Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае како се движат цените на трособен стан на Адора во Аеродром?
    Имаат трособни по 57, 67м2..
    И за Настел исто ме интересира...

    Ме интересираат цени во фаза на градба.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.961
    Пол:
    Женски
    Ние зедовме од Настел за 950 во фаза на градба. Станот се наоѓа кај кулите Џеваир. Адора во Ново Лисиче имаше понуди до кај 950 евра, ама сега не знам дали имаат станови таму. Кај Тобако2 во Аеродром становите на Адора почнуваа од 1100 па нагоре. Ова за пред две години, кога ние купувавме стан. Сега не знам како е.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Фала ти на коментарот, ептен се израдував кога видов дека некој пишал.
    Немам претстава како одат работиве, сефте отворив на интернет по агенции и сега на форумов, а имам познати во Настел, ќе треба да ги побарам за да ме информираат.
    Чисто ме интересира што да очекувам за цените во градба, ама очигледно ќе треба да се збере уште некое евро, некако скапо ми стои...
    А да ве прашам, ние ќе плаќаме во готово со наши пари( без банкарско кредитирање и сл), нели би добиле попуст?
    Сепак ова е купување во фаза на градба и веројатно се плаќа дел, па дел отпосле или како?
     
  4. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    На инвеститорот му е сеедно дали ти ќе му платиш или банката, мислам дека за ова нема да добиете попуст :)
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    34.961
    Пол:
    Женски
    @Rubiii јас мислам дека би добила попуст доколку плаќаш во готово. Нас за 50 евра од квадрат ни ја спуштија цената само затоа што имавме голем процент учество, а не вие што цел стан ќе го платите во готово.
    Секако дека не им е исто на инвеститорите дали ќе им се плати во готово или преку банка. Со секоја банка имаат различни договори т.е не им се исплаќа цела сума одеднаш, туку на рати во зависност од процентот на изграденост на објектот. Плус (барем кај нас беше така) инвеститорот се до финалното предавање на станот е гарант на банката.
    Еден совет од мене, не ги давајте сите пари одеднаш. Договорете се да ги исплаќате на етапи. И очите четиринаесет отворени. Обавезно консултирајте се со правник околу договорот.
    Со среќа :)
     
    На irena.1, Elen4e_sonce и Rubiii им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Некој/а ако е заинтересиран за стан во Н.Лисиче кај Базаро нека пише ЛП.
    Преубав стан.
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Некој дали има искуство со Бортас? Како сте задоволни?
     
  8. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Со Хелиос Сакс некој искуство?
     
  9. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Колку квадрати е станот ? Пиши ми порака со повеќе информации ако не сакаш јавно овде

    Во кој дел купи за 750 евра. Прати ми порака со повеќе инфо ако не ти е проблем

    Реално и населбите се веќе такви сите. Па мене не ми е чудно. Јас не гледам разлика помеѓу Аеродром и Капиштец денеска.
    Капиштец не е тоа што беше пред 10-15 години. Населба која беше атрактивна, планска, културна и беше пример за живеење. Околината исто така беше атракција. Козле, Тафталиџе, Центар, Водно(црниче)

    Но во овие години Капиштец толку се упропасти што ми се плаче искрено кога ќе видам како изгледа денес.
    Згради направија на секој слободен простор, пренатрупано, без план, нови доселеници, друг свет едноставно. Иако не сум од Капиштец го обожавам и денес, бидејќи голем дел од детството го поминав таму и жалам што денес е ваков непрепознатлив и толку упропастен.
    Капиштец изгуби многу во овие 10 години повеќе од било која друга населба.

    Баш пред некој ден со еден агент кога гледавме стан го зборевме баш истово.
    Изгубија на атракција многу населби во Скопје.
     
    Последна измена од модератор: 30 јуни 2017
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    @referentka извини, те напнавме, но те молам и мене напиши ми во лп која е населбата.
    Имаш фемински збор дека освен дм, нема никој да дознае...
    Во Лисиче во новите згради се по 850 евра квадрат...
    Ние многу сакаме куќа, но ете нека биде желба и сон за понатаму. Апропо тоа, ги гледав цените за плацеви и не се исплати да градиш а да немаш свој плац....
    Дали уште важи измената за упис на деца во матичните школи во населбата на живеење?
     
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Цените се горе долу тие затоа што и јас со сопругата баравме стан до пред некој месец. Бевме фокусирани на станови во новоградби ама на крај испадна да си земеме стар стан кој го реновиравме комплетно. Цената излезе помала од новоградба (нормално) со тоа што ние избравме материјали, правевме мали корекции а и станот има подобар распоред од 90% од становите во новоградбите (барем тие што беа достапни, заклучив дека најдобрите станови и они ги чуваат уште кога ќе ги удрат темелите). Инаку само што го завршивме станот излезе оглас за уште еден стан 3 влеза подоле поефтин од нашиот :) ама тоа е тоа со недвижности никогаш не знаеш што и кога ќе начекаш а животот си поминува.
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    @referentka
    Ако не е проблем, пиши ми и мене ЛП.
    И ја сум во потрага по стан по таа цена :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Сподели ако не е тајна каде си гледал. Во потрага сум и јас па ако некој тука има за продавање околу центар, капиштец, аеродром или лисиче нека ми пише порака
     
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Стриктно Аеродром, не од помодарство:) туку од тука сме и тука ни се повеќето од блиските. Станот во моја близина уште се продава 800 еура квадрат.
     
  15. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Пишете ми повеќе информации и број ако имате
     
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
  17. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    3.498
    @referentka ако не ти е проблем и мене да ми пуштиш лп со информации за становите во градба...населба на пр.
     
  18. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    @referentka замолувам :) лп. Имам некое прашање за становите во изградба па доколку си во можност да ми одговориш:wasntme:
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Дечки што е тоа идеално земјиште? Од банка и адвокатот ми викаат дека мора да имам имотен лист за идеално земјиште, а инвеститориве и еден друг адвокат ми викаат речиси никој нема тоа, не требало пречка да ми биде.
     
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    епа секој сопственик на стан добива идеален дел од земјиштето под зграда и дворното место меѓутоа на многу згради тоа не им е решено, земјиштето се води уште на РМ итн ама банкиве во последно време бараат при хипотеки да се заложи и идеалниот дел од земјиштето а многу станари немаат или не им е тоа решено...некои банки без земјиште не даваат кредит кажи им каква е работата
     
    На Dust, Elen4e_sonce и referentka им се допаѓа ова.