1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купи куќа за млади - нов владин проект

Дискусија во 'Дом' започната од Independiente, 19 декември 2015.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Има тука многу прашања, дали на сите ќе одобруваат што исполнуваат услови? Дали прво рандом самец директор од администрација ќе земе со 800 евра плата, дали обичен граѓанин.
    А рачунај 500 евра потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, плус кредитот што ќе го плаќаат после 11 години од минимум 200 евра, значи 700 евра минимум приход треба да имаат за да имаат есап да аплицираат. Ами децата на факултет ако тргнат после 11тата година, дури и малку се 700 евра.

    Знам дека првите 8 години ќе плаќаат по 40 евра, али треба да мислат за после 11тата година што ќе биде.
    А колку проценти ја земаат таа просечна плата од 350 евра? 7-8? 10?
    А најмногу од администрација, тоа е факт.

    Добро е вака како што е најавено, али како ќе се изведува ќе видиме.
     
    На Abrakadabra и galapce им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    https://www.dropbox.com/sh/afmoo8guto5pn2b/AADFGyvuk5Eli5GtA59HMazxa?dl=0

    Еве ги и тука, ама не ми се симнуваат никако. Корто може ги има симнато, да не треба некоја програма? Или на друго место ги гледаше?

    Природен, на сите што ќе исполнат услови ке им биде одобрено. А за тоа дека ќе треба да даваат пари, е факт. Можностите ти се следни:
    1. не земаш кредит, не ти треба
    2. Земаш кредит, без пари од влада, плаќаш секој месец по 200 евра, учество, децата ти растат, плаќаш секако или хипотека
    3. Земаш кредит, место 200 даваш 40 евра месечно 11 години, после повеќе, децата ти растат, плаќаш секако или хипотека :)

    Значи ова не е гратис куќа, ова е помош за ако немаш каде да живееш и мораш да земеш кредит, да ти помогнат со кредитот. Не е да ти дадат клучеви и поздрав дома :)

    Ризикот од подигнат кредит го немаш само ако не земеш кредит.
     
    Последна измена: 22 декември 2015
    На artemidis и ninja35 им се допаѓа ова.
  3. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали ќе се намалат комуналиите како што кажаа, и колку ќе се намалат. Да не знае некој колку се сега комуналиите точно за кисела вода?
     
  4. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Линкот е тој, баш од таму јас ги симнав пред дваесетина дена. Еве и сега пробав (горе десно Download->Download as .zip) прво не одеше неколку пати, па еве по неколку обиди почна да се симиња.

    Ако некој се реши за градба во Илинден и од таму даваат неколку нивни бесплатни проекти поразлични од овие на владата. Можеа да се симнат на општинската веб страна.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Сеа видов, аутокад симнав и ми отвора. Кој точно линк го кликаш за да видиш куќата како личи? Многу документи за една куќа бре...

    едит - Сега видов, отприлика, не ми се свиѓаат, јас поинаква куќа си имам замислено :)
     
    Последна измена: 22 декември 2015
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Ако двајцата заедно имаат 400-500 евра плата или помалку, нема да им одобрат кредит и пак останува дека најголем дел од администрацијата ќе земе куќа т.е олеснувања за да гради куќа. Тие што работат у толку фалените инвестиции за 200 евра нема да земат тоа е муабетот.
    Е сеа не знам дали може жиранти за таквите, ама дури и да може, обврзан си 20 години да плаќаш, а некои стамбени кредити можеш и порано да ги отплатиш.

    Што значи ништо за таквите, сеедно е.
     
    На Abrakadabra и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Види, среднисти во администрација имаат по 250 евра плата, у приватно има луѓе со 1000 евра. Жиранти може.
    Зависи од банката. Не знам како да објаснам дека ова е помош за кредит, не е гратис куќа. Ако исполниш услови за кредит, ќе ти дадат. Ако не, ништо. Иако мои блиски си купија стан со жиранти двајца родители, а оние по 250 зимаат.
     
