За колку време отпилика ги одобруваат дтанбелите кредити од нлб, од аплицирање до крајна реализација? Банката вика околку 40 дена би требало да фати, има некој искуство да сподели колку чекале? Според мене Автокоманда е една од најлошите населби во Скопје, нема ништо таму све е пусто, улици никакви раскопани, никогаш не би земала дтан таму, едино сега ест гејт да ја живне населбата.
Здраво на сите ги гледав огласите ,вртев во агенции ме интересира тука дали некој продава стан до накај 60 м2 во Скопје благодарам
Здраво. Имам прашање до сите кои купија стан во џевахир кула Ц. Каде во купатилото има приклучок за бојлер? Обично у становите има еден кабел од зидот што излегува, но тука нема таков. Однапред ви благодарам за одговорите (и доколку би можело и слика) П.С. Се извинувам доколку постирав у погрешна тема - оваа ми изгледаше како најпогодна.
Нели Џевахир имаат сопствено греење, ладење? Да не е и топлата вода вклучена тука, па да не ти треба бојлер?
Да се надоврзам за Саник Алуре, земав и јас таму во делот што требаше да е готов во 31.12.2021. Станот е во влез 1, пред зградата уште не е средено, лифтот не е пуштен и зградата не е исчистена внатре. Онака како што видов се е завршено. Вие земавте клучеви, не знам дали се почнати со вселување.
Технички е поминат но не се почнати со вселување. Прерходната недела ми рекоа дека ги чекаат имотните листови и дека теба да испаднат за некој ден па тогаш да потпишеме главен договор и да се вселиме
Ние во Алуре другата се вселивме без имотни листови. Дури после 9 месеци ни излезе нашиот (ни велеа за 15 дена максимум дека ќе излезат). Нека не ве лажат.. Си имате легитимен предимотен, заверено во катастар со лист за предбележување.
Исто во влез 1? Нас секако ќе не фати покасно, само што земавме допрва ќе поднесување за креидт во нлб. А не може да одиш во станот барем за мерки за мебел ова она да местиш? Кога гледавме ние ни рекоа веќе дека си внесуваат мебел си опремуваат становите. Не знам на нас дали ќе ни дозволат да влеземе во станот, барем да измереме и порачаме мебел сигурно нема да ги чекам да излезе кредитот па тогаш да земам мерки а станот готов.
Во кои згради поточно? И во двете населби згради имаат Мулти офис, а за нив нема позитивни коментари, така да види си убаво Пребарај во search мулти офис ќе видиш. За други инвеститори што градат таму, не знам.
Не сум купила таму, но ги гледав становите кај стадионот. Воопшто не ми се допадна ни распоред, ни градба, се е некако хаотично, менувале, доградувале, одградувале кој како стигнал.
Дали знаете отприлика колку се движи цена за м2 во Охрид, блиску до центарот и макс. 2-3 кат или зграда со лифт?