Извини, ама парови со домашен приход од 1300е не можат да паѓаат на товар на државата. Проектов треба да си се ограничи на многу поранливи категории, секој ден на сајтовите за хуманитарни акции се донира за луѓе во трошливи куќарки, ако воопшто така може да се наречат. И просек од 650е плата кога ќе го земеш како средина е многу, за да се субвенционира до тој процент. @Cka, никој не рече дека приходите мора стриктно да бидат 1300е, меѓутоа границата е таа до 1300е, убаво си пишува. Поентата ми е дека таа граница е премногу висока за толкави субвенции. Значи границата да се намали на многу пониски примања, за луѓе што никако не може да си дозволат топол дом. А не за луѓе со речиси дупло поголеми примања од просечна мк нето плата.
Добро, значи разграничивме дека проблемот е само во висината на заедничката плата. Значи признаваме дека проектот е добар, особено за оние кои имаат помали плати и не можат сами да се одлучат да исплаќаат кредит од својата плата. Но, ако стават граница до 500 евра заедничка плата, тие со 600 евра заедничка плата ќе бидат незадоволни. Секогаш ќе се појави одредена незадоволна група на граѓани. Затоа е и ставена таа граница, бидејќи и не секој со плата од 300-400 евра може да си дозволи да купи плац и да направи куќа. А постојат млади брачни парови што ете собрале средства и има од каде да почнат само им е потребна одредена помош од државата. И ова нема врска како што кажа @Bridget дека државата ќе подарува куќи, туку само олеснува при надомест на каматната стапка кон банката. За другите случаи постои опција за социјални станови. Затоа треба да се разграничат работите, ова не е поклонување туку помагање.
Аха, сеа те сфаќам, дека проектов треба да се смали, и да не се даде помош на тие со високи примања, туку само на тие со 500 евра вкупно? Или која е твојата граница? Мислиш дека треба да се изземат оние со вкупни примања од 1300 евра? Ако им се доволно пари на тие, ќе имаат досега нивни стан, нема да чекаат помош. Значи супер е проектот според тебе, само да не се дава на тие со 1300 евра вкупни приходи. Која граница мислиш на примања е доволна?
@blueberry93, на тие категории на граѓани не им треба олеснување, им требаат социјални станови што ќе бидат ферски распределени, не по партиска линија. Тие и да се пријават за овој проект, нема да можат да го исплаќаат кредитот со толку ниски примања, па банката нема да им даде. Во секој случај, не е соодветен за нив, треба поинаква програма. А и плата од 1300 евра тешко дека гради куќа. Нека има и за нив и за тие со помалку, секако се квалификуваат и оние со пониски примања кои некако можат да си дозволат да градат со олеснување. Единствен проблем ќе биде ако се исполитизира проектот, се прават сплетки со градежни фирми и слични глупости. Ако е навистина вака како што го планираат, зошто да не, нека има за сите.
Па ете, според мене платата што е ставена како граница за поединец, да биде за вкупен домашен приход - 900е. Иначе кај нас има многу дупки да се пополнат, за да се дојде до проектов делење куќи. И не може да биде така розево како што се презентира. Ама тоа допрва ќе видиме, која е позадината. И не дискутирам повеќе на темава, ќе каже човек мислење и одма навреди неписмена, ваква таква. Ко мајката некој да ви ја опцул, ненормална работа.
Konecno se svativme. Od druga strana pak ete priznavam deka malku poubavo se inormirav blagodarenie na vas za ovoj proekt. Nema nisto sporno okolu intelegencijata i e dosta jasno sto zboruvam. Pak ke se povtoram,jasna e namenata na proektov a daleku od toa deka ne e dobro osmislen. Socijalni stanovi ima,a i tamu ima se samo socijalni slucai sto pomalku. Ajde vo iscekuvanje sme za sredna klasa na gragani.
А дали се знае колку минимално треба да изненсува платата на картичка која ја земаш за да можат да ти одобрат кредит од банка ? Има ли граница за тоа ?
Епа еве проектов Куки куќа купи стан се реализира подолго време. Што маана досега има? Овој е сличен, само е исклучиво за куќи. Абеја го видов линкот, ми дојде нова идеја. А стара барака колку би била да се купи и да се гради на неа?
Тоа е до банката, ама ако немаш доволно ти, маж ти е кокредитобарател. Ако заедно не сте доволни, тогаш ќе ви бараат жиранти - на пример родителите. Банките можат и без венчаница дури да ви дадат да сте кокредитобаратели, иако ке досаѓаат да доставите, ама во нивни интерес е да дозволат, па ќе дозволат. Најубаво во банка ова да се види.
