Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купи куќа за млади - нов владин проект

Дискусија во 'Дом' започната од Independiente, 19 декември 2015.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Јас и мм сме заинтересирани за проектот бидејќи живееме во заедница, но има проблем. Куќата е препишана на мм ( заради одредени причини ) . И кога прашавме да ја префрлиме тие рекоа неможе мора да се продаде. Дали е заради данокот или? Некој нешто да не знае?
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.367
    Пол:
    Женски
    А за помлади истото важи или ? Јас и мм имаме по 20 год :) ни треба плац у Скопје , бидејки мм таму работи и патува секој ден , за да не патува баравме плац , но се многу скапи , а немаме толкави примања . :|
     
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    да
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.008
    Допаѓања:
    134.027
    Со сопственоста располагаш како сакаш. Никој не може да ти забрани да продаваш и подаруваш. Кој ти кажал дека не смееш да продаваш? АКо не е во сопственост на маж ти тогаш тој не може да ја продава.

    Проектот е за помлади од 35 не за постари. Проект за млади е. Значи, барем едниот да е помлад од 35, вие сте тамам.
     
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.367
    Пол:
    Женски
    Фала на објаснувањето :*
     
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Proektot vazi za mladi koi imaar do 35 god ili pomalku od 35 pa zatoa smetam deka dokolku nekojsaka da gradi kukja najprvo treba da ima svoj plac i elaborat
    Plan , pa treba da ima dozvola za gradba . Pa da izbere firma koja ke mu ja gradi i na kraj banka vo koja ke go zeeme kreditot.
    A dokolku saka da kupi stan so istiov proekt Direkno izbira Firma ili prodavac na stan i banka ..
    E sega ima kredti od 10000 , 20000, 30000 , 50000 € za podetalni informacii vo podracna edinica na min za finansi za imotno lravni odnosi opsrinaata vo koja ziveete
    I uste nesto platata koja ja zemate vie i bracniot drugar ne smee.da bidw pogolema.zaedno od 1500 € a dokolku raboteye sam ne smee da vi bide pogolema od 900 €
     
    Последна измена: 26 февруари 2016
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    овој проект е само за кука , не за стан
     
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Па кога имаше презентација на проектот во нашиот град тие така ми кажаа
     
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Jas prasav vo Min za fin. Mi rekoa deka vazel i za stan zatoa i ki dadoa obrazec so primer za isplata na ratite.zatoa pisav
     
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    некој што е подетално упатен нека пише дали стварно важи за стан?
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Pa neli Vladata imase prethodno proekt " KULI KUKJA KULI STAN" ZASTO ZA BEGO NE APLICIRAS AKO VEKE SAKAS STAN ?
     
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    20160226_164046.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    20160226_164126.jpg
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.008
    Допаѓања:
    134.027
    Два различни проекти се, бираш кој ти одговара. Едниот е веќе стар, но уште може да се аплицира за него и се вика Купи куќа, купи стан, а овој, новиов е само Купи куќа. Сам си бираш проект.

    И за стан, имаш опци дали да ти дадат кеш за учество или да ти плаќаат дел од ратата. Поисплатливо е куќа, ама секој според желбите и потребите.
     
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    неколку членки на форумов мн ги измешаја , како прво знам дека се два проекти , од кои едниот е стар проект Купи кука купи СТАН , а новиов е САМО ЗА КУКА! И јас упорно кажувам дека вториов е само за кука додека една членка вика дека било и за стан , прашав доколку некој што е пооупатен да одговори ( дека јас сум во право) друга членка ми вика да сум аплицирала за стан од стариот проект , и патем постира лисја ,а овде има многу линкови постирано од други членки со истото образложение ... аманте бе читајте поубавоо , разлисте те ја темава пред да тропате глупости , како жени на селска чешма ,рекла кажала , чула не разбрала , капацитетот активирајте го малку! ОВАА ТЕМА Е НАМЕНЕТА ЗА НОВИОТ ПРОЕКТ КУПИ КУКА ( стан нема никаде ) линкови имате колку сакате поназад ,за секакви информации!
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ece1279

    ece1279 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ima nekoj seriozna clenka sto aplicirala,jas sum u proces so dokumenti I u pregovori so gradezna firma I sea mi treba nekoja clenka za razmena na informacii ako ima takva neka pise☺
    Izvinete od mob sum
     
