Јас како што знам уште од летоска е се распродадено, а цената беше 1.020 евра за м2 . Сега гледам огласи има на пазар3 по околу 1300 евра за м2 (горе-долу) од луѓе што купиле па сега препродаваат, иако не знам како ги продаваат кога уште немаат имотен лист. Инаку јави се во голден арт или ако не ти креваат оди им во канцеларијата, во аеродром исто им е.
Не, може да купиш ако купуваш од инвеститор дури е во градба, но ако купиш и после сакаш да го продадеш не можеш затоа што уште е лист за предбележување, дури откако ќе добиеш имотен лист можеш да го продаваш.
Ne e taka,so predogovor na notar I advokat se trga predbeleskata vo katastar na idniot kupuvac I predbeleskata glasi na toj sto ke go kupi
Тоа е истото што ти го кажувам, тоа е пак продажба од инвеститор на купувач. Зошто ако се избрише прибелешката од мене како купувач од листот за предбележување, а ти склучиш преддоговор, ти го склучуваш со инвеститорот а не со мене и го купуваш од инвеститор а не од мене. Јас немам право да продавам нешто што не е мое и гласи како право на градба на инвеститорот. Ама сум видела и вакви комбинации во кои тој што го продава не е продавач туку сака само да си земе процент. А луѓе кои не се доволно упатени не можат да знаат. Верувај ми, со години работам во оваа област
Ова е точен одговор. Се купува не од фирмата туку од човек што го купил од неа. И повторно се внесува белешка во имотниот лист за предбележување.Разликата е што ако го купиш од фирма не плаќаш данок на промет, а овде плаќаш, иако станот е со ИЛ за предбележување. На крај кога изегуваат имотните листови, добиваш ИЛ на име на последниот купувач.
Страшно, секоја година се зголемуваат цените, а сѐ е распродадено. Кој купува станови со толку високи цени, а упорно се тврди дека нардов тоне во сиромаштија? Парадоксално. До која цена ќе растат цените на недвижнините? Нема смисла веќе, претераа.
Во групава (подолу линк) има многу огласи, се случува и за нови градби да објавуваат имам налетано неколку пати. Разгледај можи ќе ти биде од корист. Инаку мој совет (може веќе и си направила), локацијата каде што сакаш да купиш стан да ја истражиш во смилса да гледаш, да пратиш дали се гради, каде се гради и директно на инвесторите да ги контактираш што се пишани на таблите. https://www.facebook.com/groups/1018208674926359/
Информациите не ти се точни, кога се работи за купување додека станот е во изградба. Прво, не постои имотен лист за предбележување туку се вика Лист за предбележување, додека се гради. Откако ќе се изгради, после сите процедури се добива Имотен лист и тој е на име на инвеститорот. Прв сопственик е инвеститорот, и само тој може да продава, и не се плаќа данок затоа што е прва купопродажба (директно од инвеститор). Што значи дека ако јас купам од инвеститор во тек на градба - има само Лист за предбележување, во тој лист стои само прибелешка дека јас сум купувач за тој стан, ама тој стан не е се уште мој се додека инвеститорот не добие имотен лист на негово име и склучи конечен договор за купопродажба со мене (па после јас можам да го продавам). Затоа што доказ за сопственост е Имотен лист а не Листот за предбележување, тој е само доказ за нешто што е во изградба. Се додека е Лист за предбележување јас како купувач не можам да го продадам, затоа што во правниот промет тоа не е мое туку е право на градба и ИДНА сопственост на инвеститорот. Второ, инвеститор може да биде и физичко лице, повторно за првата купопродажба не се плаќа данок. Трето, фирма може да биде сопственик на имот и ако ти продава а не е прва купопродажба ќе си платиш данок. Сума сумарум, ако јас градам, ти не можеш да продадеш нешто што не е твое, за кое немаш доказ за сопственост и кое се води на мое име како право на градба, се додека јас официјално не станам сопственик и не ти го продадам. Се останато се сомнителни трансакции. Нејсе, да не тераме до недоглед со реплики, ако на било кој нешто не му е јасно може слободно да ми пише
Член сум во групата активно следам, инаку гледав така локациски, проблемот е што веќе се изградени зградите и све е распродадено, а тие што се нови многу ми е 3г да чекам да е готов бидејки сум под кирија, а и ги имам парите за учество , а плус па и прескапи се тој предел. Гледам истовремено и кај порта влае, многу повеќе избор и понуди има плус и цените се попристапни
Да, моментално се гради доста во тој дел и цените се попристапни. Распрашај се и за САНИК, и тие во тој дел градат, дали има нешто слободно, сега брзо другарка гледаше последни станови за некои згради што ги градат во Влае, со понормална цена и тоа сега брзо ќе се вселувале. И членката погоре убаво те посоветува, разгледај и на таблите за инвеститорите информирај се и барај ги.
Голем дел купуваат оние од странство. Познавам неколку фамилии што уплатија за стан тука, а живеат во странство. Нивната логика е..нека стои ќе се најде.
Ние само што продадовме стан во Центар -Рекорд ,од 55 м2 за 84.000 евра. Во моментов Карпош1, 2 , Козле, Капиштец се 1350-1400 евра м2 (зависи наместен-ненаместен и дали има паркинг). Цените се ненормално покачени. Сега се збори дека ако почнат со градба на новиот клинички центар на излезот од Скопје накај Тетово, становите во Ѓорче од сегашни 950 евра ќе рипнеле многу. Пазар...