Ако не е цврста градба не треба дозвола за градба. Тие плацови се и поевтини. Пималку од 300 кв не зимај. И види Илинден. Рефке, плац у Нерези имам за тебе, 3000 кв, у шума
250m2 се ужасно малку за во рурална средина. Доволно се за во Капиштец, но плац во природа под 500m2 не го бива. Каде куќа, каде дворче, бафчиче, дрвце.
како ги рачунате квадратите? мојот е земјоделско земјиште од 4 декара ,на 4 км од центар на град ,имаме наша бандера со саат од евн и лично наша вода таму ке се граде
Ширина множено со должина =м2 Е сега, како е заведено, дали како градежно или како нива (градежното се по скапи). Дали има.вода и струја доведено..
моментално е замјоделско земјиште во скора иднина ке го фате урбанустичкиот план водата е лично наша исто и канализацијата ние си тураме и струја има
На земјоделско можеш да ставиш само шупа т.е. алатница. Ама градба не смееш, секогаш ќе се најде некој "фин" комшија кој ќе потшепне па ќе дојдат да те рушат
имам еден објекр ид 30 квадрати за кој чекам легализација да испадне и ке пуштаме плус 40 квадрати се надевам со урбанизацијата ке го легализираме и другиот дел амин од власта имам
Јас си бендисав куќа, која за 1000 евра цела ќе биде ,,времена". Значи нема темели ама стои на метално постоље. Зелен појас е, у шума до Скопје.
Како иде добивањето на дозвола за градба, не ми е јасно па да прашам. Разгледуваме опции да купиме куќа или плац па од темел да се почне. Е сега не двоумат како демек додека се добило дозвола за градба многу време требало. Еве на пример имам плац и сега што понатаму следува, зошто би било проблем одма да се почне со градба. Доколку се одолговлекува, колку е временски вашето искуство ?
4 месеци. Ама богата општина, каде прво се работат зградите па ако остане време за куќи, ќе.ги сработат. Комуналии од с мене 1500 евра ос нечија зграда пола милион. Не се луди моето да има приорирет.
Се решивме за градење на куќа, без плацот колку ве чинеше градба на куќа преку фирмите со клуч на рака. Ме интересира што вклучува, освен градба, дали овде влегува и пархет, плочки, фасада, ич не сум запознаена, а и не знам дали би се нафатиле од Ск да доагаат овде, јас сум од помал град а тука нема таква фирма. Има ли некој искуство?