1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување на бурми – од каде?

Дискусија во 'Свадба' започната од Annath, 6 август 2010.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Ние земавме од чаршија, Ами Голд мислам. Неговата е обична а мојата со ред циркони насредина. Преубави. Има голем избор во чаршија.
     
  2. NatureGirl

    NatureGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ние бурмите ги купивме од златара "Пашки" од ГТЦ. Бурмите се убаво изработени.....но морам со вас феминки да го споделам моето искуство со оваа златара.
    Тоа што го доживеавме во златарата е моето најлошо искуство досега во животото во дуќан. Да почнам од почеток. Бурмите ги нарачавме и се договоривме да ги изработат двете за цена од 18000 до 20000 денари. Кога отидовме да ги земем (ден пред веридба) ни викат бурмите се готови, но ќе коштат 22000 оти се подебели од што планиравме. Не ни се проблем парите за да платиме повеќе од договореното, но на мене бурмата многу ми значи и сакавме да знаеме како се изработени и зашо се поскапи од договорот. А и мојта бурма ми беше голема, па сакав да ми ја стеснат. И тука почна патешествието....
    Мажот кој работи таму сакаше да ни објасни сe, го прашав и колку пари е машката, а колку женската бурма (за да си знаеме, јас да ја платам на маж ми, а он мојата). И додека мажот објаснуваше низ врата влезе неговата жена (која само седи во дуќан, плете и сурфа) и почна на цел глас да ми вика, да слушне цела злататарска улица дека јас не сум имала пари да си ја платам бурмата, дека тоа што прашувам како е изработена и зашо е поскапа не сум смеја да го прашувам, дека бурмата ми е голема оти јас сум сакала да ми биде поголема....значи овоа не беше кажано, туку на цел глас се дереше жената и хистеришаше. Ми вика ако немаш пари и ти е скапо да платеш за бурма 22000 зашо си дошла у нашиот дуќан, требало да си одеш на друго место да си купеш, не да ми доаѓаш тука и да си правеш нарачи. Цела златарска улица се собра......вакво нешто немам доживеано никад во живот. Ептен се изнервирав, солзи ми се собираа во очите....ало жено за бурми се работе цел живот што сакам да ги носам, не станува збор за пари, не можеше да сфате. Маж ми ептен се изнервира не знаеше што да праве. И мажот во златарата што си работи, не можеше да ја замочи и да ја истера надвор. Лудница стана.
    Жената не престануваше да ми се дере и да ме навредува. Ден пред веридба такво нешто да ти случи, не можам да опишам како се чуствував.

    НА НИКОГО НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ ОВАА ЗЛАТА, АКО МОЖЕТЕ НЕ НИ ВЛЕГУВАЈТЕ ВНАТРЕ.
     
    На Knigomanka, Scorpio87, Bezopasna2002 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Ние земавме од чаршија,незнам како се викаше дуќанот,и 2 се од обични пообични здравје(едноставни),не чинеа 2бурми-8500ден
     
  4. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Дали знаее која златара дава сертификати за бурмите и останатиот накит што го продава?
     
    На Bezopasna2002 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Алтинбаш дава сертификат за квалитет и гаранција,за другиве незнам.
     
  6. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    А кои се цените во Алтинбаш? Бидејќи поголемиот дел од трошоците сама ќе ги покријам морам да го испланирам буџетот до најмал детал.
     
  7. NatureGirl

    NatureGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Јас гледав бурми во Алтинбаш и женските бурми што ги пробав беа околку 250-300 евра, а машките поскапи, но не се секавам колку точно.
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Има ли некој купено бурми во Златара Кристо (златарска уличка ГТЦ) ? Ме интересира како сте задоволни,вака убави модели има и убава изработка.
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Кога разгледувавме бурми со сопругот сакавме да купиме од Голдмак. Но, фирмата беше во фаза на затворање, па бевме принудени да направиме обиколка на златарниците во ГТЦ и најмногу ни се допаднаа моделите и изработката во златарницата Кристо. Продажбата е направена во пар ( машка и женска бурма ) се зема мерка и се чека неколку дена, а гаранцијата важи 3 години за корекции.
    Ја носам редовно, една година и задоволна сум. Сјајот е непроменет, но повремено ја чистам со сода бикарбона. Одржувањето е неопходно.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrava

    Mrava Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Moeto iskustvo so ALTINBAS e uzasno. Jas gi baram posle 3 nedeli dali se stignati burmite oni aber nemaat, odam vo nivniot prodazen salon da si gi podignam ednata e so celosna linija od kraj do kraj na butmata ne e dobro ispolirana ajde uste edna nedela cekanje i zgora na se fiskalna nema, a si dal eden kup pari demek faleni ova ona. Samo imeto sto go nosat.
     
