Ние земавме од златара Кристо во ГТЦ. На женски домаќински муабети на фб читав многу позитивни коментари за златарата, а и коректи цени имаа. Ист тип на бурми, бело злато, анатомски внатрешно, во СИГМА беа 54.000ден, во Адор Голд 32.000ден., во златара Кристо 27.000 ден. Ги изработуваат за една недела.
Во Рубин полни бжкласични анатомски заоблени жолто злато за мене 13.000 за него 17.000. Скапо ептен.....
Ние пред 8 години ги купивме од златара во Струмица, двете заедно коштаа 14000 денари. И одма сами си ги ставивме пошо немавме венчавка во црква.
Се двоумам меѓу класична бурма или со циркони од горната страна. Вие што имате со циркони како сте задоволни? Страв ми е да не ми паѓаат или да се оштетат брзо, сепак бурмата треба да трае со години.
Јас имам бурма со мали циркони на средина. Ми има и паѓано, но до сега никаков проблем со нив. Многу зависи до изработката. Јас мојата бурма ја обожавам, ептен ми е по мерак.
Здраво, оние кои прават свадба оваа година, од каде ќе порачувате бурми? Се прават по мерка?Ние сакаме идентични гравирани, имате ли некој фаворит од златари, во чаршија да бараме? Фала девојки
И јас ќе чекам помош со тебе. Колку време се чекаат, кога да нарачам? Си дремев и сега сум малце хаос, иако е само најтесен круг ама пак...
Moze li da mi kazete kako se dvizat cenite na burmi od do? Moze li da se najde do cena do 400e za dvete i kade? Blagodaram.
Познаничка од чаршија пред недела дена земале бурми, платиле вкупно 21000 . Нејзината 11000, неговата 10000. Нејзината со циркони одозгора.
Во Алтинбаш ги глесав и јас.. ама на крај заклучив дека поефтино ќе поминеме ако одиме до турција, си ги купиме истите бурми, прошетаме и се вратиме..отколку тука да ги купам А знам дека ти си за натаму.. така да нема што да ги гледаш нашиве