А каматите ? Првите 5 години се нели дефинирани и фиксни, после ќе ги дриблаат со оние недефинираните каматни стапки. Банка ќе ти даде едно, па ќе ти земе двапати повеќе од она што ти дала првично. Ова е проект да се стимулираат граѓаните за долгорочните кредити ( ко овој од 20 години ) за кои нема заинтересираност. А кој е дилот на презадолженава влада со банкиве, само они си знаат. Кој знае што смучкале ! На оваа влада не и верувам дури и џабе да ми велат дека даваат нешто.
Знаете ли дека овие кредити неможете предвреме да ги вратите туку ќе мора 25-30 години да плаќаш рата ?
Да, за жал, мора да се склучи договор на 20 години, нема предвремена отплата. Кај обичните кредити има предвремена отплата, ама и каматата ја плаќаш, освен кај Стопанска. Иначе Абракадабра, камата секако има, и најобичен кредит да земеш, фиксна е во првите години после не. Овој преокт е за оние кои секако ќе земат кредит, секако ќе плаќаат камата и секако под истите банкарски услови. Разликата помеѓу едното и другото е што со проектов Владата ти дава пари, а ако не одиш преку проектот сам си плаќаш се. Исти пари се, изворот на средства е различен. И не е точно дека нема заинтересираност за овие кредити, лошо си информирана Изгледа не си одела од банка во банка за стамбен кредит
Првите 11 години каматната стапка е фиксна, а по истекот на тие 11 години (кога државата ви плаќа дел од ратата), каматната стапка е променлива и зависи од банката, како и за секој кредит кога го земате, со тоа што каматната стапка не смее да биде повисока од каматната стапка за другите станбени кредити кои ги нуди банката. Па станбените кредити се на 20, 30 години, нема ништо ново, и на овој и на оној начин, пак мора да ја платиш и каматата на ратата (и во случај да сакаш пред време да отплатиш како за другите станбени кредити)
Никој богат нема да земе кредит на 20 години... Кога сакаш сам да си оформиш семејство и децата да ти имаат мир, а твоите не се богаташи да ти купат, сам се мачиш и ризикуваш. Свесен за хипотеката, свесен за маката, одлучуваш и не се стискаш со свекрвата, не одиш по кириите, ама секој месец кешираш на банката. Со проектов, во првите 11 години, по 40 евра месечно, после повеќе. И тоа е многу подобро од се погоре набројано.
Ова само колку да се чкртне нешто или го имаше на твитер? Сигурно и Доналд Трамп е презадолжен сиротиот.
Да, ама „сепак не може да се врати предвреме“ и плус „којзнае што е смучкано“, двата најбитни фактори за успех на проектов, не викаат така Не е за политика темава и не би сакал да бидам сфатен погрешно, чисто ме интересира: СДСМ во Програмата со столбовите дава 9000 евра па и повеќе за слични намени (градба на куќа, комуналии), па дури се тврдеше дека проектов е украден од кај нив. Небитно од штаб или било каде, ако сака некој нека објасни подетално и за нивната идеја околу полесно доаѓање до сопствен дом, бидејќи оваа тематика се покажа доста интересна и популарна, а зошто да не биде пресудна и за тоа каде ќе оди нечиј глас на следните избори. Минус околу проектов е што неколкуте бесплатни проекти на повеќе типови на куќи кои ги нуди владава и кои може секој да ги искористи не се нешто сјајно (барем за мене), па доколку некој сака да поднесе барање за кредитов, а сака различен план од бесплатните, треба да поднесе и претходно изработена проектна документација за куќа по свој вкус која чини над 1000 евра. Во случај да биде одбиен, планот ќе му стои во фиока, а и пари јок. Можеа да проектираат посаглам куќички, ама тоа е. Во секој случај добро е нешто вакво, има па луѓе со доградби, надградби, а и кога е зорт за дом плус со помалце пари, изгледот не е нешто најбитно.
Ова, исто како и ,, Купи куќа, купи стан ,, е направено за партиските војници у администрација да си купат станчиња на грбот на сиромаштијата , тамам за пред избори. Парови со толкави плати слободно можат станбен кредит онака да си земат. А оние под кирии, во една соба шо живеат а немаат пари леб да јадат кој ги врти. Срамота !
Следната недела планирам да одам во министерството да се информирам, па ќе ви пренесам информации на сите што ви требаат. Ако имате прашање, пишете ми. Јас ќе прашам дали може да се купи барака, па да се гради на неа, а и колку ќе ми треба учество и според што ќе го определат, и каков договор ми треба со градежната фирма. Уште сум во потреба по фирма која нема да гради 5 години, туку брза и квалитетна. Ако некој знае, нека ми пише контакт. Цорто, бесплатните проекти на министерството не знам да ги отворам, кажи ми како ги симна? Кај мене не оди нешто, не знам оти.