феминки ваши искуства и искуства на ваши блиски со купување на стан во Скопје. Дали е подобро стар стан или новоградба ? која е најубава населба за живеење?? кои инвеститори имаат најубави градби?? и се друго што е од помош при купување на стан...совети идеи
Купување стан во Скопје мислам дека е подобро да купиш(кога веке си решила) стар стан отколку новоградба новоградбите ги изработуваат од евтини материјали,и за секој случај провери си во катастар(пренесување, сопственост купопродажен договор) оти има секакви случаеви
Купување стан во Скопје Дефинитивно СТАРА градба.Имам искуство и со новоградбите и старите.Живеевме една година во нова зграда.На лик преубава.Фасада нова, околу неа паркче абе милина.Тоа беа единствените предности а негативни страни еден куп.Мислам дека не ни постоеја вистински ѕидови, се беше гипс картон.Единствени ѕидови беа на тарасата и од надворешната страна а тие што ги делеа становите еден од друг не.Секој муабет на комшијата му го слушаш.Еве на пример кај нас дома како што ни беше распоредот на собите воопшто не одговараше на тој со комшијата.Ѕидовите на мојата соба беа залепени со ѕидовите на неговата дневна.Многу ноќи не спијав поради неговиот тв и разговори кои што се слушаа како да се кај мене во соба.Исто така поради тоа што беа мн дебели ѕидовите често на кафе си се довикувавме преку ѕид.Можевме да си разговараме преку ѕидовите и тоа беа повишување на тонот.А сега, еве веќе 2 год како с епреселивме и имаме стан во кулата во Автокоманда која е доста стара зграда али за живеење е каде каде подобра од таа новата.Според моето искуство старите згради се доста поквалитетни во споредба со новите, барем јас имам такво искуство
Купување стан во Скопје Апсолутно стара градба. Не само заради квалитетот на градбата, туку и заради сеизмичкото тестирање кое сите градби до 90-та година мораа да го направат. Од 90-та наваму се е мачка во вреќа. Ако имаш среќа ќе се погоди станот, ако не...
Ние кога почнувавме да бараме стан мислевме дека е подобро стара градба, но... по некое време, согласно доста консултации со стручни лица искочи дека е подобро нова градба. Старите згради јес да се поцврсто градени, сепак може сериозен проблем да е старата инсталација (зборувам за оние градени пред или непосредно по земјотресот). Вие дури и да ја промените во вашиот стан со комплетно реновирање и комплет промена на инсталација, не може да ја менувате на целата зграда инсталацијата. Ова од повеќе места го имам чуено. Освен некои „стари“ згради од пред 20-30 години (како тие во Капиштец за кои се вели дена се солидни згради во добра состојба во секој смисол).. Во врска со населбите, јас сум за Водно, Капиштец, Козле, Тафталиџе 1, евентуално некој дел од Центар и толку
Дефинитивно нов стан.Како и што имаат пишано од стара зграда од сам старт имаш еден куп работа и проблеми .Можеш се да изреновираш но не е тоа тоа кога влезот е несреден ,кога дворот е заникаде ,не работи домафонијата , ливтото да снимас партизански филм во него , врата раскрцкана како к**ва пред мтв .За новите станови јас немам негативен став ,не се како пред х год правени со гипс картон и слаба изолација можеби има и такви но јас не налетав на таков да видам + и она важи да не се лажеме колку пари толку музика.