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Дајте мислење за градежни фирми , на интернет ништо особено нема,мислам само адресите и името на фирмата,некоја сериозна фирма притоа да видиш слики односно да видиш што и како таа фирма работи нели на дело па после да ангажираш некој да ти крши стар кров????
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.008
    Допаѓања:
    134.027
    Одете на саем, денеска почнува. Се ке има.И од министерството за проектот, и градежни фирми, и проектантски бироа, и општини кои продаваат парцели.
     
    На okcenzi, Bellona и ines.h им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Би одбрале ли да дојдете до дом преку „Купи куќа за млади“?

    Размислувате за нов дом?

    „Купи куќа за млади“ е проект кој го реализира и нуди владата со низа можности.

    Според информациите на надлежните речиси 1000 семејства покажале интерес и аплицирале за свој дом преку вата модела субвенција на рата и учество од проектот „Купи куќа за млади“.

    Колку можете да заштедите преку проектот „Купи куќа за млади”?

    Пресметките покажуваат дека преку проектот „Купи куќа за млади” може да се заштедат и до 33 000 евра, тврдеа надлежните при презентациите на податоците.

    Граѓаните кои ќе се одлучат да бидат дел од проектот „Купи куќа за млади“ можат да избираат меѓу две опции.

    И тоа 100 отсто субвенционирање на учество, за кредит од 50 илјади евра, односно неповратната помош од 12.500 евра и варијантата за субвенционирање на 80 отсто од месечната рата во период од 8 години и 50 отсто во следните 3 години, што е помош од 6.500 до 32.500 евра без обврска за враќање на парите.

    За помала куќа до 100 квадрати, потребен е кредит од околу 30.000 евра. За кредит од 30.000 евра од прилика доаѓа месечна рата којашто се движи околу 200 евра месечно. Тоа значи дека првите осум години, граѓанинот ќе плаќа само 20 отсто, односно 40 евра месечно, додека Владата ќе ги плаќа останатите 160 евра, односно до вкупната месечна рата од 200 евра.

    Вториот модел е ако граѓанинот нема пари – готовина, како учество за да добие кредит во банка. На почетокот се даваат тие пари, значи Владата во тој случај 100 процентно го обезбедува учеството.

    Услов е апликантот да биде на возраст до 35 години (важи и за луѓе со полни 35 години), насвое име да нема друг стан или куќа (во брачна заедница ова важи за двајцата брачни другари). За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.

    Инаку, за реализација на проектот „Купи куќа за млади” општинните во наредните неколу месеци на продажба ќе нудат изградба на куќи со почетна цена од едно евро за метар квадратен.

    Овие подготовки следат откако Владата предложи финансиски да ги поддржува општините во спроведување на проектот. Таа ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, посебно оние кои ќе обезбедат 100 и повеќе локации за куќи и тоа преку Програмата за рурален развој.

    СИТЕ ДЕТАЛИ: Kако да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“

    „Купи куќа за млади“ е наменет за млади до 35 години .

    Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот, односно Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.

    За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:

    – Да нема повеќе од 35 години,

    – Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката,

    – Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат помали од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде помала од 900 евра,

    – Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар

    – Да нема подигнато друг станбен кредит

    – Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година).

    Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна: Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува, треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски, да извади градежна дозвола, да склучи преддоговор со градежник изведувач и да поднесе апликација во банка

    Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“.

    Субвенција на учество преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на целото учество (25% од кредитот). Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.

    Дополнително се заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.

    Преку моделот Субвенција на рата граѓанинот може да ја користи поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.

     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @Cka а колку треба да е минимална плата да речеме за поединец?
     
    Последна измена: 7 август 2016