1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување плац во приградски/градски населби

Дискусија во 'Дом' започната од Darksoul, 17 ноември 2020.

  1. Darksoul

    Darksoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Не најдов конкретна тема за движењето на цените на плацовите по приградските и градските населби.

    Она што ме интересира е кој населби нудат добри услови за фамилијарен живот.
    Имам мало бебе и живеам во центарот на градот во куќа и ми е дојдено преку глава од градскава прашина и бетон, значи има ненормално многу прашина а скоро ич зеленило. Јасно ми е дека Скопје е под облак, и нема бегање од загаденоста, ама колку толку бар да не бидам во центарот на тоа :D.
    Знам дека со секојдневното изникнување на нови згради повеќето се одлучуваат за станови, но бидејки сум растена во куќа, за себе знам дека не би можела да живеам во стан, пошто дворот ми е еден од поголемите приоритети.

    Е сега ме интересира колку се движат плацовите во градските и приградските населби , како и комуналиите во истите?
    Кои имаат повеќе зеленило и паркови и се помирни/ потивки населби прикладни за растење на дете, бидејки нели и менталитетот на комшиите игра голема улога кај нас?
    Од посебно значење ми е плацот да не е во близина на прометни патови, зошто ко што кажав ми е мучно од ненормалната градска прашина :puke:.

    Доколку може да споделите мислења, искуства, :wasntme:, места каде што знаете да се продават поволни плацеви и тн и тн .

    Поздрав :)