1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување на гардероба од eBay

Дискусија во 'Мода и стил' започната од uchiha.kikky, 19 јануари 2011.

  1. uchiha.kikky

    uchiha.kikky Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам дали некогаш сте нарачале нешто од страната е-bay?? сакам да си нарачам едно многу убаво фустанче ама некако незнам колку е сигурна..ве молам кажете ми дали да нарачувам или не ? :D
     
    На Elen.b му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Купување на гардероба од E-BAY ??

    Има една општа тема за онлајн шопинг. Можеби тука ќе го најдеш одговорот :) moda-i-stil/onlajn-soping-t2097/20.html
     
  3. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    од таа страна мислам дека не можеш да порачаш, пошто се плаќа со "пеј пел" а "пеј пел" колку што знам не можеш да направиш, пошто ја нема македонија во земји, така да џабе ти е и да пишува таму дека се испорачува во македонија
     
  4. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Убаво би било оваа да биде посебна тема за нарачување на облека од eBay. Другата тема (Онлајн шопинг) нека се користи за онлајн продавници.

    Од eBay може да се прават нарачки, но како што кажа TheKiketoo, проблемот е во тоа што скоро сите трговци таму бараат да им се плати преку PayPal. За жал, Македонија не е меѓу 190-те земји во светот во коишто функционира системот за плаќање PayPal. Но, сепак постои начин да си купувате од eBay. Потребна ви е кредитна или дебитна картичка издадена во земја каде што има PayPal. Овде можете да видите кои се такви земји:

    https://www.paypal.com/worldwide/

    Обезбедување на PayPal сметка

    Сигурно имате близок пријател или роднина кој студира, престојува или живее во земја што се наоѓа на списокот погоре. Ако тој веќе има сметка на PayPal – супер, прескокнете го следниот параграф. Ако нема, продолжете да читате.

    Натерајте го да си отвори сметка на PayPal (бесплатно е) и да си ја регистрира картичката. Типот на сметката треба да биде Personal (For individuals who shop online). Познаникот ќе треба да ги воведе своите лични податоци и податоците од неговата картичка. Ова е единствен момент во кој ќе биде потребно да се остави бројот од картичката на интернет и е потполно сигурно и безбедно. Понатаму плаќањето ќе се врши со користење на e-mail и лозинка, па воопшто нема да има потреба вашиот познаник да ви го кажува бројот на картичката или било каков друг податок. По 1-2 дена, PayPal ќе направи тест трансакција и ќе повлече 2 евра од сметката. Познаникот ќе треба од неговата банка да побара извештај за трансакциите и во извештајот да ја пронајде трансакцијата од PayPal (или уште подобро, да пристапи до извештајот онлајн). Ќе има 4-цифрен код за потврда кој ќе треба да се воведе на сајтот на PayPal. И готово, PayPal сметката веќе е создадена и валидирана.

    Откако ќе ја создадете сметката, на сајтот на PayPal пронајдете ја опцијата за воведување на алтернативна адреса. Овде воведете ја вашата адреса во Македонија. Кога ќе порачувате од eBay, ќе избирате работите да ви пристигнуваат на оваа адреса. На PayPal ќе има детални извештаи за направените плаќања, па лесно ќе можете да се договорите со познаникот за начинот на којшто ќе се раздолжувате.

    Забелешка: подолу во темата се тврди дека може да се отвори PayPal сметка со картичка издадена од NLB Тутунска Банка во Македонија, при што во првиот чекор при создавање на сметката може да се избере Словенија или Хрватска. Ако ова навистина функционира, супер (можете да ја заборавите целата постапка со кутриот познаник :lol:). Доколку пробате вакво нешто и ви успее, потврдете во темава.

    Плаќањето со PayPal е 100% сигурно, т.е. не може од картичката да ви земат повеќе пари отколку што чини производот што го нарачувате + достава. Меѓу другото, се очекува оваа година плаќањето преку PayPal конечно да биде овозможено и за кредитни и дебитни картички издадени во Македонија.