Pozdrav prijateli Ve molam za sovet. Nekako uspevame po dolgi godini da kupime stan, sega uste pogolema dilema e koja naselba i koj investitor. Dali nekoj od vas moze da mi spodeli iskustvo za stanovite i naselbata novo lisice na posledna 5 (pozitivni i negativni strani)i investitorot ADORA (imam ponuda od niv) Fala [mod-kirilica:1mjs6bwx][/mod-kirilica:1mjs6bwx]
Здраво Ирена јас може да ти кажам за Ново лисиче, последна 5ка. Местото е супер избор, има ама баш се` што и треба на една млада фамилија. Училишта, градинки во близина за децата, паркови помеѓу зградите за децата, автобусите до Центар па и до секој дел на Скопје се чести и се стига до Центар за половина час (со сопствен автомобил е секако доста побргу). Исто доколку се пешачи не е воопшто далеко, разумно растојание. Имате продавници, маркети (Рамстор дури, Веро, Тинекс), пошта, банки, се организираат физички активности како аеробик, фитнес и слично..Исто така зградите се понови, добри градби...јас имам само пофални зборови за овој дел од градот. Доколку имате можност, јас воопшто не би се двоумела. Ново лисиче би го ставила пред Кисела вода, Ѓорче, Влае, Автокоманда, Железара, Маџари и другите така да кажам подалечни населби. А за ова АДОРА, најискрено првпат слушам и немам идеја кај се наоѓа, така да не би можела да ти помогнам. Се надевам дека ти бев од помош
што би ми кажале за Влае ,10 години живеам во кисела вода , сите роднини ми се во аеродром железара автокоманда центар , и никогаш не сум го шетала тој дел од градот незнам како е со градинки училишта продавници ......ако некој има од Влае нека ме запознае со населбата
Спојлер [/spoiler Fala na sovetot inaku ADORA se novite zgradi, odnosno onie sto sega gi gradat na posledna 5, dve visoki romboidno postaveni i edna pomala, blizu do patot sto se vrti nakaj MIrko
И ние сега гледаме некој стан, видов еден многу ни се допадна, во припор е од Американ Констракшн Груп ама па немаат имотни листови...и не се знае коа ќе добијат...барем така зборат у општина. Е сега, не знам..ако некоја од вас знае...некаде за по 850е по м2 или до кај 55000 е , до кај 65м2 со 2 спални.....некое такво станче нека кажува...Може да е К вода, аеродром, н лисиче, карпош 1...мичурин...
^ Еден мој близок зема во К. Вода кај Расадник, ако не се лажам по 880 евра квадрат. Зградата мислам дека Бортас ја градеа, уплати кога не беше уште готова, ама ја завршија за неколку месеци, според договорот, без никакво доцнење. Тоа беше пред околу година и пол, не знам дали уште условите се исти. Едни пријатели сега се вселија во една од новите згради во Н.Лисиче, во делоѕт кај бензинската, накај Мирко 919 и задоволни се од изведбата, ама не знам точно за цени. Знам само дека Жикол беше изведувач, а и тие во градба уплатија. Е сега нив им беше тоа важно, затоа што правеа промени од оригиналниот план. Како населби, кога јас би купувала, искрено Кислеа вода и Ново лисиче во делот кај што беше мочуриштето не би купила во никој случај. Аеродром е најдобар избор според мене. Три пати бев толку блиску да живеам таму, а сепак ништо не излезе
И јас да се надоврзам на темата. Дали некој знае да ми препорача градежна компанија која нуди нови станови до 900 квадрат, може и во градба.
јас купив стан онака со распрашување по луѓе, незнам за никакви агенции и компании, но тоа што знам е дека за 900 евра во пристојна населба во Скопје ни под точка разно не може да се најде, единствено можеби во чаир, скопје север или некаде во хиподром и белимбегово (ако ти одговара) ))))
Јагода, дали ти ги имаш следено цените на градежните компании? Во Ново Лисиче има за таа цена, само сепак мислев можеби некој знае и друга пристојна локација, или пак можеби купил и ќе ми каже искуство.
coconaut еве за твоја информација се јавив кај другарка што купи стан баш во Ново Лисиче тој новиот дел што е кај бензинската наспроти последна петка, мислам дека ме разбираш за кое место се работи... значи таа купи стан преку НАСТЕЛ компанијата, во последните жолтите згради, баш и на нив пишува НАСТЕЛ, го купи лани за 1100 евра квадрат и тоа е специјална цена за неа бидејки нејзините се знаат со сопственикот на НАСТЕЛ, иначе нема испод 1200, освен ако се работи за многу голем стан, на пример трособен од 100 квадрати, па да симнат на 900 евра, а за еднособен и двособен нема шанси. Можеби има од други изведувачи таму за таа цена што викаш ти, ама некако не ми се верува да се толку ефтини.