1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купи куќа за млади - нов владин проект

Дискусија во 'Дом' започната од Independiente, 19 декември 2015.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Eве кои банки учествувале во првиот проект http://www.kupikukakupistan.gov.mk/apliciranje.php

    Веројатно пак истите, само нема официјално на веб ништо. Мои колеги, двајца земаа од првиот проект, купија станови и сега бараат начин како да ги продадат за да можат да аплицираат за новиов оти има многу повеќе поволности.

    Денеска во Код имаше за Хот - хот, кои биле дел од првиот преокт. Што мислите за таа идеја, се исплати? Во хот-хот квадратот е 280 евра, со постамент 350. За куќа од 100 квадрати, тоа се 35 000 евра, државата дава 20 000 евра, што не е малку. Плус каматите што сам ги плаќаш, а Стопанска даваат и предвремена исплата без камати.

    Дилемата ми е, вреди ли хот хот за 2 месеци да изградат куќа со проектов, или имате некоја подобра идеја за цврста градба?
     
  2. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    За тоа дали вреди хот хот незнам, ние сме заинтересирани за доградба, рок на отплата најмалку е 20години.Е сеа за подетално треба во банка да се види
    http://www.press24.mk/se-shto-treba...ava-treba-da-vi-e-platata-kolkava-kje-vi-bide
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа. Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.

    Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

    Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа.

    Poveke treba li da zboruvame na ovaa tema?
    A sto so nas nad 35 godini?
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Па таков е проектот, за млади :) И мене не ме фаќа евтин факултет за постари :) Ако е маж ти под 35, можеш да аплицираш.
     
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Drugoto mi bese poentata.
    Zarem nie ne ziveeme vo drzavava pa da veruvame vo ova?
    Ne e pod,ima edna poveke.

    Edit.90 % od onie koi imaat primanja nad 900 evra nikoj ne gi zima site na kniska.Barem vo mojov grad.I ne kutat oti se glupi tuku taka e vo cela drzava.

    Se znae za kogo e napravena ovaa ponuda.
     
    На cresa-jagoda и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Жал ми е. Такви се условите, за млади брачни парови. На 40 веројатно не ги сметаат за млади парови :) Мислам дека најчесто во РМ се стапува во брак од 25-30 години, статистички и затоа е определена бројката до 35 да е едниот. Нормално има парови кои повозрасни решиле да основаат семејство, ама па не верувам дека ако цифрата се помести на 40, некој на 41 нема да се лути :) Така може да се оди до бескрај.
     
    На Viktorijaaa5 и Abeja им се допаѓа ова.
  7. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    А дали е ограничено колкав треба да биде кредитот што ќе го земеш? Некаде слушнав дека е до 50.000 евра, а со толку тешко да изградиш куќа.
    Ова вака е? Некој од Вас може знае повеќе
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Одобруваат само до сума до 50.000 евра, а ти можеш и да подигнеш кредит и над 50.000 ама они нивното учество ќе го сметаат само до 50.000.
    А зошто да не може да се направи куќа до 50.000, може и до 30.000 да се направи, освен ако не подигаш некоја палата, ама тоа би немало логика, зашто проектов е за оние кои сакаат да подигнат помал кредит за скромна куќа за живеење.
    А ако ги вклучуваш во тие 50.000 и парите за плац, во тој случај потребната сума ќе ти зависи највеќе од цената на плацот, има голема разлика од локација до локација а плус можеби и навистина ќе се оствари и тоа 1 евро за квадрат и нема да се злоупотреби истото, па ќе биде уште една олеснителна околност.
    Меѓутоа за да аплицираш, ти веќе треба да имаш плац за градба.
     
    На Lewis Hamilton, Bozica1980, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Значи така е, ова за доградба најмногу одговара а и за куќа во помалите места каде е поефтино. Во секој случај добар проект, ќе видиме како ќе се реализира
     
    На Abeja и Cka им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Јас како што сметав, еве да е од монтажните куќи... 350 евра квадрат сосе постамент. Тоа е куќа од 100 квадрата за 35000 евра што е сосема океј. За 50 000 евра е огромна куќа, ако е 1 евро квадратот за плацот. Е сега ако сакаш плац у центар, тоа е изгор... Ама 35 000 евра куќа плус 15 000 за плац, мислам дека е доволно за Скопје.