    Купување од eBay

    Ако ја поминавте голготата со обезбедување на PayPal сметка, тогаш ви преостанува забавниот дел. Но, за жал и тука има работи на кои треба да внимавате:

    • проверете дали Македонија се наоѓа во листата со земји до кои испраќа соодветниот продавач
    • не купувајте од продавачи со рејтинг под 99,5%
    • не купувајте од продавачи со мал број на склучени зделки (под 500-1000)
    • внимателно информирајте се што точно се продава, т.е. прочитајте го целиот текст на аукцијата
    • проверете дали се работи за некористена (нова) облека со етикети
    (списокот не е конечен и ќе го дополнувам во зависност од искуствата што ќе се споделуваат во темата)

    Царина и данок

    Ова е и најголемиот проблем со купувањето од eBay и онлајн шопингот од странство. Иако вие презадоволни сте си го нарачале фустанчето од соништата за 50 евра, при пристигнувањето може да ви наплатат лежарина + царина + данок, па цената да достигне над 100 евра. За да избегнете такво нешто, внимавајте секогаш вкупната цена на нарачката да не изнесува повеќе од 45 евра! Значи:
    цена на производот + цена за достава < 45 евра

    Во спротивно, пратката ќе ви ја задржат на царина и ќе ве повикаат да си платите царина и данок. Давачките се пресметуваат врз основа на вкупната цена (вклучувајќи ја и доставата). Според ова, подобро би било да направите неколку помали нарачки (под 45 евра) отколку една голема. Ако си порачувате облека од eBay продавач кој се наоѓа во Кина, можете слободно да контактирате со продавачот и да побарате да ја декларира пратката со помала вредност од реалната. Само не се обидувајте да го правите ова за стоки чија вредност лесно може да се провери (фотоапарати, телефони и сл.). На пример, порачувате облека за 100 евра, а тој ви ја означува како 30 евра + 13 евра достава = 43 евра. Но, добар дел од продавачите од Европа и Америка нема да се согласат на вакво нешто.

    Да сумирам, Ebay е одличен за порачување на помали работи, чија достава до Македонија не е скапа. Но, ако решите да направите поголема порачка, вклучете си и данок+царина во пресметките за крајната цена.

    Засега толку од мене, а ова мислење постојано ќе го надополнувам со информации во иднина. ;)
     
    На kolovoz, peperutkaa, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Имам братучед кој е во моментално во странство и ја има таа картичка преку која може да се нарачува.. си имам нарачано многу работи од ebay.. само малце долго се чека додека стасаат..
     
  6. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Додека живеев во Америка, нон стоп порачував од таму, се што нарачав беше како на сликите што ги гледав...премногу сум задоволна, ако имаш пари на кредитната картица и ако пратките стигнуваат до кај нас слободно да си порачаш. Но, не сум сигурна дали праќаат до кај нас бидејќи нашата земја не е членка на групата на paypal.....но и ова лесно можиш да го провериш, ако во земјите ја има нашата тогаш порачувај!
     
  7. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    можеме и во македонија да порачуваме преку и-беј со пејпал акаунт...јас имам направено преку тутунска банка се прави т.е. NLB ли како и да се вика....идеш во нлб, си вадиш виза дебитна картичка без пари е , ти ја даваат за 1 недела, си ставаш пари на нејзе и цепаш

    е сеа фората е во правењето на акаунтот...креираш се у ред и само наместо земја на живеење Македонија, ќе ставиш Хрватска, или словенија...НЛБ е словенска банка, прашај ги таму сигурно знаат за оваа финта....

    уште една фора: побарај од продавачот да ги прати како гифт, ан тој начин избегнуваш секакви додатни давачки за производот кај нас од стилот на царина, поштарина

    еден совет: ако производот кошта 40 евра...не ставајте повеќе од 45 евра на картичката да не останете без нив
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Билке, јас ќе го чекам твојот пост. :)
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hезнаев каде да го поставам прашањево,ама темава е за купување од ebay,мене многу ми е чудно колку се ефтини производите,пример влегувам в парфимерија парфем ескада 80 долари(2000 и нешто ден) проверувам на ebay 9 долари :o па тоа се само 300 денари,и за викторија сикрет спрејче истата цена,наоми кембел порачував парфем ама шишенцето е 15мл.плус лосион и гел за туширање 24 дол(700 денари)ама во мини пакување :o преефтино,а дали се оригинал парфемиве? :^) за траење-траат,одлични се :)
     
