1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување диплома

Дискусија во 'Образование' започната од Мејз, 1 јуни 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Неќам да ти одам контра, genuenly се заинтересирав :rofl:
    Спремна за трач рубрика бев :rofl:
     
    На Scott Weiland и GirlRose им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    100% сум сигурна дека некаде на форумот прочитав нешто лошо за ФОН.Дали ги продавале дипломите не се сеќавам или дека бил затворен заради тоа.Секако добар дел од приватните факултети се како продавници.Дипломите само ги продаваат.Ме немаше доста време на форумов и сега тешко разликувам дискусија од карање.Оти гледам модерно дека е само да се препукуваат.Се извинувам тогаш :D
     
    На SummerGirl и DAngel им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    Дај кажете диплома кај се купува, се отепав од учење и факултетот не можам да си го завршам. А многу мои колешки врска од животот си немаа и ене и диплома и се си имаат
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Ти е гајле. Си се збунила лошо си разбрала голема работа на секој може да му се случи. Нема потреба да му се правдаш на никого. Уживај си и не се замарај со глупости. :)
     
    На SummerGirl и GirlRose им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    Значи ние обичниве смртници што се отепуваме од учење сме глупи, кога можел некој фино лепо да си ја купел дипломата и чао пријатно. |( Абе...
     
    На Feminka22, CaraMia, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    @GirlRose, нема такво нешто, ФОН си работи колку што знам :) Најверојатно си прочитала некој од познатите саркастични муабети за универзитетов, дека многу студенти таму практично си ја „купуваат“ дипломата (не буквално како прашањето во темава, одат на факултет ама во смисла со парите што ги даваат за целото студирање).
    И има доста вистина во ова, моја познаничка која студира таму сама си се зафркава дека не паѓаат ни по скали на факултет :D иако секако не генерализирам дека има и по приватните факултети паметни и креативни луѓе што сериозно си го сфатиле факултетот, посебно стипендистите.
     
    На CaraMia и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    ^Како што реков,можно е да е грешка.Додека кај нас приватните школи се синоним за купување дипломи,Американците се први да си ги запишат децата во приватни школи,пошто повеќе вредат.На нас ни е разрушен системот.А,и купување диплома и учење на памет ми е исто.И двете никогаш нема да му послужат на човекот.Според мене,секој е надарен за нешто.Само треба да открие.Ама кај нас сите се залетани да се доктори.Па и по дома ги фалат за купените дипломички.И мене не ми е веродостојно да се затвори некој приватен факултет и со оглед на ситуацијата и трендот "купување дипломи".Ниедно учење не е џабе.Оценката во индексот е бројка која не секогаш го означува наученото и разбраното.
     
    На CaraMia, SummerGirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава,ми се плаче.Не знам дали оние што купуваат дипломи повеќе да ги сожалувам или сите што со свој труд се бориме за знаење,па после диплома.Ама очигледно овие што купуваат се повеќе за жалење.Не дека купиле диплома или дека незаслужено зеле нечие работно место (па затоа има грешки и проблеми :(),туку дека никогаш нема ништо да знаат.Која е таа сатисфакција ако си купил нешто а не си го постигнал? Само доказ за неспособност.
    Мене не ме загрижуваат овие кои купуваат дипломи,ги има,ама не е голем нивниот број.
    Повеќе ме загрижуваат овие кои „студираат“,а поим си немаат од животот.Ги има и на државните и на приватните универзитети.Ќе наведам два случаи.
    *Случај 1- На нашиот факултет има дете,син на професор.Професоров е поранешен висок државен функционер.Како професор и како личност е многу фер и пријателски настроен,и доста спремен.Ама детево,на факултет не е појавено.Сите оцени во индекс му се 10-ки,а на испит полупразни ги предава тестовите.И има и други кои на славата на мама и тато постигаат оценки,и оние кои во индексот си ставаат по некое евренце,доларче :cash: Го има ова и кај нас,и секаде во светот,и никогаш нема да се искорени,тоа е јасно :|
    *Случај 2(ова е екстрем)
    Ако не се лажам во нашава држава има 5 државни и 22 приватни универзитети.Тоа баш беше тема во еден говор на последниот семинар на кој бев.Со популација од 2 милиони,од кои има многу пензионери,работоспособно население,деца,необразовани...ова е огромна бројка.Излегува дека секој втор има по 2 факултети,трагично :worried: И ајде овие 5 државни,ама 22 приватни? Во ред 2-3 кај нас,со оглед на популацијата.Е ама тука е криминалот.И се е „легално“.Се запишуваш,плаќаш огромна сума,се појавуваш неколку пати годишно и земаш диплома.И после имаме неспособни кадри.Е тој е тој синдром на купување диплома кој законски е дозволен.Криминал под заштита на законот.
    Имам една другарка,одвај заврши средно.Проба да се запиши на медицина,нормално не ја примија.Нејзините имаат повеќе пари,па ја заппишаа на приватен универзитет,на психологија.Нејзните познавања од животот општо се скромни.Не разликува повратна карта од карта во еден правец.Е таа утре ќе биде психолог (facepalm)
    Друга пријателка,исто на приватен,на правен факултет.Јас студирам на правен на државен,вложувам многу,учам,се надоградувам,еден од најдобрите студенти во генерацијата сум.Ама се со труд.Таа оди еднаш во неделата и има супер оценки.Утре и јас и таа ќе бидеме експерти по право.Само каков „експерт“ ќе биде таа,не знам.
    Не ги наведов примериве за да ги критикувам пријателките,туку само да укажам како се купува диплома.Тоа е кај нас голем проблем,и на тоа треба да се фокусираме ако сакаме способни кадри.
    Секоја чест на исклучоците кои навистина учат на приватен универзитет.
    И за крај,со толку универзитети,со толку академски граѓани (40% од нив можеби во вистинска смисла на зборот),кој ќе работи занаетчиски работи и сл?
    Кај нас сите сакаат факултет,а кој ќе работи,тоа не е важно.Затоа во Германија,САД,Англија,и во многу други држави системот е убав.Бројот на академски граѓани е ограничен,исто и критериумите за запишување на факултет се тешки.
    Се извинувам за долгиот пост :D
     
