1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купи куќа за млади - нов владин проект

Дискусија во 'Дом' започната од Independiente, 19 декември 2015.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Инес, плац од 120 000 евра само во строг Центар или на Водно. Има плацови и за 20 000 евра, во градежен реон, со струја, вода, комуналии. Локацијата е секој според можностите. Ова заборувам за Скопје, нели, у другите градови е 2-3 000 евра плац.

    За да се измени ГУП или ДУП, има процедура, а секако почнува од граѓаните. Поднесете барање од поголема група на граѓани од тој дел и барајте промена на ДУП. Барем тоа оди брзо.
     
    Последна измена: 6 јануари 2016
    На Eli23 и ines.h им се допаѓа ова.
  2. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Cka здраво ... Сакав да те прашам дали случајни праша ако имаш кредит како што оди процедурата или...?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Прашав, ми рекоа банката тоа ќе одлучи, имало опција самата банка да го покрие тој кредит, ама таму да прашам. Во банка ми рекоа (немам јас кредит ама ми треба за плац) дека можат да ми дадат и таков, и после и стамбен кредит, ама зависело од платата.

    Јави се во банката во која сакаш да го земеш кредитот, ќе ти објаснат како да го изведете тоа. Склучени се договорите со банките и запознати се со процедурите досега.
     
    На Eli23 и Independiente им се допаѓа ова.
  4. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам... имај убав ден :*
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    ска извини и јас да те прашам кога спомна плац , нели кажаа дека ќе има ефтини плацови во договор со општината за тоа дали знаеш нешто ? И ако дознаеш нешто друго те молам кажи ми
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Колку што сфатив, нека ме поправи некој ако грешам, ама идејата на министерството е опптините своите плацови кои ги имаат да ги продаваат по 1 евро квадрат почетна цена на лицитација. Зависи колку ќе се качува на лицитацијата, знам дека може да се отиде и до 16 евра вкадрат, зависи од локацијата. Целта беше да се обезбедат од општините плацови кои сметаат дека се добри за градба, да не мораш да купуваш од физичко лице по поскапи цени.

    Општините наводно прифатија, ама кои и кога ќе почнат, треба да следиш на нивните сајтови за општината закоја си заинтересирана. Мислам дека Општина Илинден беше што рекоа дека веднаш ќе почнат со продажба, нели пред некое време беа прогласени за општина со најбр развиток или нешто така :) Следи ги општините, има реални шанси за евтини парцели од 500 квадрати. Многу зависи од локацијата.

    Ако си надвор од Скопје, за 2-3 000 евра ќе си земеш плац, и ти треба после само кредитот за градба. АКо ти се свиѓаат плановите за куќи од Министерство за транспорт и врски, ги даваат готови, со целосна документација, па можеш да средиш и тоа без пари :) Мене тие не ми се баш убави, имам друга замисла за куќа.
    Плус се плаќаат комуналии, и други административни трошоци http://www.pravdiko.mk/odobrenie-za-gradba/ кои зависат од местото. Ако е Илинден, се супер евтини, ако е Центар се супар скапи.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    22.590
    Пол:
    Женски
    За проектот „Купи куќа за млади“ ќе може да се аплицира од утре.
    Заинтересираните граѓани може да ги поднесат апликациите во една од осумте банки што учествуваат во проектот – НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.
     
    На okcenzi и Cka им се допаѓа ова.
  8. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме во стопанска банка да прашаме и ни рекоа дека уште не се знаело ништо што како ќе биде со новиов проект... уште ништо не било договорено.само начнати биле некои точки ама точно ништо не се знае.
     
  9. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Вака ме интересира дали овај проект важи и во ваков случај, кај идните свекор и свекрва има спрат од куќа кој е легален меѓутоа истиот не е дограден значи е до фаза карабина треба малтарење, преградување, па паркети ламинати и фасада да се направи. Дали во овој случај би можеле да аплицираме оти нас не ни треба одобрение за градба заради тоа што спратот е веќе изграден меѓутоа внатрешно не е доправен а и то и те како кошта околу 20 000 - 30 000 евра заедно со фасадата. Ве молам ако некоја имам информација да ми кажи дали овој случај е доградба? Поздрав
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    На Independiente му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bibi 88

    Bibi 88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    а колку примања треба да имаш месечно за да ти одобрат?
     
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    не и верувам на државава
    чим отворено лажат за задолжително присуство од аврм за да има поеке луге на сликите од дешафката
    цела кредибилност пага у тоалет
     
  13. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Не е муабетот за овде, ама во АВРМ имаш потпишано формулар како активен барател на работа и со тој статус потврдуваш дека ќе учествуваш во сите кампањи, настани, работилници, случувања организирани од агенцијата. Тоа што собирите и работилниците се непродуктивни, без поента и губење време е друга работа.
     
  14. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Ова е за тие до 35 годишна возраст така?
     
  15. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Да
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Денеска еден колега ја плати првата делумна рата за станот, другиот дел гоплати државата преку проектот. Не форсираа толку за минатата канпања за стан, како оваа за куќи сега. Вчера прочитав дека секоја општина што ќе прави но ДУП со кои се предвидени над 100 куќи за градење, ќе добие субвенција за дуп-овите. Стварно не знам оти толку форсирање :)

    Јас уште сум во фаза барање плац. Банката ми рече дека нема да ми направат никаков проблем, ама мора да убрзам, до крај на година е ова.
     
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    а дали банката одобрува ако се има друг кредит ?
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Да, ама зависи колкав кредит. На пример, мене ми рекоа дека ке ми дадат потрошувачки кредит за плац, и после за куќа. Банката према платите ќе ти каже колку може да ти даде.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    значи пропага проектов за тие со минимална плата
     
  20. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    не пропаѓа зошто да пропаѓа, може со жирант да се среди...нас ни фалеа пари зш имаме друг кредит и ни рекоа со жирант
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.