  10. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки ви потврдувам може да се прави paypal сметка преку NLB Се јавив сега во експозитурата кај нас, и ми потврди дека некои клиенти користат,. Треба само да се јавите на тел број кој ви е позади на картичката горе лево и да им кажете на момците таму и средена работа. ;) И ај ем соо хепи. :)
    едит: бројот што е на картичката не постои :^) :(
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Македонија ја нема на Paypal затоа што нашиот закон вели дека државјанин на РМ не смее да има пари во друга држава, а и има некои зафрканции со законот за електронско плаќање и безбедност. Не знам за ова преку Тутунска како и дали функционира, ама знам дека преку Стопанска има картичка за електронско плаќање и купување на стоки.

    Еве ви линк http://www.stb.com.mk/visa-internet-.nspx
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Епа вака, зашто сега мене баш ми треба нешто од ebay јас се заангажирав околу сите овие работи да ги проверам, па бидејќи нема никој ништи пишано од дамна да ви кажам дека во НЛБ бев и ми кажаа дека пред месец дена не провалиле :lol: и сите сметки што се од Македонија, а регистрирани преку Хрватска,Србија, Бугарија итн итн ги блокирале, така да изгледа ништо од таа работа...како откриле незнам, ама таа девојката во тутунска банка не беше нешто посебно расположена да ми објасни.

    Е сеа од таму нормално отидов во стопанска банка да си извадам и таква интернет картичка и нормално поднесов барање се како што е редот, ама викам како да ја пишам картичката таму, како може да важи вашата картица за пеј пал плаќање кога треба да внесам земја, а на таа листа нормално Македонија ја нема...и теткава ми вика не внесуваш земја туку пишуваш некое бројче што го имало на картицата. јас баш сега проверував и пробував да отворам пеј пал акаунт ама пак ми дава листа на држави а незнам каде да го пишам тој код.

    Може ве угњавив, ама дајте луѓе ако знае некој нека ме упати зашто ептен ми треба нешто што го има само таму, зашто јас стварно веќе ништо не разбирам!!!

    Фала ви многу однапред...позз
     
  13. MsSunshine

    MsSunshine Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Jас не мислам дека е проблем пазарувањето со paypal. Пазарувала сум од странство и без регистрациjа во paypal. Зависи само дали продавачот е регистриран да приема кредитни картички без регистрациjа во paypal. ;)
     
  14. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Јас на сите страни каде што сакав да купам нешто, со сите нив исконтактирав меѓутоа на жалост сите од нив работеа исклучиво само со pay pal. Ако знаеш некоја слична на ebay а работи и со регулар кредитни картици те молам пиши ја или па ако знае некој како функционира тоа moneybookers.com исто така би ми завршило голема работа,зашто глеам Македонија ја има таму :)
     
  15. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Манибукерс е сметка на некој начин и преку неа можеш да купуваш работи од интернет или да префрлаш пари од една страна на друга, ама со манибукерс неможеш да купуваш од ebay.
    Манибукерсот се поврзува со обичната кредитна/дебитна картичка, само си го правиш акаунтот ги внесуваш потребните податоци од картичката тие ти одземаат до долар/евро(валутата која си ја одбрала)) - два од картичката, се јавуваш во банката и прашуваш точно колку во валутата која си ја одбрала ти одзеле (цифрата е со децимали) и ја внесуваш, потоа ќе ти ги вратат парите назад на картичката(ова е за проверка дали е твоја картичката).
     
  16. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Аххх...фала ти за информациите, ајде јас да ја земам деновиве таа картичка од стопанска банка па ќе видам што може и дали може воопшто да се пазари со неа надвор од државава, па ако стигнам до некое големо откритие ќе ве известам
     
  17. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Не сум практикувала а сакам да научам =)
     
  18. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    дечко ми порачал повеќе работи од еBay и стигнале .. али тоа биле ситници ... што значи .. стигаат ;)
     
  19. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Како тоа не провалиле?? :o сигурно е ова ?
    Јас извадив специјално картичка од NLB Тутунска за да можам да порачувам од eBay.
    Нема некој друг начин? Некоја друга дупка во законот :D
    Или ќе треба да чекаме Македонија да биде на листата за PayPal :(
     
  20. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    нема врска .. можеш да купуваш и без PayPal ;)
    Колку што ми е познато мене :$