почнал да се уништува под пазувите? Па мене невестинскиот шиен за мене ме кошташе 22.000
Јас остиот го купив 350евра пред една година. Исто така напишав дека за цената може да се договараме, така да цената не е фиксна. Ако на некој му се допаѓа тогаш можеме да преговараме за цената.
Продавам долг свечен фустан, носен само еднаш. Моделот е ист како на сликата, а различна боја. Мојот е на сиво. Назад корсетот е со шнирање, па би требало да одговара и на послаби и пополни. Цена: 4000 ден Исто и за венчаница некоја ако е заинтересирана, ќе ја дадам за 300 евра, ако сака некоја слика нека ми пише пп.
Рамки за очила exess Носени многу кратко, не ми одговараат на лицето. Може да се сменат стакла. Достава по карго. 2000д
Продавам невестински фустан ( princes style ) Носен е само еднаш и веднаш е чистен на хемиско . 12 000 ден - не е фиксна За слики во порака доколку некоја сака
Девојки го продавам фустанот со намалена цена. Пишете ако сте заинтересирани бидејки многу имам потреба да го продадам. https://mojagarderoba.mk/items/obleka/656785/preubav-svechen-fustan https://mojagarderoba.mk/items/obleka/656786/preubav-svechen-fustan