    На Matotheja и Bezopasna2002 им се допаѓа ова.
  11. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ние одбравме од Филигран во битолската чаршија, е сега во дилема сме дали бело и золто злато, го одбравме моделот само. Јас искрено повеќе сум за бело злато, дали е добра идеата да биде од бело злато? Мислења ве молам
     
  12. Leona88

    Leona88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    51
    Ние сме презадоволни од златарата Фатих во Стара чаршија. Љубезни, услужни. Голем избор имаше. Штом ги здогледавме знаевме дека тие се вистинските. Плативме за двете 13000, од бело злато и ни ги изгравираа
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Девојки имам две многу битни прашања за бурмите:
    Прво, дали мора да бидат златни или може и сребрени? Вереникот не планира понатаму да ја носи затоа што не носи прстени и случајно најдовме една сребрена бурма прееска, ама не сум слушнала некој да венчава со сребрени бурми (или нема врска златна/сребрена) :/
    И второ, дали бурмите мора да бидат исти или може и различни да се земат? Пр. он да има со една гравура, јас со друга?
    Ако знае некој нешто околу ова, пишувајте да почнам со време и бурми да купувам :)
     
  14. sweet-fighter

    sweet-fighter Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG] Јас на пример нема да имам бурма ко бурма ќе ми биде сосем различна од мм иден :)
    Мојат ќе биде како прстен плетен :)
    Иначе симоликата е прстени и не е битно какви ќе бидат сребрени, златни , итн итн :)
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Мојата и на мм се исти, жолто со бело злато. Да треба повторно да купам бурми дефинитивно не би купила бело злато од причина што пожолте. И не е ова само кај нас, и многу други се пожалија дека им пожолте белото злато, а од различни места се сите купени. Мислам дека за сребрени бурми не прават проблем. Јас да сум ќе си купам сребрени бурми. Имам еден сребрен прстен, ни да трепне ни ништо.
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Бев пред некој ден во Алтинбаш и има многу голем избор на бурми. Да не можеш да се одлучиш. Моделите кои ми се свиѓаа беа од 700-800 евра за две бурми. Исто и во Златарна Целје имаше едни што многу ми се допаднаа. Тие беа 600 евра две. Ај дајте препорака, кој се подобри Алтинбаш или Златарна Целје?
     
    Последна измена: 3 април 2017
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Edno moe iskustvo so burmite

    Burmite se golema rabota na pocetokot na brakot potoa ja gubat svojata vrednost.
    Mozebi prvata god. nekoj ke ja primeti na vasata raka ili od kurtuazija ke rece " lele kakov ubav prsten/burma i tolku".
    Mozda i vie ke ja primetuvate i zagleduvate vo prvata godina, a potoa poradi moda,poradi profesijata, poradi domasni obvrskiti, promena na kilazata..... ke ja stavite nekade vo fjoka i mozebi nikogas nema da ja stavite na raka.

    Vtoro, zlatoto ima svoja vrednost, no vrednosta paga stom go izvadite nadvor od prodavnica.
    Znaci kupuvas za 500 evra i izleguvas od prodavnica, tvojata burma pred prodavnica vredi 250evra i sekoja sledna godina uste pomalku. Malte ne zlatoto za mnogu i za mene e samo obezvrednuvanje na vrednosta na parite.

    Site nie kako nevesti sme dobile nekoja kolicina na zlato koja izgubila vrednost, moda, upotreba.......
    Samo 10% od lugeto posle 10-15 god brak seuste gi nosat burmite.
    A ako gi kupuvate da pokazete deka vie ili vasiot partner ima obvrska sprema nekogo, tuka ste pogresile. Ima partneri koj od vrata izleguvaat i burmite vo dzeb gi stavaat pa cesto i zaboravaat da gi stavat na raka koga ke dojdat doma.

    Taka da ako gi kupuvate so namena za nekakva trajna upotreba, ste zgresile, burmite nemaat nikakva trajna vrednost ni po edna osnova.
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bezopasna2002

    Bezopasna2002 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    E dobro, ama aj da vidam nekoj neka se vencha bez burmi :)
     
  19. Bezopasna2002

    Bezopasna2002 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Sekoe belo zlato pozoltuva, poso beloto zlato e praveno od zholto. Preporaclivo e sekoja godina da se nosi na zlatara za da se obnovi gorniot sloj so sto prstenot pak bi ja dobil svojata originalna boja.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bezopasna2002

    Bezopasna2002 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Aj i mene nekoj neka mi preporacha zlatara za burmi od Skopje, Tetovo, Bitola, Ohrid ili Struga ve molam?
    Fala :)