Абсурдно е да платиш огромна сума на пари за диплома кога во тој пакет не се вклучени мозочни клетки доволни барем за просечен коефициент на интелигениција...
Ако веќе имаат диплома и не се вреднувани како што заслужуваат нормално дека ќе се бунтуваат !!! @Vitaly ако веќе имам диплома зошто би купила нова ,,прва прилика,,? Не ќе правиме колекции дома !?
Поентата ми беше за луѓе без диплома на кои им смета се во државава, купија диплома, се вработија и сега се им чини. Познавам најмалку двајца такви. Не реков за тебе или некој кој учел за диплома.
Мене тоа не ме кошта ништо, јас лично не в Не е мое да прашувам, ми побараа помош се трудам да им помогнам. Толку.
Има многу луѓе што имаат и работат со купени дипломи. Лично јас познавам 3 случаи,и си работат и во тоа добро стоечи фирми. И замислете,они имаат само 8 одд.а работат како средно економисти
Можеби ќе бидат успешни оние што купуваат дипломи, но нема да им бидат ни до колена на оние што самите се борат за својот успех.
Божем којзнае колку е тешко 10 предмети вонредно да ги земе, да прочита по 10 страни од секој еден. За факултет имам слушнато за купување дипломи, за од средно прв пат слушнам сеа.
Го знаеш Зоран од К15? Брат му на Горан. Епа тој продаваше дипломи, ако сакаш да го исконтактираме. Ти ја гледа фацата и одма знае што треба да бидеш кога ќе пораснеш. Секако ќе купувате за средно, па може попуст ќе ви даде и за факултетска диплома... Ајде доктор да го правиме синот на соседот
@Мејз во било кое средно да отиде ќе може да дополага вонредно уште една година, само треба да му одговара со тоа што го има за да бидат помалку предмети. Околу 1000-2000 денари мислам дека е предмет.Вонредно лесно се полага, а ако му е толку итна дипломата може и да ја ,,убрза'' постапката. За вакви работи треба да отиде во соодветно средно и да се распраша кај службата, не можеме ние на форум да знаеме колку ќе му ја испазарат дипломата..
Sto se bidalev jas da ucam za vtorava trebase da ja kupam hehehehehe eve uste dva Predmeti I ke imam dve heheheh koj e kako mene ako nekoj saka ke mu shitnam Edna heheheh
Еден куп купуваат дипломи, никој не зборува за тоа. Како некоја урбана легенда е. И мене ме интересира, каде и како се прави тоа? Еве, ако некој знае, нека пише тука. За моралноста џабе се расправаме, ако никој не пријавува тоа што го знае. Ни овде никој не пишува, не па да пријави. Па после, не чинела државата. Ајде, кој знае, што знае, за кое школо/факултет знае?
Па нели ФОН затоа го затворија?Или сум грешка? Он топик: Не треба да се чудиме,ова не е ништо ново.Таква државичка сме си ние.За преварантски работи прва класа.Први на Балканот според мрзоќа.Утре да ти е страв да идеш на лекар,детето да си го пратеш на школо и слично.Секако,тука останаа само мал број на интелегентни луѓе.Паметните одамна си заминаа.Тоа се гледа уште од авион.Секој ден повеќе одиме надолу како држава и секогаш некој друг е крив.Како и да е,тука,за пари се ќе се направи.