    Мене реален проблем ми е мајстори, не знам кој може да гради брзо, колку ќе ме зезнат...
     
    На referentka и Abeja им се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Djencki,kako be postojano se vie ste vo upatenite za proektite na vladata?
    Duri poveke i od samata vlada.:P

    Oti ne komentirate okolu ona deka poveketo od nas zemaat nad 900 evra plata.
    Zarem i za ova se soglasuvate deka e taka?
    Cista logika.Za da vazi ona za pogolemiot del,prosecna plata treba da bide okolu 900 evra,taka?

    Ej so se nerviram koga uletuvam vo vakvi temi.:drunk:
    Pa informirani ste i na koja logika go donele ona za do 35.
    A sto so onie sto se zemale pod 35 i eve deset godini nemaat zivealiste?
     
    На cresa-jagoda, Abrakadabra и Kaley им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е 280-300 евра клуч на рака.
    И мораш да склучиш договор со градежна фирма, за мајстори ти тогаш не се секираш, целата работа е на фирмата.
    Ако плацот го даваат навистина за 1 евро, тогаш би требало да фати од 500-1000 евра за плац, ама ако направат пак да биде со лицитација како продажбата на државно земјиште, тогаш цената може да достигне и до 25-30000, 50000 и повеќе евра, зависно од локација и ништо не направиле пак.

    @galapce те читам во темава и навистина не знам што сакаш да кажеш? Што не ти се свиѓа, дека е проект на Владата, дека е само до 35 години или нешто друго ти е проблемот?
    И зошто да не бидеме упатени? Интелигентни сме, следиме вести, се интересираме, следиме новости, а и кој има потреба од вакво нешто, баш добро му дојде. Не е исто да земеш кредит од 30 000 а да треба да враќаш 50 000 на банка, со тоа да земеш 30 000 и да вратиш толку, а делот со камата да го покрие државата.
    Абе и дома да дојдат да ви речат на ви 10 000 евра, нема потреба да ги враќаш, пак нема да ви чини.
     
    Последна измена: 22 декември 2015
    На okcenzi, artemidis, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    1. Упатена сум затоа што сакам да земам кредит, оти сум писмена, оти се е јавно, на веб страна ставено и знам да сфатам што пишува. Повеќе од Влада не сум. Знаев се и за претходниот проект, ама не земав, оти имав други планови кои не се реализираа.

    2. Ако земаш над 900 евра плата, сама, тогаш не знам оти ти треба помош за да купиш куќа, кога со скоро 1000 евра на месец САМА имаш доволно? Иначе, пишува дека заедно не треба да имаат повеќе од 1300 евра плата младите. Мислам дека не си ги разбрала цифрите добро. Имаше спин од новинарите дека требало платата да ти е 900 евра за да аплицираш, а уствари е ДО 900 ерва не НАД. Затоа, да не шириме тука неточни инфомации, нека биде помош коллку што можеме и знаеме, не дезинформации.

    3. Тоа за 35 е моја претпоставка. Жал ми е за тие што на 45 уште немаат кај да живеат, ама проектот е за млади. Плус, Галапче, ако ти не исполнуваш услови за проектот, не значи дека не чини за нас останатите. Ако имаш совет, насока, помош повели, ама не може никој да го врати времето назад и да те направи 10 години помлада за да го фатиш проектот. Ко ни јас што не можам да сум 35 за да добијам факс без пари. Или да сум апсолвент за таблети. Или да сум средношколец за бесплатни книги. Или пензионер за бесплатен превоз. Таков е проектот, ако не чини за тебе, за другите чини.

    Абеја, не верувам дека ќе дозволат да е 1 евро :) Лицитацијата ќе почне од 1 евро, ама зависно од локација ќе оди многу нагоре. Мене ми е глупо што не продаваат плацови од 300-500 квадрати, се е 2000 квадрати. Што ке ми е 2000 квадрати? Не сакам палата, куќа сакам. Мал двор, не лозје. Еве барам деновиве плацови цело време, ама нема мали.

    Градежни фирми листа некоја? Задовлни, незадоволни? Време на реализација? Знае некој?
     
