Јас ги гледав последниве три епизоди, во петок околу 18 часот на Пинк. Емисијата е супер, мене ме релаксира ептен. Навистина не се преферира кич или слично. Во овие епизоди што ги гледав, жирито беше коректно, со издржани коментари и сугестии. Тоа со Карлеуша не сум го гледала. Емисијата е нешто во стилот на What not to wear Натпреварувачките се просечни девојќи со стил кој нормално треба да се корегира, и понекоја београѓанка со силиконски усни. Најкичеста е водителката.
Се сложувам во целост со Пеперминт за водителката. Инаку ниедна нејзина комбинација не ми се допаѓа. Се некои чудни , дури грди фустани одбира
^^ инаку на водителката и е стилист мажот од жирито (не ми текнува како се вика).. тој и ги креира тие грди фустани, кошули итн..
Игор се вика тој стилистот кој е член на жирито. Ако го занемариме фактот како водителката е облечена, јас би потенцирала колку само е непрофесионална во однос на водење на вакво шоу http://www.youtube.com/watch?v=4xHP9xGM ... re=related Ги третира девојките како на суд ...
Jас го имам фатено досега само еднаш, на Pink-15 бидејќи само тој го имам, на Телекабел сум Не памтам кој ден точно, знам само дека беше доцна навечер! И ова веројатно било некоја од репризите. Симпатично шоу за тепање време, се согласувам со сите кои рекоа дека потсетува на What Not To Wear!
Интересна ми е емисијата. Јас почнав редовно да ја гледам и тоа секоја недела во 13:45 часот на обичната пинк. Еве на оваа. http://www.rtvpink.com/
Интересна ми е мене емисијава. Си ја гледам кога ќе ја фатам на Пинк 15, ако не на youtube ги има повеќето емисии цели. Све е океј, све е супер, избираат девојки кои си имаат свој вкус и стил на облекување, само ужасно ми е глупо кога водителката се мисли џоа Бог е, па ќе се суди за секоја комбинација и си одредува сама кое парче да се фрли во канта, па ало побогу ти си само една обична водителка на такво шоу. Би било убаво да се коментира нејзиниот стил на облекување, кој ни најмалку не ми се допаѓа. До сега ниедна комбинација не ми се допадна, освен мислам дека беше првата која ја имаше облечено. Катастрофи. И не знам зашто, али во емисијава победуваат поубавите и пошмизести улала девојки, што не е репер ни за шопингхоличарки ни за девојки со вкус, али Србија је брате.
Еве за тие што не можат да фатат на ТВ . Последната еве ја , цела е , во неколку дела . Линк од првиот дел : http://www.youtube.com/user/HarborBar#p/u/4/1isb3Py1sFw
Јас ги гледам репризите во недела.Интересно е.Кој не би сакал да му дадат 500 евра за шопинг,па уште ако победи Од натпреварувачките имаше некои кои не им е таму местото.А таа водителката многу ме нервира,мисли дека она има право да коментира во врска со облеката на натпреварувачките,има таму жири кое е задолжено за тоа она само треба да ја води емисијата
Редовно си ја гледам емисијава,баш ми е интересна.Ја гледам секоја среда во 23 часот на пинк 15. Малку водителкава знае да биде ептен некултурна понекогаш со некои глупи коментари,а инаку концептот на емисијата ми е ок
И јас ја гледам, во среда во 23 часот на Пинк 15. Првите епизоди ми беа подобри, и кога имаа 30 000 за повеќе комбинации. Mногу се велукодушни што им можат со остантатие пари да си купат што нив им се допаѓа, но секај ајде и тоа некако поминува. И во првиот шопинг центар во Ушче имаше многу подобри продавници и подобар избор. Сега во овој трговски центар, незнам дали само мене ми изгледа така, ама буквално сите продавници каде влегуваат беа од кич до покич, ама скоро сите беа само за на Гранд парада. Незнам дали они си ги бираат специјално, ни мене не ми делува како да имаат голем избор на продавници. Во ушче имаше Манго, теранова, аксесорис и други, ако ништо друго барем добра облека си купуваа, а не овде се некои фустаначиња до пи*да во шљокица фазон ала Цеца. И се согласувам од сите таму водителката е мисс кичеста и преарогната за улогата која ја има и воопшто, како да е она из Париза, а врска си нема со животот.
