Купување на бурми – од каде?

Дискусија во 'Свадба' започната од Annath, 6 август 2010.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.938
    Допаѓања:
    24.830
    Пол:
    Женски
    2022 ги земавме.
     
  2. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Da ne bevte slucajno vo zlatarata da vudite kako se dvizat cenite ,so ogled na toa shto cenatq na zlatoto e vo plafon otidena?
     
  3. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    5000 i pogore za gram, toa e po berza
     
  4. Willbeokay

    Willbeokay Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво! Дали знаете каде може да се најдаат сребрени бурми во Битола или Струга?
     
  5. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Вчера ги прошетавме сите златари во ГТЦ и повеќето (барем тие што се попознати во чаршија).
    Во ГТЦ се нешто поскапи од тие во чаршија, најскапи Адор и Мајони, но и другите беа поскапи во споредба со цените во чаршија.
    А во чаршија од повеќето златари што ги прошетавме, во Циркон беа најефтини по грам (не знам точно колку беше по грам ама таму кога ги споредувавме цените и тежината на бурмите, соодносот цена грам кај нив беше најнизок). Не знам како стојат со квалитет, имаат два дуќани во чаршија (во горниот има повеќе избор) и работат повеќе од 30 години, но читав дека една членка е задоволна од таму па реков да пишам, можеби ќе му се најде на некој.
     
  6. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    И јас го имав ова искуство пред 6 месеци - најевтино во Циркон во чаршија, во ГТЦ поскапи доста. Ние на крај купивме од Fat Gold (чаршија) - класични, заоблени, златни бурми. Беа некои 6.000 денари поскапи од Циркон, но подобро ни лежеа и на двајцата на прсти. Вкупно за двете бурми плативме 24.000 денари.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chilli

    Chilli Нов член

    Се зачлени на:
    17 декември 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Читајќи ваши коментари, се замислив за нашите бурми. Вчера оставивме капар ама изгледа не изгореле. За две бурми ни побараа 850 евра. Жолто злато, мојата тежеше 5 грама, на маж ми не знам ама сигурно потешка. Еве да речеме, 12 грама вкупно двата. 14к злато, ширина 5мм
    Океј ли е цената или грешивме?
     
  8. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е толку прескапо за таа тежина. Испаѓа околу 70 евра по грам, а во златарите во ГТЦ имаше и по 100 евра од грам. Не знам од каде сте ги земале ама во чаршија (за бело злато) ние плативме околу 60 евра по грам.
     
  9. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Во Адор голд толку ни побараа и на нас отприлика. Нивните биле ергономски, изработени по мерка и со некојси сертификат јапа., јапа... Нас не ни менуваше, па затоа се одлучувме за поевтина опција.
     
  10. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Во чаршија има и други златари што изработуваат ергономски бурми. Ергономска бурма значи дека и од внатрешната страна е позаоблена за да не сече кога се носи.
    Адор голд со сигурност се најскапи од сите таму, а реално не нудат подобар квалитет за таа цена (освен некоја си доживотна гаранција за полирање).
    Мене вереничкиот прстен ми е од Адор Голд (купен во април годинава) и веќе е пожолтен. И сега треба да го полирам, а не препорачуваат да се полира почесто од еднаш годишно бидејќи со секое полирање се истенчува прстенот и се отстранува дел од златото. Воопшто не сум задоволна.
    Можам и слика да ви пратам да видите во споредба со непожолтено бело знато како изгледа.
     
  11. Akira@

    Akira@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ние ги земавме од АГА ЗЛАТАРА во чаршија денес. Бурмите се ок, ни помина меракот од лошото искуство што го имавме! Бурмите беа одбрани пред 2 недели, кога златото беше 90 евра грам во истава златара. Сакавме да ги платиме уште тогаш, но Мајсторот, човек со 60+ години ни рече само капар да оставиме зашто не знаел колку грама ќе испаднат, бидејќи сакавме егрономски да бидат моделите што ги одбравме. Капар ни побара 10,000 денари, оставивме толку. Вчера ни се јави да ни каже дека бурмите се готови, тежат 9,2 грама и се 1200 евра вкупно, односно 130 евра грам!!! Одма реагиравме како може таква цена да ни даде, кога дента кога се пазарвме златото беше 90 евра грам! Негов одговор беше така работеле сите златари во чаршија ( што е комплетна лага) златото се качило, таква ви била среќата!!! Он кога земал капар било за да знае дека ќе се вратиме да ги земеме бурмите а не да ја фиксираме цената дента кога е оставен капарот! Ништо од ова вака не ни беше кажано,никој нормален не би го прифатил тоа. Не сакаше да го врати капарот и после натегање ги плативме бурмите 115 евра грам а моментално е 105 евра грам. Не украде 200 евра! Бурми што требаше да бидат 860 евра си плативме на крај 1060 евра! Не ја препорачувам АГА ЗЛАТАРА НА НИКОЈ!
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Машки
    Леле, па сте требале да го пријавите тогаш на лице место. Вие оставате капар за една цена, а после ви мења друга. Штом сте платиле веќе не можете да пријавите. Сметка не ви дал, а документ кога сте оставале капар сигурно и тоа не ви дал, така дс немате основ сега за пријава.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Akira@

    Akira@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Прашавме инспектор зашто сакавме да го пријавиме, ништо не може да се направи, нема сметка само на ливче капар колку е оставено и големина на бурми, тоа е за жал
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    3.001
    Пол:
    Женски
    Искрено не би ги земала па шо сака нека им прави по ризик и капарот да му остане. Безобразни се.
    Мене скинато и лепено ланче ми продале во Ефор голд.
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Машки
    Значи никој не ги контролира златарите во чаршија. Може да ти увалат и да те заебат колку сакаат. И на крај ништо не им можеш. :@
     
    На SummerGirl и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  16. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    5.627
    Пол:
    Женски
    На муабетов да се надоврзам со искрена препорака, во чаршија јас само кај Џељо одам по накит, ем редок филигран Мајстор ем човек што безброј пати и попуст дал на фер цени, и па и без пари ми завршил работа. И секаде комплименти за накитот добивам. :)
     
    На Компир Манџа и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    2.802
    Ние купивме од Адор додека сеуште беа понормални цените, само таму си најдов таква каква што имав замислено. Ептен сме задоволни:inlove:
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Машки
    Кога сме веќе кај златариве, зошто наместо Буши има некоја друга златара?
    Буши кај исчезнаа?
     
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Башка отворив да прашувам за Буши.
    Знам дека во стара чаршија им е златарата.
    Сакав да прашам дали имаат убав избор на злато, ќе ми треба за брзо бурми па затоа барам.
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Машки
    Исчезнаа Буши преку ноќ. Никој не знае кај се.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.