1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување на бурми – од каде?

Дискусија во 'Свадба' започната од Annath, 6 август 2010.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    И јас бев во Голдмак,ама некако не ме бендисаа,една само ,зошто баравме жолто злато :) Се чека 2 недели за изработка,гравирањето е бесплатно,и за двете треба да платиме околу 12.000.
    Инаку планирам да одам и до Куманово,ми кажаа за некои 4,5 евра било поевтино златото :?:
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    ние ги земавме од чаршија инаку си ги делевме по пола без разлика колку е машката колку е женската
     
  3. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    И ние ги делевме,без разлика машка-зенска,многу се убави,од Флорентин стара чаршија,ги купивме,имаше убав избор,ги плативме 23.500 денари двете,а грам златото е 34-36 евра зависи од изработка,а имаше и во Тренд убави бурми исто
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    Значи во чаршија најскапо златото му доаѓа :?:
    Голдмак беше 30-32.
    Разбрав-од човек кој има златара дека набавна цена доаѓало околу 20-22 евра.Значи кој ќар го имаат-неверојатно :o
    Јас планирам до 12-13.000 да дадам за бурми.
    Со средна дебелина,не сакам масивни.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас изгледа сум изрод :lol:
    Маж ми нема да ја носи бурмата милион посто, на работа нема шанси никако не му е практично, а за во град чисто се сомневам дека би ја ставил. Обожава тетоважи , има неколку па се договоривме дека ќе истетовира една бурма и почетната буква од моето име.
    Па со оглед на ова останува дека треба јас да ги одберам бурмите мене каква ми одговара. Јас знаев одамна дека мора да е бела, НЕ жолто злато, па затоа се одлучив да не фрлам страшни пари за злато, туку најјдов преубави бурми од родирано сребро,обложени со 18каратно бело злато одозгора. Инаку имам неколку парчиња ваков накит , родирано сребро и сум презадоволна, не темнее, не зеленее, и изгледа како оригинал бело злато.
    Моделот е ист ваков , само за нијанса по дебели
     

    Прикачени фајлови:

    • nakit_1090.jpg
      nakit_1090.jpg
      Големина на фајлот:
      12,8 KB
      Прегледи:
      485
    На ilipili и babybelle им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    нашите бурми ги земавме од Голдмак супер се навистина ама златото е прескапо овој период
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Дефинитивно нашите планови се променија. Дедо ми изрази желба да ги носиме бурмите од него и баба ми, па ми ги подари. Тоа се златни ,класични бурми од 24каратно злато.
    [​IMG]
    Е сега поради мојата алергија на ова злато, се одлучивме да ги стопиме и одново да ни ги направат со 18каратно , а при обработката и малку да им го промениме облекот,т.е. да ги модернизираме.
    Неможам да му го скршам ќејфот на човекот, па затоа планирам сепак да си ја купам оваа сребрената бурма која многу ја засакав, и на излегување неа да си ја носам, а овие златните нормално ќе останат дома, а потоа имам аманет да ги дадам на внуците(децата)...
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    ^ Meu,па некако нема смисла ако сакал човекот од нив да бидат бурмите,да ти стојат бурмите дома,зарем ќе менуваш цел живот -едната по дома едната пред народ бурма?
    Ако не сакаш да ги носишможеш да си направиш пример прстен кој ќе биде некој негов подарок кој утре ќе го подариш на ќерка,снаа....ама сепак ти си знаеш :)
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Знам ели25, и јас истото си го помислив, зарем пред дедо ми , таа од него, а пред светот онаа која мене ми одговара :?: и маж ми , ми замери... изгледа на крај ќе си шетам без никаква бурма, некако зассега не обожавам баш да се китам, штознам може ќе ми биде мерак кога ќе дојдаде време.. здравје ќе видиме.
     
  10. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    802
    Девојки а да тркнете до Велес да видите јас и мм ги земавме од таму многу убави бурмички пола бело пола жолто злато 24 каратно и двете заедно не коштаа 8 000 илјади :)
     
  11. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    ЗДраво женски
    И кај нас во Тетово има ефтини бурми и квалитетни. Јас и мојот вереник си купивме бурми комбинација жолто и бело злато. Два реда жолто злато и во средина ред бело злато 18 каратно и плус мојата бурма има 3 циркончиња на белото злато. Ги купивме двете за 300 евра.Исти такви насекаде беа над 500 евра.
    Но сепак имам и поевтини. Овие се поголеми и потешки
    Поздрав
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    Каде да си најдам перниче за бурми?
    Порачав преку една жена што изработува дома,за 300 ден,ама ми откажа зошто маж и бил во болница,...
    Не ми се даваат на овие Елена Фенси и остали многу пари,300 ден е разумна цена...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Eli25 во Делтапрес во гтц перничињата како белото срце погоре се по 380 денари..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bile1986

    bile1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    дали некој знае како се движат цените на bvlgari бурмите во ск јас сум од битола и кај нас се поприлично скапи
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Ние ги земавме од Голдмак од ГТЦ. Сите ми ги препорачаа затоа што бурмите низ чаршија биле направени од турско злато кое демек не било квалитетно ко ова нашево :rofl:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^ абе жими мајка не било квалитетно, лелеее когаќе чујам вакви муабети се прашувам дали луѓето немаат до толку памет. Па мене би ми било срам такво нешто да кажам.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски

    Па точно, нашето злато е едно од поквалитетните, а турското злато, односно накитот кој го носат тука е мешан со бакар и има црвеникава нијанса. И навистина не е толку квалитетно. Е сега, зависи кај купуваш ;) И нашите бурми се од Голдмак Радовиш и еве, скоро две години како ги носиме - нема никаква промена на нив.
     
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас искрено не се разбирам, не сум многу по накитот, ама од повеќето го имаме слушнато истиот муабет, а бидејки бурмите не се нешто што се носи повремено, па не ни се ризикуваше. Освен тоа, секогаш приоритет им давам на македонските производи, па одлуката беше лесна.
    И не гледам што е нелогично во горе напишаното?! |( Би требало да се информираш пред било какви одлуки, чии последици би биле долгорочни, како на пример купувањето на квалитетни бурми. Има луѓе што од свое искуство или подобра упатеност би ти помогнале за правилен избор. Тука се гледа паметот.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јас не реков нелогично, но мене едноставно муабетот не ми држи вода.Си кажав свое мислење.Тоа не е ништо лично кон тебе.
    Многу луѓе знам што купувале бурми од стара чаршија и се задоволни никој мана не му наоѓа а пак ни на накитот не се покажува било каква мана.
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Квалитетот на златото може да биде различен на различни места, и постои понеквалитетно турско злато, но тоа ќе го видите од цената, а не од локацијата. Поголемите дуќани од златарската уличка во ГТЦ ќе ги најдете и во Чаршија (со тоа што цената на истиот производ се разликува, некогаш и многу).
    Некои од дуќаните имаат многу поголем избор и подобра изработка од Голдмак, така што индивидуална е проценката од каде да се купи.