1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување на бурми – од каде?

Дискусија во 'Свадба' започната од Annath, 6 август 2010.

  1. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Не би рекла дека по цената на златото можеш да го одредиш квалитетот, затоа што ние и не разбираме какво злато ни продаваат, веруваме на зборот на златарот што не секогаш може да е вистинит.
    Ако цената на ист производ се разликува во ГТЦ и во Чаршија, не значи дека тој во Чаршија е од турско злато или е помалку квалитетен, туку дека најверојатно сопственикот во ГТЦ има поголеми трошоци, поголема кирија и си држи цена како останатите златари. А во Чаршија пак, мора да има цена како и другите таму.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Јас искрено, порадо би купила наше злато, и секако, поголем беше изборот на класични бурми во Голдмак, отколку во било која друга златара. Од златарниците со турско злато единствено Алт'нбаш беше во игра, ама немаа бурми какви што сакавме, и дури и ако ги нарачувавме, требаше подолго време. Мене не ми се допаѓа што претеруваат со дизајнот на бурмите, дури веќе не ни личат на бурми, без разлика што си го имаат значењето. Класика си е класика.
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Апсолутно, цената е повисока не заради квалитетот (спомнав дека за ист производ се работи), туку заради киријата и локацијата. А квалитетот и те како влијае на цената - па и во Чаршија и во ГТЦ има разлика во цена меѓу слични производи, а се гледаат разлики и во бојата на златото и во изработката.
    Не знам, мене во Голдмак бурмите што ги имаше на лагер не ми се свиѓаа, па на крај во Дамиани зедовме, со анатомски ивици да не сечат, сертификат, гаранција и се останато, и баш сум задоволна, иако плативме повеќе одошто првично планирав.
     
  4. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    86
    Zenski, razgledajte ubavo na poveke mesta. Cesto istite burmi se so golema razlika vo cena. Nie gi zemavme od Carsija, a istite gi najdovme i na mnogu drugi mesta. Nasiot model e ednostaven, imase premnogu moderni, sareni... Megutoa nie se resivme za nesto ednostavno, belo zlato mat, vo sredinata ima samo edna sjajna linija i tolku, bas od pricina da ne ni se zdosadat na 50/60 godini, zdravje.
     
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    како се движат цените на бурми во голдмак ?
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Ние бурмите не ги начекавме скапи.Има бело и жолто злато оние сеа што се као ишарани.Двете не коштаа 10 илјади од Стара Чаршија.
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Цените се од 5 000 па нагоре, зависи од големината и моделот. Бурмите што ни се допаднаа нас, едните беа мојата 5 700 неговата 5 900, а другите 8 300 и 8 500... Изненадувачки цени, а Голдмак си е Голдмак... Имаат доста модели, не се нешто незнам колку модерни, но секој што сака малку по класични елегантни бурми, таму има доста избор!
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    и ние ги земавме 5-6,000. обичени се жолто злато со бело злато на средината. класика ;)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ние ги купивме од чаршија и од таму си го купивме и златото за нас. Бурмите беа 200е двете мислам. На Koçak Gold се. [​IMG]
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас бев во голдмак но беше затворен до 5 работеле.
    во целје ми се допадна една бело злато класична 6500 денари беше. влегов и во дамиани но ми рекоа дека најефтината била 170 евра што мене лично ми е скапа. на чаршија искрено не планирам да одам некако не ме води ни пат ниту имам време. до 6500 сигурно ќе најдам или во голдмак или во целје така да веројано таму негде ќе падне изборот.
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ние вчера купивме од чаршија, класика - 9000.00. Многу се убави, нежни и едноставни, на прв поглед изгледаат просто но кога ги ставивме на прст - фантазија, веднаш ги земавме :*
     
  12. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    И ние нашите ги имаме од чаршија земено. Исто... некаде околу 150 евра беа.
     
  13. Naki-.-K

    Naki-.-K Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    14
    Свадбата ни е на 26 Август сеуште не сме барале бурми, ама на 26 Мај се венчавме во општина и ова е тоа што решивме да не спои засекогаш, навистина ми се допаѓа идејата и мислам дека оваа тетоважа ја сакам повеќе од било која бурма... Не е на прстот на кој што се носи бурмата така да ке се гледа секогаш дури и да носиме бурми :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 052320121409.jpg
      052320121409.jpg
      Големина на фајлот:
      70,8 KB
      Прегледи:
      537
    На Snow-Queen и elena.mak им се допаѓа ова.
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Прекрасно! Браво за храброста!
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Значи од вчера си Госпоѓа :D
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Уффф и јас бев за тетоважа, но кога праша маж ми(има неколку тетоважи на себе), му кажаа дека не е практично на прст од причина што со тек на време ќе избледи, од вода, сонца и сл.
    Од друга страна ,што ако ни текне не дај Боже да се оставаме, ќе си ги сечеме ли прстите :^)
    И така јас фино си се откажав од идеата :$
    Инаку многу ми се допаѓа, ептен убаво ми изгледа, или како прстен или само буквата на името па со датата околу цел прст :)
     
  17. Danni79

    Danni79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    Ние ги купивме од Голдмак во јануари месец оваа година. Ги плативме околу 18 500 и двете и многу сме задоволни.
     
  18. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    незнам од каде се купуваат бурми но сакам да ве прасам сто мислите за да се испише името на партнерот на бурмата од внатрешната страна мене ми е многу романтично
     
  19. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Девојки, има ли некој искуство со Altinbas? Бев во Рамстор да ги проверам и цените им се баш соленки, од 800 евра па нагоре, ама ете, да речам дека би биле подготвени да земеме од таму но би сакала да знам дали ќе плаќам квалитет или ќе го платам само фактот што имаат продавница во Рамстор и според тоа треба да се „марка„ или што ти ја знам...
    Еве да кажам дека сме подготвени со идниот ми да дадеме повеќе пари на бурми, која продавница би ја препорачале што би била стварно квалитетна а не само набиена со цени?

    Поздрав!
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Во Турска чаршија имаш златара што се вика Циркон и држат дел од асортиманот на Алт'нбаш по пристапни цени, проверете и таму ;) мислам дека во Рамстор малку повеќе претерале со цените, не дека е ефтино златото воопшто, ама може да се најдат солидни бурми по пристојна цена и ваму, од истата фирма :)
     
    На Agrona и Oaza.123 им се допаѓа ова.