Купуваме чоколади, а немаме пари за леб

Дискусија во 'Политика и настани' започната од нина122, 27 јули 2021.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    13.476
    Пол:
    Женски
    Потикната од настаните кој се случуваа во предходниот временски период а верувам дека ова е долгогодишен децениски проблем за кој ниту една влада не се заложи да најде решение сакав да укажам
    и да продискутираме за проблемот со немање на вода со недели во селата во околината на Скопје, а верувам дека овој проблем е застапен и во другите градови... Постојано слушаме вести од типот "Град Скопје одвои буџет од неколку милиони евра за реконструкција, за поправка, за санација, за правење паркови, за правење нови тротоари итн." , а во исто време читаш статија од типот "Жители на Скопско Љубанци 10 дена немаат вода, селата од Скопска Црна гора веќе две недели немаат вода, жители на Долно соње со денови без вода за време на пандемија". И додека народот не може својте основни потреби за вода да си ги задоволи, при што ова е проблем кој со децении се провлекува градот односно државата наместо да инвестира во изградба на водоводна мрежа со што би се решил проблемот, постојано и постојано парите се трошат "недомаќински". Насловот на темата е симболичен односно зашто градот дава пари за изградба на паркови а во исто време луѓето немаат вода бидејќи истиот тој град не одвоил сретства за да им направи водоводна мрежа со што би им го решил проблемот..
    https://www.vecer.press/љубанци-без-вода-среде-корона-и-на-плус/
    https://skopje1.mk/archives/85683
     
  2. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Машки
    Наскоро водата нема да се пие од чешма ќе се користи само во земјоделство како во повеќето држави низ светот. Јавно зеленило треба да користи посебна вода но кога не може тоа можат автоматика да наместат да не се троши без потреба или кој стигне да наводнува јавно зеленило. Како и да е народот све плаќа
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.297
    Ќе мора.
    Сите предвидувања укажуваат на тоа дека за неколку децении ќе има недостаток за вода за пиење, на цела планета.
    Одамна веќе се премерени сите извори на вода на планетава.
    Вклучувајќи ја и Македонија.
     
    На Alex.T, Biny и TrinityNeo им се допаѓа ова.
  4. Londrina

    Londrina Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Иронија на денешницата.
     
    На Mnik, Ева33 и нина122 им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    9.575
    Пол:
    Женски
    samo ve4na neka je.
     
    На Mnik, Jana_♡ и elimkd им се допаѓа ова.
  6. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Војната за вода е почната само ние уште не сме сите свесни и информирани .нафтата ке биде поевтина од водата.Раденска продадена,Пелистерка продадена .изворите во малешевијата продадени на саудиска арабија,важна е провизијата .ама ако кој гледаа што ке биде за 5.10.20 години.
     
    На темјанушка, Mnik и Biny им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Проблем што постои децении.
    Кај мајка морав да ставам хидрофор на буре од 1 тон за да можеме да се искапиме преку ден. Тоа беше 2015 ,уште се дешава да нема денови вода ,да не може да се наполни бурето. За комшиите што не ставија не сакам да коментирам. Сега посебно ,жештини ,ти на три дена еднаш по полноќ да имаш вода... Срамота за 21 век . Зимно време ќе пукнеле цевките ,летно ,мн високо било не можела водата да накачи. Да не знае човек да плаче или да се смее....
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.863
    Пред некој недела известија дека скопската вода е у ризик од депонијата, ама засега не било страшно и не прават ништо за тоа. Така што кога ќе се оболиме, ќе направат нешто. Дотогаш, не пијте од водата, не знаеме кога ќе се помеша со депонијата, а јас со сиот ризик наводнивам со неа, не можам да купувам и за тоа вода.

    Битно 500 000 евра за прослава на рамковниот...
     
    На Ева33 и BlackNight им се допаѓа ова.
  9. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.600
    Целата инсталација за дистрибуција на вода до домовите е дотраена. Не дека до сега пиевме квалитетна вода. Сега само дополнително ќе се контаминира.Инаку кога сме кај наводнувањето, немате хидрофор? Сметам дека тоа ви е најдобро решение, секако доколку постојат односно имате услови за такво нешто.
     
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    За ова никој не реагира, а е една од работите која мора да се реши и тоа ASAP! Ова е алармантно, ургентно и не смее да чека ни секунда повеќе, ама како дошла, така прошла веста, никој ниту следи, ни ништо и водата ќе си ја изгубиме. Имавме ретко квалитетна и питка вода за пиење и ја запустивме. Не гледам реакција никаква и од оние еко здруженија што рипаа за секое дрво исечено, нешто многу молчат на темава.
     
    На eliesaab, Cka и Осе им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Очигледно рипаа бидејќи биле на другата страна на оградата...
    А не за дрвата.
     
    На eliesaab, Cka и BlackNight им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    13.476
    Пол:
    Женски
    Да де, јасно е тоа, цела шума соголија на Водно, глас не им се слушна, 10 дрва ќе исечат во центар и ете ги на протест одма.
     
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Искочете на протести.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    9.763
    Пол:
    Женски
    Па баш прееска читав за едно Прилепско село без вода што живеат. Ни за пиење ни за бањање, за ништо. Основни услови за живот да се нема во 21ви век е жално.
    И после луѓето си оделе од тука. Па ќе си одат.
     
    На темјанушка, Осе и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.863
    Јас кај што живеам си донесовме приватна вода и нема канализација у 21 век. Улиците сами ги правиме со асфалт. Ама жена му на Наумче Мојсовски беше у Токио да се прошета.
     
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Пак сретнав статус на фб дека таму нема вода... Само по 23 часот ,во време на пандемија кога хигиената треба да биде на највисоко ниво ....
     
  17. Londrina

    Londrina Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Не е битно дали имаш, битно е да се покажеш...
    За жал скоро сите се со вакви лажни вредности.