Насловот на темата е сосема јасен. Пред неколку дена пиеме јас и другар кафе и доаѓа млада женска која нуди парфеми (Pure Black мислам беа). Културно и фино праша и замоли дали може да седне по што претстави неколку парфеми и кажува како демек се на промоција од 1200 намалени на 600денари еден парфем.Фино, културно си кажа што е што од парфемите, јас како џентлмен ја понудив дали е за кафе, учтиво ме одби. Е сега она што ме изненади негативно беше тоа што кога на крај и заблагодаривме и кажавме дека нема да купиме, ја понудивме пак нешто да ја почестиме да се напие, таа арогантно кажа демек кога не купуваме зошто сме и одземале време... Ние зачудени, јас имам купувано од вакви продавачи парфем летото за подостапна цена и сфаќам дека секој маката го натерала за да извади некој денар (вистина не беше којзнае што, ама беше подостапна цена многу од 600ден.) Ме интересира вашето искуство во врска со оваа појава.
Немам купувано и не ми се случило до сега некој да ми нуди парфеми дур пијам кафе. Сепак не би купила, којзнае каков е, може алергија да ми се створи, нежна кожа имам и пазам што се користам.
Не сум била никогаш заинтересирана да купам парфем или било што друго што нудат по кафулиња. Единствено ако е нешто чии пари се за хуманитарни цели. Купувањето ми е плански, само кога ќе ми треба одам да го купам. Никогаш не се случило да имам потреба од нов парфем баш во тој момент кога сум излезена на кафе. Инаку не ми е проблем тоа да купам парфем кој се нуди на таков начин.
На работа често ни доаѓаат улични продавачи да ни понудат парфеми, последен пат некој ни понуди кашкавал. Не сум купила.
Ми се случило неколку пати, но немам купено досега. Брат ми така си купи парфем сега брзо. Ги ислушувам учтиво што имаат да кажат за парфемот и им се заблагодарувам. Ама и често не носам толку пари во мене, или ако носам би ги потрошила сите само за парфемот.
Денес во ресторан дојде еден нудеше како тестери ама не ми се купува така како од улица собран парфем.
Не сум купувала вака парфеми и веднаш одбивам презентација ниту сакам да трошам нечие време и давам лажни надежи дека би купила ниту сакам да ми трошат слободно време на ваков начин.
Лоши фалсификати се тоа, подобро купете си од оние Сантини или Економик копиите ако веќе не можете да си дозволите оригинал.
Mene mi nudea gabrini parfem za 300 denari a jas istiot go kupiv 100 I I go pokazav I kazav deka samo so go kupiv za 100
До сега неколку пати се случило да ни презентираат од парфемите иако не сме сакале секогаш, едноставно онака се залепиле на маса. Но до сега никогаш не сум купила па ни би купила во иднина.
До сега не ми се случило на маса да ми дојдат и да презентираат парфеми. А и не би купила. Погоре една форумџика кажа дека купувањето и е плански. Исто и мене. Доколку ми треба парфем, излегувам со намера тоа да испазарам и си одам во парфимерија.
Тие се вработени на Космос Груп (кои бараат вработени постојано) и им даваат бедни проценти од продажбата. Назад на темата, не би купила, за таа цена не ни размислувам, вредат 150-200 денари.
Не ни знаев дека постои вакво нешто додека не ја видов темава. Не би купила, уствари ја парфеми и онака многу ретко купувам, сите што ги имам се поклони, па сигурно нема да ми дојде желба да купам додека пијам кафе. Купувам марамчиња од деца во чаршија.
Никогаш не би купила вака парфем, делува небезбедно. Не знам во какви услови се чувани, колку се стари.