Јас пробав да се регистрирам на пејпал со катричка од тутунска банка, но ме одби па затоа извадив некоја интернет картичка од стопанска меѓутоа ни со таа не можеш да се регистрираш таму туку си само позаштитен во купувањето - колку ставиш на таа картица толку трошиш, демек и да сакаат неможат да ти повлечат повеќе пари! Е сега треба да најдеш некои странички кој што покрај плаќање со пејпал овозможуваат и плаќање и со останати кредитни и дебитни картици кој што фала богу ги примаат и нашиве !!! Тоа се најчесто кинези,ама па и на e-bay се претежно кинези така да... кинезиве го вртат светот
абе видете таму .. има одредени работи за Македонија ... некои работи ги нема за тука .. мислам дека има листа за тука ...
Ќе бидам малку офф топик, ама морам да ја споделам среќната вест. Од 24 септември и Македонија ќе биде на листата на PayPal!!!! https://cms.paypal.com/ba/cgi-bin/marke ... le.x=en_US
shy да можев ке ти стиснев десет пати ми се допаѓа ама не можам па еве ти бакнежи за добрата информација за мое добро утро
Феминки ај ве молам кажете дали некоја од вас има искуство во купување преку eBay ? Ме интересира како оди тоа и дали стигнуваат нарачките сигурно? Поздрав.
Пај-Пал не сакаат и за да не стават ќе треба да се изначекаме. Затоа има една многу добра страница за пазарење од Америка, се вика Виадпрес - http://www.viaddress.com. Многу се професионални и на ниво. Што ги бртиме Пај-Пал кога има нешто вакво
Има некоја финта со купување од странство бидејќи многу "продавачи" се јавија по ова фејсбуков,е сега дали со pay pal или со некоја друга картичка купуваат тоа не се знае,но штом има на секој чекор кои нудат облека од интернет страниците значи се може и нормално нема да кажат кога производите се со ниски цени а нас ни ги нудат дупло поскапо
и да порачаш од некоја страница од америка многу е скап шипингот. гледав на страницата на викторија сикрет едно фустанче и цела искефосана дека можам да си го порачам и на крајот за шипинг ми пишува плус 1500ден и се предомислив. а иначе за на ebay ако сакаш да си порачаш нешто може само преку paypal. има една страница што ја најдов незнам дали некој преку оваа има земено нешто гледам можеш да си земеш работи од ebay amazon и многу други страници. http://www.shoppingusa.mk/
Ја знам таа страна ама доста скапо оди преку неа,зборев за другите профили на фб кај што нудат облека кинеска и страната од кај што ја земаат производите се бадијала,е сега тоа не знам како иде со трошоците бидејки кога му се исплаќа една убава бунда крзнена да ја продаваат по 1500 денари,значи имаат и ќар од сето ова и некаде ги фаќа многу поефтино со се вкупните трошоци инаку кој би работел за бадијала.Зборам дека има некоја финта бидејки скоро секој во последно време имам заприметено на фб ја нуди истата облека...тогаш значи шипингот и др трошоци не се скапи но зависи со која картичка се купува и како се испраќаат Спојлер (ако сакаш ќе ти ги пуштам страниците)
Мислам дека во другата тема напишав за профилите на Фејсбук. Нарачуваат преку некој друг, обично имаат некој во странство со Пејпал и ја употребуваат неговата сметка, а после по продажбата парите ги праќаат на друга трансакциона. Така е најлесно, а и најсигурно за пазарење на нет. Мене ми е лудачки да давам 3000 денари за памучен фустан, па да го чекам и 3 недели, без гаранција за квалитетот, големината и сл. Затоа и се чудам како луѓето нарачуваат од Фејсбук, масовно се појавија такви страни, а не сум ни сигурна дека е легално.
да, мора да имаат некоја финта и да заработуваат пари. на таа страницата гледам кога ќе направиш акаунт на сите истата адреса во америка ја даваат значи има некој таму и после ја пушта робата во македонија. а сега колку е тоа сигурно и дали ти гарантира дека ќе ти стигне не се знае. па и ако е скапо преку нив и јас да му давам толку пари тогаш нема шанси
A дали имаш порачувано од таа страна?Ако можеш малку да ни објаснеш како функционира овој сајт и дали трошоците за испорака се скапи или...?
Ankica kje mozes li da mi kazes kako mzoe da si poracam nesto od ovaa strana http://www.viaddress.com. podetalno da mi objasnis fala odnapred
Oваа ви е најдобра страница може да плаќате со вестерн, со мастер кард, виза http://www.ioffer.com/ зависи, некои без пари праќаат тоа што сте купиле, некои за 10 долари, некои за 15 долари и има ефтини работи, Mак фејк кармини, 20 за 40 долари плус без пари шипинг има убави фустанчиња, и ефтини се, парфеми за џабе пари, д&г, гучи и тако даље се исплати од тука да купуваш плус сигурна страна се
Девојки , неможев да најдам тема посветена на ова прашање, па се надевам дека нема да ми замерите ако ве прашам тука? Треба да пратам некои ситни работи( џиџи миџи) за странство, како оди таа процедура? во пошта ли ,ми даваат пакет и јас ли треба да платам за пракање или ке си плати на тој што ке му стигне?