Хипстер кој избор на продавници жити се кога и двете натпреварувачки одат во една продавница Не е да речеш избор имаш 2 продавници туку само во една одат ако си приметила добро. Таму само еден материјал има-сатен, ништо друго. И познатите нели имаат одредена сума, и тие одат во таа иста продавница. Кога ќе видиш од друга страна, на поклонет коњ заби не се гледаат. Ама порано кога им беа неколку продавници во Ушче како Аксесорајз, Алдо, мислам и Манго на располагање, беше многу подобро. А водителката.. една асална комбинација нема.
Во право си душица сум приметила се во истата продавница одат и ме чуди како еднаш не се облечеа исто па да се изнасмеам Сигурно има повеќе од тие 2-3 продавници ама се плашам да ни покажат друга, од сав тој сатен мафија да не паднам у кома! Ама не се само они криви, крив е тој што го бира трговскиот центар, ама и тоа што викаш, на поклонет коњ не му се гледа во заби Девојќите и не се толку мн кичести на почеток на емисија кога ќе заприметиш, ама на крај комбинациите им се тапа. И изборот сега во прошлата епизода за нова година Јас да би била на нивно место поарно гола ќе одам него такви кич фустани за изберам, па колку и да нема избор. Но сепак се е ствар на вкус, во Србија тоа е најголем тренд и хај фешн па сега .....
Па не знам дали во последнава или претпоследнава двете облекоа еден ист фустан и рекоа као овој е тој и после и двете го сменија. Договор гарант Идат во една продавница и така се рекламира, пак и таму има договор. Само многу е добро да биде реално тоа што нели имаат пари да се облечат и плус таа што победува добива пари, како викаат .. се што е гратис и бесплатно е всушност најскапо Ама пак е интересно да се гледа. Е и чудно ми е што скоро сите од 19-20 години се облакаат како постари. Сите имаат само штикли, шљокици, во лицата како 30 се Јас кога гледам некои си викам јас сум будала или они тетки се прават
Ја гледам емисијава а незнаев кога е редовниот термин, на Пинк 15. Иначе емисијава е многу интересна, ама таа водителката ептен ми е вештачка, со тие глупавите коментари.
И јас ја гледам редовно емисијава, интересна е. Жената што е во жири толку ми е отмена, секогаш скоцкана, права дама. Дава многу добри совети едноставно жената си ја знае работата.
Јас ја гледам емисијава многу ми е интересна , ама жирито некогаш е грубо или неподносливо убави работи фрлаат некогаш , еднаш беше Боки 13 во жирито леле како ме изнервирал , ма чоеков ништо не го бендисува што носат тие девојките што беа
И него никој не го бендисува, ама ете мислат дека ќе добијат на гледаност ако го викнат неговата „маленкост“, Бојан Боки 13. Последната емисија што ја гледав беше кога гостуваат Тијана, Гоца Тржан и Анабела, и нивните плакари и комбинации ги критикуваа девојки што претходно победиле во емисиите. Не знам дали и се погодува терминот „шопингхоличарка“ на Тијана, пошто не знам колку е, али во секој случај нејзиниот плакар содржеше многу, многу добри работи.
Јас гледав баш сабајлево на Пинк15 во 9 ипол/ Значи секоја недела во 9 ипол Јас не знаев за серијава, ама откако ми кажа другарка ми за неа, одма сакав да ја гледам ама некогаш не го фаќав терминот. Еве денес гледав, ама вчера па си гледав и малку на Јутуб Така да ако неможете да ја гледате на ТВ онда одете на Јутуб П.С. Водителката треба да си најде нов стилист, за нигде ја облекуваат! (Мислам дека овој Игор од жирито ја облекува, ама треба да го смени подхитно! )
Јас ја гледам редовно, не паметам да сум испуштила некоја среда Многу ми е интересна, сакам емисии од ваков карактер. Оваа водителкава стварно може да се облекува поубаво, оној Игор ме нервира каков е, како петарда да му пукнала во уста тој нашол да кажува за облекување, а се погледнал тој самиот? Инаку девојките ми се интересни, сакам да гледам што имаат по плакарите. Треба да има повеќе вакви емисии.