Ние од квин земавме, не ми текнува колку грама злато Мојата е бело, розе, жолто злато а на сопругот жолто За двете бурми околу 45-48 илјади така нешто беше
Златото е поскапено. Нај едноставни бурми се скапи, а не па тие што имаат циркони и разни работи на нив. Мене две златни бурми, мојата со циркони ми побараа 70.000мкд.
Леле што е со цениве... Ние ги земавме од адор голд, две златни бурми, мојата со циркони и беа 41 000. Купени беа во февруари 2025
За жал златото допрва ќе поскапува . 70 000 се сложувам дека е многу ама до Јуни истите ќе бидат многу повеќе, разгледајте и на други места.
@naturally Во средата бевме ги порачавме, 73.000мкд и тоа златарот пријател на мм ни ја заклучи цената (во случај ако поскапат таа цена ќе си остане). Многу се убави, дебели и како гребени. Не се мазни. На мојата само ќе додаде циркон на средина. Најобичните и најтенките почнуваа од 58.000мкд па нагоре, страшно скапи се.