Има некој апдејт на прирачникот од 2021? Некоја информација за годинава? Гледам слабо низ интернет, а ме интересира. Ако излезе нешто тагнете ме. Едит: еве што најдов на страната на слободен печат.
Барем нешто да има, куќа куќа не е битно многу од младите немаат опции за станбени кредити и сл со ова колку толку ќе се помогне
Со оглед на цената на плацовите, не би рекла дека на тие што живеат во Скопје ќе им се помогне Испод 100 евра м2 нема во приградските населби.. Плус комуналии, плус градба, плус мебел, плус ограда ете ти 120.000 евра како ништо
Сакав да ве прашам што се случува со проектов, знам дека стапил повторно на сила, какошто слушнав од познаници но условите за ова стварно се нереални. Во ред тоа да исполнуваш дека не зимаш над 900 евра плата (за сам) но што е со тоа дека треба да најдеш стан до 900 м2, невозможно е... Цените не се сега испод 1500, многу ретко. Дали има некој што воопшто успеал на овој начин да си купи стан да ми пише во ЛП да прашам нешто?
И да е сеуште на сила, овој проект е тешко сра*е. Стан за тие пари во Ск. нема. Па и во добар дел од останатите градови.
Сериозно, прочитавте ли некаде дека треба станот да биде до 900 еу и каде, или ви кажала на комшиката брат за снаа дека е така?
Така стои во прирачникот на страната на мин. за финансии и знам повеќе луѓе кои ја користеа мерката и го потенцираат истото. Ако има промени кој може нека прати линк, баш било супер. Сликава е на брзина направена од екран но може секој да го отвори прирачникот.
Значи го смениле за да не може никој да земе. Иначе кај кога земав беше дека до 900 евра плаќаат процент, ако купиш над 900 евра квадрат за тие пари не покриваат процент. На пример тогаш квадратот беше 1200 евра, зимаш субвенција за 900 евра, и првите три години владата плаќа 60% за тие 900 евра, ти сам плаќаш рата за остатокот. А многу знам што платија на изведувачот кеш за разликата и во договор ставија 900 евра. тоа беше пред 8 години, кога сите што аплицираа земаа кредит, само што беше ужасно долго со спремање документи, над 20 документи треба да однесеш. Ова е за жал со намера никој да не земе кредит со субвенција. Не знаев дека вака смениле. Иначе, еве јас имам кредит и мене ратата ми беше многу мала, сега поголема со тек на годините, ама над 100 евра не сум платила. Можда таму на крај ќе дојде 200 евра да плаќам месечно. Не знам некој да го одбија со уредни документи.
Така е, оваа мерка скоро и неможе да се користи за стан. Освен за некој друг град иако се сомневам и воопшто дека има некаде за толку пари по квадрат.
Во нивниот прирачник стои, ништо измислено. Затоа и пишав Јас не знам дали воопшто е можно ова да е волку ниска цената што они ја покриваат дури почнав да размислувам да барам стан во изградба но и тогаш нема да е толку м2.
Секогаш беше 900 евра, со тоа што ако е над 900 сам си ја плаќаш разликата. Или се договараш со фирмата да е 900 евра цената на хартија а ти да ја доплатиш разликата Ама јас во април-мај кога прашував во банка ми рекоа дека не примаат барања. Дали поради изборите или ја стопираа мерката бидејќи буџетот беше каков што беше - не знам. Меркава е едно 10 години, секогаш беше 900 евра.. Арно ама становите се покачија, а мерката остана во минатото. Се сомневам дека воопшто некој земал во 2024..
Да, ама ете сега нема за разликата измеѓу, смениле се. Меркава е 10 години, не знам зошто сега не функционира.