1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купохоличарката во странство (Софи Кинсела)

Дискусија во 'Книги' започната од RedDevilGirL, 10 март 2011.

  1. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Штотуку ја прочитавте и вративте на полицата Тајниот свет на една купохоличарка, но не се заситивте од приказната? Па кој и дали воопшто некој успеа да се засити од "глупостите" на оваа прекрасна, позитивна девојка која живее за да купува...

    Сакате да прочитате уште, чувствувате дека има уште многу работи кои треба да ги дознаете за Беки? Па што чекате, почнете со Купохоличарката во странство.

    Дали патувањето ќе ги прошири видиците или само ќе го испразни паричникот?! Во вториот дел Беки добива можност да оди да работи и живее во Њујорк. Градот на модерната уметност, тооооооолку музеи. Гутенхајм, Метрополитен опера...

    И Беки има намера да го посети сите, најсериозно, да, да.

    Единствено што изгледа дека е баш глупаво да не види прво некои други познати места. Како што е Сакс. И Блумингдејлс. И Барнис. Сите тие стоковни куќи. И некоја од оние неверојатни распродажби каде што можете да најдете Прада фустан за 10$, или пак беа 100$? Дали Беки ќе стане доволно присебна за да се грижи за такви ситници?

    Покрај шопинг приказните на оваа купохоличарка, оваа книга има и многу убав, интересен романтичен елемент. Но нема да Ви откривам повеќе, прочитајте ја и уживајте. Јас веднаш продолжувам со третиот дел, тоа е сигурно....

    Ах да, во сабота одам да купам уште некој пар чевли... па тоа е инвестиција, нели Беки?
     
  2. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Во некои моменти си се пронаоѓам во ликот на Беки :$ :D Ми се допаѓа крајот на книгава и никако да најдам време да го прочитам и следниот дел :(
     
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Ја гледав книгава пред некое време и ми се чини интересна , планирам да ја читам
     
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Како што веќе реков и во претходната тема, книгата ми се допаѓа, лесна чик литература. Ја препорачувам на сите кои имаат повеќе слободно време.