Која цена се отприлика бурмите во Адор Голд? И освен тие, кои други би ми ги препорачале кај што има квалитетни убави бурми?
Дали имате препорака за златара во Скопје каде изработуваат накит по нарачка? Дали овие погоре спомнати златари: Адор, Бисер, Циркон изработуваат по нарачка?
Во Рубин Кармин мислам дека прошируваа во ГТЦ. А во чаршија прашај на почеток на златарската улица од лева страна на ќошот. Спроти златарата на Буши ќе му дојде.
Сегде прошируваат. Пред некоја недела купивме бурми и секаде каде што влеговме ни кажаа дека доколку со тек на време стане тесна бурмата може да ја прошират. Инаку дали некој знае дали може да се замени бурма за друг модел? Јас се премислувам за мојата