    На Feminka22, referentka, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    не е затворен само претходно беше на двајца а сега е на еден и е преместен факсот (кај бриколаж)
     
    На SummerGirl и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Значи, во сите факултети и средни школи може да се купи диплома?

    Така?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Некои парите ги трошат на шопинг без везе, а некои си купуваат дипломи.

    Fair enough.

    Не се плашете човекот у Германија ќе си оди, нека оди и боље ќе живее од вас.
    Додека човек оди нека си прави шо сака, ако му помага. Кој ќе се замара Македонија или Германина ?


    Ок јасно е сеа.


    Од она шо треба да се плашите е лугето шо купуваат а остануваат тука. Најмногу шо ве засега се лекари ваљда. Оттука барајте чаре :?:



    RUN надвор од Република Македонија RUN
     
  12. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Јас знам еден човек негде во 40 и нешто повеќе години скоро зема диплома од државно стручно средно училиште во Скопје си ја платил човеков 1000евра, со врски му ја дадоа. Полесно амин диплома за четири години добиена за точно една недела и тоа со просек 4 мн. добар. ​
     
    На CaraMia, WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди. Имам таков роднина. Не заврши средно до крај и си ја купи дипломата. Се почеста појава е тоа во денешно време. И таквите некој ден ќе ги сретнеш на некој од шалтерите.
     
    На cresa-jagoda, CaraMia, mari_sa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Јас сум постара генерација за која ваквите работи се ненормални.
    Сеуште живееме во некоја илузија ние.

    Децата кои учат и стекнале диплома со труд успеваат надвор од границиве, зашто едноставно ГИ БИДУВА...зашто се полни со знаење и снаодливи се.

    Школото СЕКОГАШ вреди.

    Ама бидејќи од секое дрвце не бидува шупелка, на некои МОРА да им купат дипломче.
     
    На cresa-jagoda, Antolinaa, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Ама мене не ми е јасно што мора сите да завршат факултет?? Дали општеството не тера да мислиме ако нема некој факс готово глуп е? години уназад се знаело дека работничка сила мора да има. еве ќе појдам од себе-ако кажам која сум друкше ме гледаат. Ако не кажам јас сум уште една риба во морето неписмени (неписмени зашо така третираат)
     
    На cresa-jagoda, DAngel и CaraMia им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Такво ни е општеството. Се' се прави со пријатели и со мито, зошто да не и ова?
    Не знаат поинаку македонците.
     
    На CaraMia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Јас порано имав колешка што откако приложи диплома од средно и не и ја покачија одма платата во наплив на нервоза извика '' ах на оваа плата не ми се исплатеја 1000евра што ја купив дипломата,јас мислев ко ќе ми ја покачат платата за толку и толку денари во 10месеци ќе си ги вратам парите. ''
    А реално иако немаше диплома за тоа што го работеше фино и одеше(за другото колку ја покривавме треба да отворам друга тема) Се купуваат и од средо и од факултет затоа нема да не биде,инаку не е јавна тајна сите странци знаат за ова,затоа нашите дипломи и не се некој фактор за добивање инстант работа во странција.
    @WildMk знае народот и поинаку,ама со та поинаку ќе си остане народот со прстот в уста кај нас,а со тоа поинаку само со тоа однесување може да се успее во странство.
     
    На mari_sa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Се стави акцент на образованието минатите 7-8 години.
    Нели средното стана задолжително, па почнаа магистратури и докторати.
    Од таму потекна и изумирањето на занаетите, зашто сите сакаме работа во канцеларија.
     
    На anaja1, dayla, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Најголема глупост е тоа што средното стана задолжително, за жал. Какви багабонти има јака им душа на професорите.
    А и дисперзираните факултети, малку повеќе го нарушија квалитетот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе практично, сето ова треба да се 'руши' и на ново да се 'гради' се'.
     
    На Feminka192 му/ѝ се допаѓа ова.