Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Се склучува Преддоговор, се прибележува во катастар; потоа ако земаш кредит склучуваш Договор за хипотека; и на крај кога е готов станот склучуваш главен договор за купопродажба. Сите се потпишуваат на нотар.
     
  2. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Заинтересирана сум за купување стан во Скопје со една спална. Гледав неколку станови. Што мислите за Мараи Дооел инвеститор што гради до Фон факултетот? Исто и за комплексот Космос исто позади Фон? Дали ќе се урбанизира таа населба (Ќерамидница) и дали вреди таму да се купи стан зошто се најефтини?
     
  3. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Исто ме интересира дали кога го правиш преддоговорот го даваш целото учество па потоа аплицираш за кредит и ако не ти одобрат кредит дали ти го враќа фирмата учеството? Како оди постапката.? Конкретно за 20000 евра учество се работи и 30 000 евра хипотекарен кредит. И која банка моментално е најпогодна за станбен кредит?
     
  4. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Ќерамидница допрва ќе се урбанизира, мое мислење ќе требаат барем 4-5 години најмалку. Јас лично не би инвестирала во нешто неизвесно како ќе биде во блиска иднина, повеќе сакам нешто познато и видено. Космос објектот повеќе од половина е продаден, имаа некои тешкотии како фирма сите сме запознати со нив, ама сега повеќе од добро тераат. За Мараи ги знам како градежна фирма и тие доста градат, конкретни искуства не знам за нив.
    Во врска со кредитот, да се распрашате во повеќе банки за условите и каматната стапка што ќе ви ја понудат, учеството во однос на тоа колку учество бараат за конкретен кредит, а учеството најчесто се плаќа ден-два пред или после потпишувањето на Преддоговорот, најсигурно е во банката каде што ќе решите да аплицирате да ви кажат кои се шансите да ви одобрат па да сте раат со плаќањето. Со вашето учество нема да е никаков проблем.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kate karate

    Kate karate Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Normalno
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kate karate

    Kate karate Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Zalosno
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Corrector

    Corrector Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ако некој има стан во Порта Резиденс 1 или 2, слободно нека ме контактира во приватна порака, да ви пратам линкови за да се приклучите во Viber групите на станарите од истите.
     
  8. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Ако може инфо во порака, заинтересиран сум. Поздрав
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Некое инфо за Саник Алуре комплекс?
    Од интернет оператор дознав дека веќе неколку станови се вселени :?:
    Мене на почетокот на февруари ми рекоа 'деновиве ќе ви е јавиме за главен договор, чекаме имотен лист', но еве заврши месецот и ги нема. На телефон не креваат веќе :@
    Ако во пред договорот немаме наведено да ни плаќаат пенали нешто што каснат, дали има шанси да бараме и да добиеме сега нешто со оглед на тоа што 01.01 теебаше да биде достапно за вслеување?
     
    На Ladyinblackkk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Јас во саботата бев, се чисти, рекоа за брзо ќе не бараат за корекции и клучеви. Зборам за делот 7.3. А како ова некои вселени не разбирам? Технички прием има зградата нели? Ако не ви креваат идете во дирекција или па директ во баракчето пред зграда.
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Технички прием е поминат уште пред 1 месец, така кажаа дека наводно чекаат имотни листови, но еве тука кажаа дека за другата Алуре им дале 9 месеци по вселување:?:
    Инаку, вчера мм се јавил во телеком имало промоција за некој пакет и му рекле дека веќе таму имаат местено и дека луѓе биле вселени.
     
  12. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Значи ако има технички прием значи дека зградата е спремна за вселување вајда?! Бидете упорни, треба да им се досаѓа.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Ај инфо те молам. Не можам да почнам разговор јас.
     
  14. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Како оди постапката за купување стан преку агенција од физичко лице? И како може да се провери дали тој стан е под хипотека или има извршители да не не зафркнат?
     
  15. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    И дали може адвокат да ги провери тие работи?
     
  16. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    7.395
    Advokat ke angaziras I toj ke proveruvam I ke sostavuva predogovor I dogovor.
    Sekogash ima Mal procent za malverzacija .
     
  17. Femin-ka

    Femin-ka Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Има некоја градба во Аеродром/Карпош каде што сеуште не се продадени становите?

    Макар и во почетна фаза на градба..


    Не можам да најдам ништо освен Порта Супериум и 4 степени (кои ќе бидат готови 2024/25та, тоа ми е премногу)..
     
  18. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    57.833
    Пол:
    Женски
    За која точно зграда зборувате? за оние надоградбите што се прават???
     
  19. Kate karate

    Kate karate Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Nema nikakvi sansi bilo kakvi da vi platat cim nisto ne ste navele vo predogovor
     
    На Lilik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Може да проверите лично во Катастар со тоа што ќе извадите имотен лист за предметната недвижност, или онлајн во делот провери товар.
    Во имотниот лист пишува дали одредена недвижност има товари или е чиста, за извршители тоа не може да проверите затоа што само продавачот знае дали спрема недвижноста е донесен налог за извршување со заплена и продажба, затоа во договорот за продажба се наведува заштита од евикција, ризик секогаш постои.
    Адвокат може да ви провери во Катастар доколку не сакате лично да одите, исто може да види кај сите извршители одделно да провери дали продавачот е должник во некоја извршна постапка, но тоа оди бавно и не може да се гарантира дека после проверката нема во меѓувреме да пристигне барање за извршување против продавачот, затоа како што пишав погоре, во договорот се ставаат одредби за заштита од евикција, значи најважно е имотниот лист да е чист во моментот на склучување на договорот односно денот на солемнизација.
    Ако ве интересира нешто поконкретно пишете ми порака.