Абе класика си е класика и самиот златар ни го кажа тоа,а прашање на избор си е носењето и моите никад не ги носеле па никому ништо. Јас па сакам да си ја носам, а и маж ми си сака да ја носи, има луѓе на кои самата форма на бурмата им пречи, некои не ни сакаат да носат никаков накит, најважна е слогата.
i nie ne se dvoumevme voopsto za burmite i dvajcata sakavme klasicni burmi i takvi si zedovme ... [mod-kirilica:2me8vmz9][/mod-kirilica:2me8vmz9]
Зависи каде купуваш, но отприлика 30-35 евра грам, а што се однесува до дизајнот јас и сопругот земавме Булгари, (внимавајте само има разни дебелини), ние земавме со нормална големина и иако се пред 5 години си ги носиме со мерак, и секогаш изгледаат убаво!
И јас би сакала ваква,класична ,не сакам од оние со циркони,па украсувања и свашта.Едноставна и убава.Инаку златото е многу качено,34 или 39 грам ако не и повеќе Страшно Мислам дека пак најефтини ќе бидат во чаршијата ама ќе видиме
а може ли да ми кажете кој ги купува бурмите кај вас?онака ме интереисра...кај нас јас на мажот ми тој мене...а кај братучеда ми фамилијата на мажот ги купи двете бурми,,ајде какое кај вас? a кокку ве коштаа бурмите од булгари?...јас разгледував,и ние сакавме такви,,како за мене ќе чини јанверојатно околу 15 000 ден...а за него изгледа 20 000 ако не и повеќе...
Ние бурми ќе купиме од Голдмак Радовиш, и вереничкиот прстен го купив од таму, квалитетно злато имаат, бурмите се околу 8 илјади и нешто една, не се нај обични, имаат линии низ нив како повеќе тенки делови да се споени, се надевам дека нема да се предомислиме за моделот, имаше и поевтини за 1,000 до 2,000 денари ама веќе ако купувам бурми нека бидат и убави, е сега не мора да бидат наџиџани со циркони и не знам што, тоа не ми се свиѓа. Од златариве од чаршија и слични не ми се купува, сомнителни ми се, мислам дека немаат квалитет.
^ Во Скопје има Голдмак? И мајка ми запна од таму да купиме бурми,најквалитетни биле,па мислев да не се малтретираме до Радовиш,далеку ми е
знам дека во некои места постои адет младоженецот да ги купува бурмите. Ние си ги купивме, јас нему, тој мене.
И ние најверојатно ќе одиме до Голдмак, како што слушам таму имало избор, а и цените не биле до небо.
Има во ГТЦ кај златарската уличка, тука се сите на едно место, убаво е златото и цените се пристојни. Ама реклама им напраив , таа продавачката ме памти од вереничкиот прстен дури, ми вика се погоди ли прстенот. А и љубезни се продавачките, ти помагаат во избор, за разлика на неколку места што отидов како изгубени беа и ги мрзеше. п.с. Таман работа да беа во Радовиш п.п.с е кога одиш од внатрешната страна на ГТЦ од лево му доаѓа
Добар избор ви е Голдмак дефинитивно. Еве, нашите се од таму... ги плативме 10 000 ден. двете, со тоа што мојата беше поскапа, иако е помала и без посебни додатоци. Инаку, вакви се, само што има три линии во средишниот дел (немам во комп слика од нив, а не можам да најдам на интернет).
Ние бевме, добар избор има во Голдмак, ама па нас не бендисаа од една друга златара од ГТЦ. И двајцата кога ги видовме одма во очи ни паднаа и знаевме дека мора да бидат тие. 2000 се поскапи од она што планиравме, ама како што скратив на се, решив на ова што ќе го носам цел живот да попуштам малку.
Annath двете си ги платила 10000.браво....а сега една другарка ќе ми се мажи, и гледаше бурми по 10,000-12,000 една
Е па поефтино беше златото тогаш, во 2010... сега истите бурми се поскапи, сигурна сум Уште едно нешто - ако не планирате да ги носите, ич не давајте пари за бурми, и онака само за во црква ви требаат, а за тоа може било какви прстени да ви завршат работа. Јас и мажот ми се договоривме дека ќе ги носиме како симбол на нашиот брак. Си ја носев дури и во бременоста, среќа што немав проблеми со отоци, ниту се здебелив премногу. Само во болница не ја носев, ми беше страв да не ја загубам.
Ана, во Голдмак уште има по 5000 една бурма. Имаше и убави за 6000. Ама тие стандард бурми што се по 5000 беа.
А кај беше ова Голдмак Имам земено од таму алка ама многу одамна пред едно 10тина години и не се сеќавам каде се наоѓаше