„Купи куќа, купи стан“ - како проект на Владата, се проширува. Сега со предлог измените на законот, во вој проект ќе може да се вклучат и оние кои имаат примања до 1300 евра, како оние кои веќе имаат наследено мал дел од имот. Би сакала да ги коментирате вашите искуства со овој проект. Има ли феминки кои веќе го искористиле овој проект, како ид процедурата?
според мене проектов е доста манлив, ретко кој се решава на ваков чекор, може лесно да си ставиш здрава нога во трн-што рекле постарите. повеке е розова реклама, отколку убава реалност и решение...мене не ми се допаѓа како е смислен, мислам дека условите за проектов и постапката не се баш такви какви што им се презентираат од страна на владата. треба убаво да се размисли пред да се одлучи за ваков чекор.
Баш пред некој ден помислив да побарам на форумов тема за ова ама изумив . Според мене ова е доста добро и корисно, но само незнам дали е така како што кажуваат. Ако е така, без никакви далавери, сокриени работи кои подоцна ќе испливаат на површина тогаш супер. Голема шанса е за обезбедување кров над глава.
Во другите градови можеби повеќе ќе може да се користи, ама во Скопје, тешко убав стан за 900 ерва квадрат. Затоа сакав да прочитам и коментари од луѓе кои веќе ја искористиле оваа субвенција.
^ Една моја братучетка зема стан во Ѓорче преку овој проект. За 900 евра можеби не можеш да најдеш во некоја од поатрактивните населби, ама се наоѓа ете во Ѓорче, Кисела Вода, мислам дека има и во Ново Лисиче, што се ок населби. Според мене и не е во ред да бара некој субвенции за стан во Центар или други поатрактивни населби. Живеењето во Центар сепак е луксуз. Мене идејата ми се допаѓа. Опфаќа група на граѓани кои не се со претерано ниски примања, но не се ни со високи. Без ваква помош можеби би се одлучиле на ваков чекор, но би им било многу потешко. Ми се допаѓа и тоа што сега го проширија, колку што разбрав да имаат право на субвенции и оние кои имаат стан но сакаат поголем. Имам неколку пријатели на кои родителите им имаа купено мали станови од по 30-40 квадрати, и за почеток им беа супер, ама потоа откако им се родија по две деца им стана навистина тесно. Со ваква помош многу полесно би успеале да купат поголем.
Ај некоја поупатена да ми каже има посебно одредени кои станови може да се купуваат,може ли веќе користени станови или мора нови,мора ли од некој инвеститор да е?До која цена за квадрат и има ли одредено колку најмногу може да е голем?
Значи џабе и проектов на владата, кога ни булдожер не ги руши цените на становите во Скопје! Код: Мислам дека цената во Скопје од 900 евра до 1.200 евра на атрактивните локации е нормална за македонски услови, изјави Чифлиганец. http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=35525 Значи ако сакаш да земеш стан од овој проект, ќе треба да ја гледаш цената на м2 на земјата односно станот, а не локацијата, затоа што се што е добра локација, почнува од 1000евра м2 , па нагоре. Вака беше и во Португалија пред да ги фати економска криза. Таму банките го кредитираа населението со поволни кредити за скапи станови.Кога пазарот на недвижнини се засити, кога парите на народот и банките почнаа да секнуваат, паднаа и цените на становите во Португалија, ама сега веќе нема кој да ги купува. Да не биде и кај нас исто. Сепак и 900 евра е многу, бидејќи тоа доаѓа околу 1800 некогашни германски марки за м2....која пара е тоа?!
Ме интересира дали со оваа мерка се дозволува купување на стан во градба, кои услови треба да се исполнат за одобрување и колкава е субвенцијата ?
Dali se ovaj proekt moze da se kupuvaat i stari stanovi ili pak samo novi vo izgradba?I vo vrska so plakanjeto na koj nacin se presmetuva kolku bi iznesuvala mesecnata rata(znam deka toa bankite pri apliciranje go kazuvaat tocniot iznos)no dali moze i nie sami da presmetame?Fala
На страниците на банките има кредитен калкулатор (пример на страната на Комерцијална банка). Можеш се точно да си пресметаш
Ја утнав темата претходно прашав кај купи куќа ме интересира за стан ако е некој поупатен, која опција е подобра ако дадеме 6-7 илјади евра учество за стан до 30 илјади евра максимум? Постарите станови тука се по 600-700 евра квадрат.
Направиси математика со помош на кредитен калкулатор што го имаат банките на веб страна, мене повеќе ми одговараше учество бидејќи немав кеш.
Стар стан не оди со проектот, со рати се добиваат повеќе пари. @S.Snezana да уште може да се аплицира.
Не нема барања за двајцата да се вработени, доколку едниот е кредитоспособен согласно проценката на банката. Односно ако едниот има доволно голема плата за да добие кредит не е битно дали другиот е вработен, секако може да се оди и со жиранти.
Dali uste postoi ova , dali nekoja od vas ima iskustvo, sakame da kupime stan ... kako odi , sto kako kade uslovi ... ve molam za iskustvo
Постои. Сите информации ги имаш тука: http://kupikukakupistan.gov.mk/ Или тркни во банка, ќе ти објаснат се' што те интересира за 5 минути