    На MiloMalo и t-sweet им се допаѓа ова.
  8. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    К'хм, де бре. Да ве прашам, дали и тука како во проектот купи куќа купи стан каде што можеше и сам да аплицираш важи истото правило или мора да барам маж? Шала настрана, озбилно ме интересира, пример еве сакам да ја искористам шансава, плата да речеме 250, жиранти кредитоспособни, дали тоа ме прави кредитоспособна, барав за ова не најдов.
    Ениуан? :?:
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    @MiloMalo можеш и сама да аплицираш ако си до 35 години (ама под услов истата година да се омажиш :D)
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Денеска има приемен ден за проектов, ама не можам да одам. Некој да не беше или да оди?

    Мало, да, можеш и сингл да си и за двата проекти и стариот и новиот. И веројатно банката ќе ти бара жирант, ако се твоите вработени, нема да имаш мака. Само не верувам дека многу голем кредит да ти даде. Треба да имаш со твоите пари да платиш рата и да имаш за живот. Не мора да се мажиш :) Бар јас не прочитав тоа.
     
    На MiloMalo и Abeja им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    @Cka ја зезав за мажењето :D

    А мислам дека и со кредитобарател ќе заврши работа, за да спојат плати да може да исплаќа рата.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Еми така, или да си пуштам оглас дур не ми истекол рок на употреба :D Цка бејби не сум ич сум мало, у пијано време е праен ников :D Инаку фала ви за инфото. Најмногу ради примањата се збунив оти пише до 900евра а во заедница до 1300, ама не сум ни блиску до 900 ни бутур па подразмислив да не има некои ограничувања за оние кои с(м)е со помали примања... Значи може, супер :) Имајте убав ден :f:
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Може, само прво во банка оди и види што ке ти кажат. Услови од проектот се возраст, кредитоспособност (што ке каже банката) и примања не повеќе од 900 евра. Тебе само тоа ти е битно, да видиш дали ќе сака банката да ти даде кредит, ако она сака, нема да имаш проблем со апликација.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Зошто сакаш да купиш барака? Мислам дека тие градби не се квалитетни и ако купиш, ќе треба да ја урнеш до темел и да почнеш од почеток со градење. И ние имавме идеја една постара куќа да купиме ама многу е скапа а и плус целата е пред распаѓање и мора да се сруши цела па да се почне одново со градење. А цената беше ненормално висока (во случајов само за плацот, бидејќи куќата е бескорисна). Мислам, веќе кога нема опција да купиш куќа на готово, дека е подобро празен плац па нова градба. Освен оние кои живеат во заедница, па имаат добри куќи кои може да се надоградат.
     
    На Eli23 и referentka им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Знам, не само тоа... Туку и прескапи се. Не се нормални со цениве за плац. Оние во другите градови ќеиф ќе тераат :) Овде еден плац се јавува да прашам, ми вика 120 000 евра?!?!

    Гледаш некаде ти пристојни цени на пристојна локација?
     
    На Eli23 и ines.h им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Визбегово има убави ликации....на пример..
    Во центарот ич не барајте, не си го ,,абите,, паметот.
    Ама многу ме нервира што плацевите се многу големи и не ги делат.
     
    На Eli23, DVAANGELA и Cka им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Е да, на еден му реков, може ли пола плац, вика не, купи со го ти 2000 квадрати па продавај.
    Иначе, кога се јавувате, барајте да има струја, вода, пат, дозвола за градба и маркица. Претежно сите имаат, ама за секој случај.
     
    На Eli23, MiloMalo и referentka им се допаѓа ова.
  18. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Не можеш тек така да надоградиш куќа. Тоа е класична дивоградба. Мислам можеш, ама сето тоа ќе е нелегално.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Маркица ако има зошто да не...
    Ако немаш -правец во Општина и ќе извадиш (нормално ако во планот стои дека смееш)
     
    На DVAANGELA и Cka им се допаѓа ова.
  20. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Во Македонија се можеш нормално ако имаш врски и мито. Тоа не ми е чудно, но затоа нашата архитектура е монструозна без никаков ред и естетика, а допрва ќе следуваат низа тешки проблеми поради тоа урбано дивјаштво.
     
    На Abrakadabra, Elaria и referentka им се допаѓа ова.