Незнам дали има ваква тема, ако има слободно избришете Наслушав дека имало приватни средни училишта каде можеш да си платиш и да си земеш диплома. Знае ли некој нешто повеќе за ова?
Да има. Има и факултети исто. Исто и маж се зима, само освен пари и друго се дава. Магистерските исто се купуваат. Мозок уште не, ама има консултанти па изводливо е. Само треба да се сака, се се може.
И што ако купиш диплома ако немаш никакво познавање од областа за која ќе добиеш диплома? Да беше само поради земање на диплома немаше да студираме ќе си купевме и ние дипломи зарем не? Зошто луѓе не размислите малку пред да напишете нешто или да отворите тема? Овие што студираат и секој ден одат на предавања и на закажаните испити дегенерици да не се? Само вие сте најпаметни? Истото важи и за средните училишта. Убаво викаше баба ми памет на пазар не се продава, штета на многу луѓе им е потребно да си купат.
Зошто одма со лошо? Не прашувам за мене, си завршив јас моето. За од една соседтка синот сакал да оди Германија на работа ама му барале диплома, а детето само три години одеше средно.. ако сакате кажете помогнете ако знаете, ако не немора ништо
Јас не знам зошто се обидувате да им помагате на такви? Сигурно не е мал може сам да си се распраша каде се купуваат дипломи. Да е паметен ќе се распраша дали постои можност да полага, ќе си положи доколку има можност бидејќи познавам луѓе кои си полагаа и си ја земаа дипломата со 4 години (иако насоката им била со 3 години). Значи тука станува збор само за полагање за таа последна година која му недостасува. Епа требало на време да мисли.
Незнам што се чудите, кога купувањето диплома е јавна тајна? И на државните универзитети го има, за приватните да не збориме. Нели пред некој месец излезе скандалозна изјава дека 5000 евра чини диплома со 180 кредити од Факултетот за туризам ? Па после се чудиме зошто ништо не е како што треба во целата држава. Одиш на лекар, незнеш кој ќе те прегледа и дали купил диплома или навистина ја стекнал со знаење.
Ова!!! И плус сигурно со причина бараат диплома за 4 години. Ама не, само ние од Македонија сме препаметни и ни текнало да купуваме дипломи.
Не е за мене, за братучед од трето колено по прабаба ми е Кој прашуваше пред ден-два за купување дипломи од медицина? Се стресов кога прочитав Поубаво е кога вакви работи се јавна тајна, ама сепак тајна. Кога прочитате на форум дека некој бара да купи диплома од медицина
Кога испадна Законот за администрацијата , дека треба при унапредување или конкурирањеда меѓу другото да се приложи и диплома од Булатс или ТОЕФЛ, масовно се купуваа дипломи со албански печат. Доволно беше да приложиш само интернационален извод од матична книга на родени.
Ние напредуваме во секој поглед па и во овој очигледно. Некогаш помислувам дека јас сум дегенерик во оваа држава , а не таквите кои купуваат дипломи.
Завршив јас скоро и јасно ми е дека не вредело да се трудам бидејќи паразитите што купуваат дипломи ни го јадат лебот. Единствено вредеше за лична сатисфакција и да ти се отворат очите за да знаеш што те чека во животот.
@RAF Camora ,,тие,, што купија дипломи си го ,,товарија магарето,, Баш им е фино. Без тронка грижа на совест се сместија на убаво. Си земаат плата. Пак ќе отидеш да се тропнеш на нивана врата за да побараш помош за да се заврши некоја обична работа. Па ти види кој е будала Изместени се вредностите. И не само тоа, туку и се вкоренија кај нас. Секој го бира НАЈлесниот пат. Не е за оправдување, напротив треба да се санкционираат таквите. Поточно кажано-да се избркаат од работа. Да се направи место за децата кои вложија труд и се полни со знаење.
Не му треба струка туку општо колку да има. Итно му е, јас слушнав нешто можело така не боли да прашаш..
Лошо е што тие со купени дипломи ќе се пикнат во фотелја, а тој што учел ќе си остане со прстот во уста.
Многу луѓе се бунат и им смета начинот на кој е организирана државава, неуките лекари, неуката администрација и ред други работи. Во право се, ама истите тие луѓе во прва прилика би купиле диплома. Која иронија....