И мене не ми е јасно како се скрши после 2 години носење. Ги плативме 24 000 ден и не се танки ама се скрши... Јас читав на интернет дека ако се скршела еднаш , пак ке се скршела, затоа се двоумам дали да ја лепиме, други да купиме или да ги дополниме со злато. Ако ја залепиме ќе ми биди страв пак да ја носам
Стварно и нас венчалните бурми ни се со лош квалитет шо ако пример си купиме нови. Може ли во црква да ни ги испеат пак ? Глупо прашање нели ??
Тоа најубаво во златара да прашаш, коа кратат претени го кршат иначе, па после се леми според димензијата. Па тој не пука пак. Така да не знам, да прашаш во златара. Е не знам да ти кажам, ова во црква да прашаш, ама мислам не може. Сепак венчавка е. Али пак прашај, може ќе се изненадиш.
Не е глупо, се случува сешто. Прашај ама би требало да излезат во пресрет, другарка ја изгуби бурмата и зема нова, во црква ја однесе и попот сам и рекол дека ќе и ја испее.
Не е глупо прашањето. Може попот да ви излезе во пресрет и да ви ги испее. На другарка маж и ја загуби бурмата, и купи нова, ја однесе во црква и му ја испеа попот.
Дали некој нарачувал бурми од негде на интернет? Ги гледам на etsy многу убави дизајни има. Или друго место предлог.
Здраво. Дали имате искуство со златара Пепи од Куманово? Или ако имате да препорачате друга златара за бурми и накит (подарок од свекрва и баба )
Низ Стара чаршија имаш многу избор, и жолто и бело злато. Ние од златара Бисер во чаршија ги земавме бело злато, некои ме убедуваа дека ќе ми пожолтат, еве 6 та година не се мрднати, и средства секакви употребувам за чистење.
Види во Бисер и Циркон во чаршија. Имаше и такви бело со жолто злато. Тогаш и попуст ни дадоа. Од циркон ланче си купив, привезок и обетки, се бањам и на одмор со нив, секој ден ги носам, не се мрднати.
Пред 3 месеци си пишала,сега гледам,ама ќе споделам за некој во иднина што планира да купува од златара Пепи Куманово.Имав слушано за таа златара како една од попознатите,слушал и дечко ми и од таму го купил вереничкиот прстен. На изглед за мене стварно преубав но мал ми беше. Отидовме таму и ги замоливме ако може истиот ден да ми го средат бидејќи утре ни е веридбата. Прошетавме и кога се вративме да го земеме прстенот беше раширен во големина што ми одговара,но беше искривен,неправилна форма и од бело злато беше станат темно сив,на него се познаваше дека бил горен со пламен при изработката,а утредента пожолте. Па дури кога ми го даваше ми рече девојче ова кошта 2500 ама за тебе без пари. А на дечко ми кога го купувал му рекол под гаранција е бесплатни се корекциите. Немав сила да се расправам а немав ни време пак да го оставам. Ја истеравме веридбата и за два дена го однесов во стара чаршија. Таму се чудеа зошто е таков прстенот и за пола саат ми го средија како нов. Ова е мое искуство и уште се чудам како во таква позната златара “како индијанци” го уништија прстенот.
А зборат дека во чаршија не било добро златото, а сите земаат од таму по другиве златари. Ние еве 6-7 години носиме бурми, јас ланче и обетки бело злато, не се мрднати, плус чистев со абразивни средства, влегувам во море со нив, кога се бањам не ги вадам. Сите ми велеа дека белото злато со тек на време пожолтува, еве до сега не е пожолтено. Не знам, можеби мене ете ми се погодиле.
Ние имаме земено бурми од чаршија не е мрднато златото ги земавме од циркон златарата ја немам извадено бурмата до сега ако барате бурми нас ептен ни се погодиле од таму
Јас од Циркон ланчето, привезокот и обетките, не се мрднати (секојдневно ги носам), а бурмите од златара Бисер (бело злато).
Од Адор Голд си купив обетки. Не беа баш ефтини,се гледа дека се за нијанса поскапи од другите златари,ама вака ми изгледаат квалитетни сега за сега.
Немој Алтинбаш, сите за жалат од нивниот однос и од квалитетот каков им е. јас имам искуство со Адор Голд, мене лично бурмите премногу ми се допаѓаат кај нив.