Што мислите за ваквиот проект? Размислува ли некој да го искористи овој проект? Да споделиме мислења... Искрено јас се плашам можеби затоа што и не сум навикната на било каква помош од државава... за што и да помислам да аплицирам некако се мислам дека ќе бидам изиграна, дека ќе се зезнам.
Искрено мислам дека може да се искористи опцијава (можеби не во толкава мера и износи со кои се фали Владава). Со самиот факт што некој ќе ти плаќа 80% од рата во првите 8 год. сметам дека е огромна помош. Кога реално ќе дојде најголемиот товар на тебе за плаќање, во 12тата година, очекувам плативе да бидат видно зголемени, па таа рата што е утврдена сега, по 12 години да ни изгледа помалце. Ова е ептен помош за тие што имаат веќе плац, за тие што немаме... малце потешко.
Сега ќе се склучи и договор со општините, кој ќе сака да гради куќа од овој проект да може да купи плац за 1 евро квадрат.
Ама со кои општини? Претпоставувам тоа би било овие што се подалеку од центар, незнам кај би продавале толку ефтино. Во секој случај, каде и да е, полесно ќе се доаѓа до свој дом
Да и без разлика што е пред избори и препукувања, сметам дека е добра идеја да се помогне на младите. Ама пак има услови, да бидеш кредитоспособен, до 35 години, да имаш плац, договор со фирма за градба итн... ама не е мала работа некој друг да ти плати учество или пола рата. Е сега добро ќе беше да помагаа и ако сакаш да купиш некоја постара куќа а не само за да градиш, ама тоа е.
Каде може да се купи во Скопје поефтини плацови, како се движат цените. Јас си размислував, да начекам ефтино мало плацче, и една куќарка хот и хот. Идеално
Еве за повеќе некој да си прочита, како што гледам по сајтовите. Во функција на создавањето на подобри можности за стекнување на дом Владата обезбеди законски услови со кои се предвиде почетна цена за земјиште за изградба на куќи да е 1 евро за метар квадратен и дополнително намалени се комуналиите. Од неодамна Министерството за транспорт и врски објави проекти за типски куќи. Најдоцна од 1 февруари 2016 година ќе стартува нов проект „Купи куќа за млади“. Со проектот„Купи куќа за млади“ на младите до 35 годишна возраст кои се или не се во брак Владата на Република Македонија преку 2 модела кои ќе може да се изберат ќе им даде можност да добијат неповратни средства за да купат куќа. Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години од 80% од средствата 8 години и 50 % за три години после овие 8 години. Владата исплаќа субвенции на месечната рата на кредитот и главница и камата за стекнување на куќа и тоа во период од 11 години од вкупно 20 години. Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од средства за учество во кредитот за стекнување со куќа, а понатаму кредитот младиот човек сам ќе си го исплаќа. -Субвенцијата ќе се однесува и овој проект ќе важи за купување на новоизгардени куќи од градежни компании со цел потоа да се продадат, куќи во кои треба да се всели прв сопственик или изградба на своја куќа, надградба и доградба на куќа. Вака ставаме фокус на дополнителна поддршка на градежништвото во Република Македонија, што ќе придонесе за поголема профитабилност на градежните компании и нови работни места во градежниот сектор, Овој проект е наменет само за куќи.
Vakvite proekti se interesni no ona sto e problem pretpostavuvam kaj poveketo mladi e rabotata i rabotnite mesta. Mislam deka sa da apliciras sa vakvi krediti mora bar eden da e vo drzavna firma da e kreditosposoben a vo denesno vreme toa e malk tesko za obicniot graganin
Не се бара да е некој вработен во државно, условите не се такви. Треба да сака банката да им даде кредит, најважно. Примањата треба да се ПОМАЛКУ од 900 евра за самец, и 1200 мислам за пар. Значи и некој со 300 евра плата исполнува услов, битно е само банката дали ќе даде. Банките па кога знаат дека ќе земат пари, даваат кокредитобаратели, жиранти... Се само за да лапнат, оти они се во огромен ќар. Според мене, ако некој веќе решил да зима кредит, ова му е 50 % олеснување, ако не и повеќе.
Уште еден убав проект на Владата со кој ќе се испусти уште повеќе провинцијата, а преполни Скопје. Кој евтин предизборен популизам. Но, има една убава работа во сето тоа. Сите Македонци сакаат да живеат во Аеродром, па така да тој проект ( кој ќе биде вон градот) многу тешко да успее.
Дали овај проект важи за доградување на куќа, во конкретниот случај спратот од куќа е доведен до фаза карабина и ни требаат сретства за да се доправи, спратот е легализиран, односно комуналии се платени претходно сега треба да се измалтари внатрешно да се преградат собите и да се доправи фасадата на куќата. Ве молам ако имате некои сознанија да ме информирате дали ваши и за ваков случај оти во претходниот проект купи куќа купи стан не важеше и неможеше да се аплицира оти не било нова градба односно кревање на спрат туку доградување на веќе легализиран спрат од куќа. Поздрав феминки
За сите оние кои го немаат решено прашањето за сопствен дом и сакаат да купат куќа, или да изградат куќа, да надградат, да доградат, ова е одлична можност да добијат владини субвенции во текот на 11 години, ако го одберат првиот модел, при што првите осум години субвенцијата изнесува 80 проценти. Подоцна имаме уште три години во кои што субвенцијата е 50 проценти од месечната рата. Сепак, пак јави се во министерството, конкретно ќе ти објаснат.
Рекоа дека во наредниот период ќе се склучат договори со заинтересираните банки, а од интерни извори знам дека стопанска ќе склучат сигурно.
Значи учествуваат:Тутунска, стопанска, стопанска битола, охридска, ттк, прокредит, алфа, ттк и шпаркасе.
Некој паметен да објасни логика како тоа владата ќе поклонува буквално куќи? Мислам, супер идеја, ама е премногу добро да е реално. Ова досега го немам слушнато. Значи пари се има, за Скопје, споменици, администрација, пензии, сега и за куќи. Добро е, богата држава.