    На Golden Rose, okcenzi, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  14. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    80 посто субвенции за парови со 1300е плата. Тоа е како едниот да зема 300е (сосема реално), а другиов 1000е. 1000е кај нас е пратеничка плата. Значи исто ко да даваш субвенции 80 посто на пратеник да си купи куќа. Кој НОНСЕНС!
    Знае ли владава што и каква класа на граѓани треба да се субвенционираат? Ова ќе испадне исто ко социјалните станови што ги поделија. Не на социјално загрозените граѓани, туку на оние другите ;)
     
    На karmenka, cresa-jagoda, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Бог да чува. За парови ПОД, ПОД, ПОД 1300 евра плата. Не над, не толку, ПОД. Писмени ли се луѓево или што е работава?
     
    На CameliaMiller, okcenzi, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Boze cka,nemoj od pretpostavki da siris dezinformaci za moite godini.So toa ne me navreduvas,ama tebe ne ti lici.Nekolturata treba da ne srami,a vo slucajov ti ja koristis bezpotrebno.

    Aj jas deka nepismena,upatime kade pisuva do,na koja oficijalna strana?
    I ne odstapuvam od ona deka postojano ste dvete upateni,bas za proektite na vladata.
     
    На cresa-jagoda и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    А ти дали си доволно писмена да го прочиташ мојот пост или штабот не ти дава? Домашниот приход треба да биде до 1300е, http://lider.mk/2015/12/20/stavresk...ogu-pogolemi-subvencii-i-poddrska-za-mladite/ цитирано од Ставре. Што се палиш?
     
    На cresa-jagoda, Gosh и galapce им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Добро бе вие не читате или намерно се правите наудрени. Платите на двајцата брачни партнери да не надминува 1300 евра или едниот да не надминува 900 евра.
    А тоа ти што си правиш пресметки едниот да има 300 а другиот 1000 е твој проблем на погрешно перцепирање на работите. Ако гледаме така, може едниот да зима 1300 евра а другиот да е невработен, па тогаш би бил и над пратениците, според тебе.
    Може двајцата да зимаат по 35 илјади плата, може само едниот да е вработен и да зема 15 или 20 илјади плата, може само едниот да зима 30 илјади плата а другиот невработен а може и само едниот да зема до 900 евра плата а другиот невработен.

    @Cka еве ти еден линк од форум кој можеби ќе ти помогне околу градежните работи
    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PN=14
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.713
    Пол:
    Женски
    Ама убаво си пишува, до 1300 евра.

    Проектов засега добро ми изгледа. Тие што можат и сакаат, супер ќе им дојде олеснувањето. Не истражував до детали зашто не ми треба, но не би критикувала се’ и по секоја цена. Не дека ги искупува од сите гревови, но како проект ми изгледа добар.
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.222
    Не знам колку години имаш, колку и да имаш твои се и не е навреда ничија возраст.


    Ми е жал дека млади луѓе читаат, а не сфаќаат што читаат. Еве од твојот линк, копирано, болдирано тоа на кое треба да обрнеш внимание.

    Ставрески: Значи овој проект е наменет за младите лица којшто имаат до триесетипет години било да е поединец било да е во брачен статус, можат да аплицираат и поединци и лица што се во брачен статус, ако се во брачна заедница едниот од двајцата треба да е помал од триесетипет години, вториот услов е платата да биде помала од 900 евра ако е едно лице, односно да е помала од вкупно 1300 евра месечно ако се две лица во заедница,тоа значи во првиот случај кога станува збор за поединец помала од 900 евра,значи и со 800, 700, 600 и со 500 евра плата, може да се аплицира и да се добијат субвенции и да се дојде до сопствена куќа, се разбира сразмерно на тоа банките ќе определат колкав кредит може да се добие се разбира во зависнот од висината на платата.Кога станува збор за брачна заедница до 1300 евра ,значи 1200, 1000, 800, 600, 500 евра, сите повторно влегуваат во можноста односно конкуренција да добијат средства од овој проект на Владата на Република Македонија.

    Уште читате НАД?

    И Галапче, официјална страна е страната на Влада и на Минситерството за финансии. Повели линкови, ако не можеш да најдеш каде пишува дека треба да е под 900 евра, кажи ми, ќе ти болдирам и таму. Повели линк.
    http://finance.gov.mk/mk/node/5501
    http://vlada.mk/node/11609

    И те молам не ми спомнуј штабови, за писменост тука зборуваме. И ти си пишала ДО, ама изгледа не знаеш дека до ДО има и 1000, и 500, и 400.
     
    На okcenzi, Spidy и galapce им се допаѓа ова.