1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купи куќа купи стан -проект на Владата

Дискусија во 'Дом' започната од fighter, 16 февруари 2014.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    „Купи куќа, купи стан“ - како проект на Владата, се проширува. Сега со предлог измените на законот, во вој проект ќе може да се вклучат и оние кои имаат примања до 1300 евра, како оние кои веќе имаат наследено мал дел од имот.


    Би сакала да ги коментирате вашите искуства со овој проект.
    Има ли феминки кои веќе го искористиле овој проект, како ид процедурата?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    според мене проектов е доста манлив, ретко кој се решава на ваков чекор, може лесно да си ставиш здрава нога во трн-што рекле постарите. повеке е розова реклама, отколку убава реалност и решение...мене не ми се допаѓа како е смислен, мислам дека условите за проектов и постапката не се баш такви какви што им се презентираат од страна на владата. треба убаво да се размисли пред да се одлучи за ваков чекор.
     
    На Radiolog и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден помислив да побарам на форумов тема за ова ама изумив :D .
    Според мене ова е доста добро и корисно, но само незнам дали е така како што кажуваат.
    Ако е така, без никакви далавери, сокриени работи кои подоцна ќе испливаат на површина тогаш супер.
    Голема шанса е за обезбедување кров над глава.
     
    На Radiolog му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во другите градови можеби повеќе ќе може да се користи, ама во Скопје, тешко убав стан за 900 ерва квадрат. Затоа сакав да прочитам и коментари од луѓе кои веќе ја искористиле оваа субвенција.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    137.133
    ^ Една моја братучетка зема стан во Ѓорче преку овој проект.

    За 900 евра можеби не можеш да најдеш во некоја од поатрактивните населби, ама се наоѓа ете во Ѓорче, Кисела Вода, мислам дека има и во Ново Лисиче, што се ок населби. Според мене и не е во ред да бара некој субвенции за стан во Центар или други поатрактивни населби. Живеењето во Центар сепак е луксуз.

    Мене идејата ми се допаѓа. Опфаќа група на граѓани кои не се со претерано ниски примања, но не се ни со високи. Без ваква помош можеби би се одлучиле на ваков чекор, но би им било многу потешко.

    Ми се допаѓа и тоа што сега го проширија, колку што разбрав да имаат право на субвенции и оние кои имаат стан но сакаат поголем. Имам неколку пријатели на кои родителите им имаа купено мали станови од по 30-40 квадрати, и за почеток им беа супер, ама потоа откако им се родија по две деца им стана навистина тесно. Со ваква помош многу полесно би успеале да купат поголем.
     
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Ај некоја поупатена да ми каже има посебно одредени кои станови може да се купуваат,може ли веќе користени станови или мора нови,мора ли од некој инвеститор да е?До која цена за квадрат и има ли одредено колку најмногу може да е голем?
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Значи џабе и проектов на владата, кога ни булдожер не ги руши цените на становите во Скопје!

    Код:
    Мислам дека цената во Скопје од 900 евра до 1.200 евра на атрактивните локации е нормална за македонски услови, изјави Чифлиганец.
    http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=35525

    Значи ако сакаш да земеш стан од овој проект, ќе треба да ја гледаш цената на м2 на земјата односно станот, а не локацијата, затоа што се што е добра локација, почнува од 1000евра м2 , па нагоре.
    Вака беше и во Португалија пред да ги фати економска криза. Таму банките го кредитираа населението со поволни кредити за скапи станови.Кога пазарот на недвижнини се засити, кога парите на народот и банките почнаа да секнуваат, паднаа и цените на становите во Португалија, ама сега веќе нема кој да ги купува.
    Да не биде и кај нас исто.
    Сепак и 900 евра е многу, бидејќи тоа доаѓа околу 1800 некогашни германски марки за м2....која пара е тоа?!
     
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали со оваа мерка се дозволува купување на стан во градба, кои услови треба да се исполнат за одобрување и колкава е субвенцијата ?
     
  9. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Dali se ovaj proekt moze da se kupuvaat i stari stanovi ili pak samo novi vo izgradba?I vo vrska so plakanjeto na koj nacin se presmetuva kolku bi iznesuvala mesecnata rata(znam deka toa bankite pri apliciranje go kazuvaat tocniot iznos)no dali moze i nie sami da presmetame?Fala
     
  10. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    На страниците на банките има кредитен калкулатор (пример на страната на Комерцијална банка). Можеш се точно да си пресметаш
     
    На sunshine-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.372
    Допаѓања:
    38.234
    Пол:
    Женски
    Ја утнав темата претходно прашав кај купи куќа :D ме интересира за стан ако е некој поупатен, која опција е подобра ако дадеме 6-7 илјади евра учество за стан до 30 илјади евра максимум? Постарите станови тука се по 600-700 евра квадрат.
     
  12. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
  13. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Направиси математика со помош на кредитен калкулатор што го имаат банките на веб страна, мене повеќе ми одговараше учество бидејќи немав кеш.
     
  14. S.Snezana

    S.Snezana Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    1.624
    Пол:
    Женски
    Dali ima nekoj informacija dali seuste moze da se aplicira za proektot kupi kuka kupi stan?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Стар стан не оди со проектот, со рати се добиваат повеќе пари.

    @S.Snezana да уште може да се аплицира.
     
    На S.Snezana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lara 27

    Lara 27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Дaли двaјцaтa сoпружници требa дa се врaбoтени кaкви се бaрњaтa
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Не нема барања за двајцата да се вработени, доколку едниот е кредитоспособен согласно проценката на банката. Односно ако едниот има доволно голема плата за да добие кредит не е битно дали другиот е вработен, секако може да се оди и со жиранти.
     
  18. Lara 27

    Lara 27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Фaлa ќе прaшaм јaс вo бaнкa
     
  19. Duomna

    Duomna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Dali uste postoi ova , dali nekoja od vas ima iskustvo, sakame da kupime stan ... kako odi , sto kako kade uslovi ... ve molam za iskustvo
     
  20. Acid

    Acid Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Постои. Сите информации ги имаш тука: http://kupikukakupistan.gov.mk/
    Или тркни во банка, ќе ти објаснат се' што те интересира за 5 минути :)