Ја отворив темава за да споделиме искуства околу порачувањето на книги преку интернет, и од домашни и од странски веб страни. Начин на плаќање, испорака, рекламации, прашања. Сè што е поврзано со тоа. Јас имам искуство само со купикнига.мк. Порачката е лесна, избираш на кој начин сакаш да платиш (картичка или уплатница), начин на подигнување (директно од нивните простории или преку пошта). Порачав 2 книги и платив со уплатница. Поштарината беше 99 ден. (не знам дали е многу тоа, немам порачувано досега ), ги донесоа до дома. За 3 дена порачав, платив и ги добив книгите во супер состојба. Задоволна сум многу. Плус фини се луѓето. Се надевам темава ќе биде корисна.
И јас сум слушала доста пофалби за купи книга, ама до сега не сум купила им пишав еднаш но книгата која ја барав моментално ја немале
Јас од кај нас немам порачувано, ама скоро редовно порачувам од UK преку Book depository. http://www.bookdepository.co.uk/ Во однос на цените на книгите, варираат има и ефтини, и поскапички, ама па шипингот е бесплатен.Книгите стигаат за околу 15-тина дена, иако на страната пишува за 10 работни дена, и на почетокот ми доцнеше неколку дена, и ги исконтактирав од страната, и неверојатно љубезни беа, постојани ми пишуваа меилови дали ми стигнала книгата, ако не стигне да ми пратат нова,за среќа ми стигна но навистина беше коректно од нивна страна. Ми се случи на некои книги малку изгребани да бидат кориците, ама ништо страшно не беше, со оглед на тоа дека сепак се доставува од подалеку, но главно задоволна сум.
^Не, ништо такво до сега ми немаат наплатено, дали сум имала среќа или нешто друго е во прашање не знам, ама само книгата си ја плаќав
Јас имам порачувано од купикнига и задоволна сум, им ја пишав адресата и бргу ми стигнаа до дома.Исто така имам читано дека можеш да си ја подигнеш книгата таму но бидејки не живеам во Скопје си порачувам.
Според законот, за предмети купени преку Интернет, во вредност до 45 евра не се плаќа царина. Во изготовка е закон со кој нема да се плаќа царина и до 150 евра.
Јас веќе повеќе пати пробувам да порачам книги од bookdepository.com и никако не успевам. Постојано ми се јавува грешка со картичката. Немам грешки во пополнувањето, пробав и со 2 различни картички и се истото... Пробав со виза интернет картичка, а после и со маестро дебитна. Стварно незнам што е проблемот. Да не му се има случено слично на некој па најдил решение?
Има некој искуство со купување книга во електронска форма? Барав стручна литература преку google books, најдов неколку книги, ама не се достапни за бесплатно да ги симнам. Сакам да ги купам, ама гледам има опција да ги купам во печатена форма. Проблемот е што не можам да чекам да ми стигнат на домашна адреса, ми требаат што побрзо. А и попрактично ќе ми биде ако ги имам на компјутер.
Досега сум купувала само печатени книги (paperback) од причина што многу ме замара да ги читам во електронска форма и плус заради лична сатисфакција да ги имам во домашната библиотека. Имам порачувано од Amazon ( Амерички и Британски), Book Depository и од Купи Книга. Искуството било 100% позитивно до сега, книгите не беа воопшто оштетени при транспорт. Единствено што ми пречи е времето на чекање кога се нарачува од странство, но задоволството да се има книгата во раце и да се прочита е поголемо од нетрпението и исчекувањето.
Јас досега нарачував од aprohead.com меѓутоа гледам страничката не постои веќе. Ме упатува на некоја bookplease.com али ништо добро нема. :/
Не сум купила ништо преку интернет, па ниту книга. И не ни планирам. Некако не ми е сигурно. Подобро е она, како што викаат старите, пари на рака - Мара за рака Одам во книжара, плаќам, си ја земам книгата. Толку.
Јас сум презадоволна од Book Depository. Правев порачка на 22ри Април. На 26ти ми ја испратија преку пошта. Денес поштарот тропна на врата. Значи не чекав ни две недели. Состојбата на книгата: 100% неоштетена. Педантно во картонско плико со лист хартија внатре кој ги содржи деталите околу книгата и плус подарок coloring bookmark.
По предлог од член од Фемина нареден месец ќе купам сеуште непреведени книги овде, значи на англиски. За бук депоситори се работи, достава бесплатна.
Не ти правеа проблем на царина? Јас досега само еднаш сум купила така преку Амазон и требаше да се доплаќа на царина иако беше помалку од 45 евра. Преку DHL беше и ептен големи процедури бараа. Затоа не се осмелувам пак да порачам, а сакам.
Слободно порачaj си, @Lella! Имам порачувано 11 пати (да, проверив ) во Македонија а и надвор од неа, досега никогаш не се случило да доплаќам ни јас а ни другари што имаат порачувано.
Ја направив првата нарачка преку Book Depository. Сега со душа чекам да стасаат книгите, се надевам дека нема да се изначекам.
Читав дека максимум би чекала околу 2 недели, па баш ќе пишам кога ќе стасаат. И јас мислам дека нема да ги чекам многу, ама пак сум нетрпелива.