има едни убаво работат 299 е од квадрат клуч на рака значи цените се тука некаде 300-400е по квадрат за солидна градба се што не ти се бендисува си доплакаш
Пред да купите плац распрашајте се во општина колку се комуналиите по m2. Да не ве чинат комуналиите колку половина од плацот. Многу се прелажале купиле мал плац ама кога дошло време комуналии да се платат прц изненадување. Во бутел има плацеви 300-400 m2 /70 e m2 но комуналиите се изгор. После бутел према кучевиште исто има плацеви 60е m2,комуналиите чинат многу помалку пошто плацевите спаѓаат под општина Чучер Сандево. Моментално Визбегово држи поволни цени и има убави плацеви по 200-300 m2 цената се движи 40-45 m2 и комуналиите се смешни. Визбегово спаѓа под општина Бутел но се води како село и за 100 m2 куќа комуналиите можат да ве чинат 900-1000 евра. А се гради и трговски центар во близина на New Star па за неколку години цените ќе се зголемат.
Здраво, Морам да прашам подетално. - Колку би ме коштало градежен плац до 200m2 околина на Скопје (пр. Волково, Бразда, Глуво, Горно Оризари). - Колку би ме коштале комуналии за (Волково - (Ѓорче Петров), Бразда/Глуво (Чучер Сандево), Горно Оризари (Шуто Оризари)). - Колку би ме коштало изградба на карабина (основа 50м2). подетално - Темелна плоча, Приземје и Кров ( од лим). - Колку би ме коштало внатрешно да ја завршам сам? (дали е дозволено да е однадвор карабина или според закон мора и надворешно да се заврши до крај, бидејќи НЕСАКАМ да ја завршам надворешно, секако ако е според закон. Моја фигуративна проценка е плац - 5000€ Вода, Струја и Канализација - 1500€ Геодет, Проект, Надзор - 1500€ Дополнителни документации - 1000€ Дополнителни Трошоци - 1000€ Градење Карабина (со фирма - во цената вклучени работна рака и материјали) - 10000€ Внатрешно сам ќе си ја завршам - 5000€
Некој да не продава плац Бутел/ Радишани, но накај последна 8ца, еве година дена ништо саглам не можеме да најдеме..? Итно
Има два на последна 8ца, малце се на угорница затоа не ми се допаѓаат. Иначе се 50€ по m2 Би платиле и поскапо само да е добар плацот..
Што мислите за плац од 1000кв во Маркова Сушица(накај Маркова река)? Мажов е со идеја дека за некоја година таму цена/квадрат ќе порасне,па би биле во ќар...Нешто ко инвестиција би дошло... Вора опција,според расположење и финансии,да си напраиме викендица,од оние монтажните куќарки.... Јассум збунета,немам став.Цел живот во стан растена. Чекам коментари и позитивни и негативни.
Натаму сега скока цената по м2, ма да не знам дали и колку погоре ќе оди.. Мене ми нудат сега да го купат од моите и плацот и викендицата.. Додуша ние сме некој километар пред манастирот ама и кај нас цените се доста покачени.. Е сега не верувам дека ќе скока уште многу, може на долг рок да ама во следниве неколку години не би рекла дека многу ќе скокне за да заробите сега толку пари.. Зависи местото што го меркате какво е, по која цена е за м2, дали има спроведено вода, струја, канализација..ма да знам дека канализацијата е во река или во јама..
И јас би сакала монтажна куќа најдов ефтини ама сакам плац со некој по пола во горно лисиче долно или лисиче
Дали некој знае колку се движат цените за геодетски елаборат (Обележување на граница на катастарски парцели) ?