1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купохоличарката се мажи (Софи Кинсела)

Дискусија во 'Книги' започната од RedDevilGirL, 10 март 2011.

  1. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    СТОЈ! Ако не сте ги прочитале првите два дела СТОЈ, СТОЈ, СТОЈ!

    Да, можеш да ја читаш оваа книга иако ги немаш прочитано претходните два дела, Софи убаво те воведува во целата приказна, но зошто да си го скратиш уживањето и да си го расипеш задоволството.

    Па ова е приказна која трае и што е најдобро не завршува овде, се очекува и четвртиот дел од приказната набрзо да добие македонски превод, а сите 5 дела можеш да ги купиш на англиски доколку не ти пречи да ги читаш без превод. Затоа, силно препорачувам да ја почнеш оваа приказна од почеток со Тајниот свет на една купохоличарка, па преку вториот дел Купохоличарка во странство да стигнеш до тука.

    Верувај, нема да зажалиш.

    Доколку ја сакаш Софи, доколку сакаш смеа до солзи не смееш да ја пропуштиш целосната приказна на Ребека Блумвуд - Купохоличарката која купува без усул иако има долгови во сите банки, која не може да одолее на добро парче облека, чанта или чевли.

    Накратко само да те воведам во приказната, нашата Беки реши да застане на лудиот камен... Но дали Беки би била Беки доколку не би направила милион сплетки и глупости? Секако дека не! Беки треба да се мажи, а на неа е да одлучи... Свадба во својот роден крај, со сите најблиски, на отворено во својот двор кој нејзините родители со месеци го подготвуваат за големиот ден или пак... Плаза, сонот на секоја девојка од Њујорк кој тежи повеќе од неколку стотици илјади долари, а е овозможен од свекрвата на Беки која таа се обидува, но не може да ја поднесе...

    А како да одлучиш, секако дека не можеш да кажеш не на своите родители кои сите свои заштеди ги вложуваат во твојата свадба ниту пак на свадбата во стилот на „магичната шума“ во Плаза за која зборува цел Њујорк... Беки до последната минута не знае каде ќе биде нејзината свадба... а сите други знаат дека свадба ќе има на двете места....

    Ребека ќе те опседне, ќе запамтиш сѐ за неа, ќе се смееш на глас од нејзините глупости и испади и ќе ја сакаш како вистински да ја познаваш. Верувај, ова е патување и приказна кои не смееш да ги пропуштиш доколку си љубител на ваквите книги.
     
    На lola-86 и Elika им се допаѓа ова.
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Баш завчера почнав да го читам 3от дел,јас си ги читам на српски-Купохоличарка стаје на луди камен :D ,и јас сум за тоа да се прочитаат сите 5 дела.Беки е фантастична.Ова денес претставува библија за нас младите ;) јас ја ставам во -(Мора да се прочита).