Најчесто кога е стан во градба и кога е готова зградата на купувачите им даваат клучеви да се вселат па после тоа инвеститорите си бркаат работа за добивање имотен лист и склучување на главен договор, тоа што нема имотен лист сѐ уште не е пречка да ви дадат клучеви да се вселите, бидете упорни кажете им дека им истекол рокот и дека знаете дека веќе се вселуваат луѓе. Инаку ако не сте договориле за пенали во случај на доцнење тешко дека ќе добиете нешто.
И ние чекаме уште клучеви и да потпишеме главен договор за Саник Алуре, ние дме во првиот влез. Тамо како што видов веќе луѓе си имаат внесуваат мебел, пола зграда е наместена со ролетни/завеси. Јас денес ги барав за клуч и главен договор, ќе ве викнеме за 1-2 недели вака така. Очигледно не се баш одговорни, секогаш ист одговор.
И нас ни е среден станот, ни рекоа може да се вселеме кога сакаме, а за главен договор ќе оделе од прв стан па нагоре, па дека ќе почекаме за тоа. Деновиве ќе одиме да ги бараме останатите клучеви и да земеме уште туш и црево и далинска за климите.
Дали знаете во Аеродром потег до Џамбо неизградени/во градба станови кои се или инвеститори? Не ми се брза ќе го чекам, сакам помал стан, ама за гарсоњери треба во лет да ги фатиш, дур дознаеш кој гради веќе е распродадено.
Позади олимписки до Анхоч дирекција гради Spring residence, како што ми кажаа пред 1-2 медеци за скоро ќе пуштат 2 нови згради во продажба.
Маџир маало на ул.Преспанска Декон Ком почнати во Јануари годинава фаза на темели во моментов. Бауер кај Јане Сандански поликлиниката фаза темели Вардар градба веднаш до нив би требало да почнат за скоро време уште не се срушени бараките Два Брата Градители Мичурин во тек на градба недовршена карабина претежно мали квадратури МД Инвест Проект близу Ла Тана почетна фаза Интегра 09 на ул.Славе Георгиев кај гимназија Корчагин почетна фаза до приземје
Овие сите станови ги имаат распродадено освен 3 на поткровје од кои еден 119м2 и двата над 70м2 .. И паркингот им е многу глуп.. со такви механизми како лифт.. Плус 6900 евра за паркинг..се прецениле малку
Не е зачудувачки,низ Аеродром и по стари гаражи во блокови градени пред 25 години гаража се продава по 6000 евра така да овде не ме чуди што бараат 6900. Инаку да се согласувам дека е премногу. По зградите на Водно паркинг местото достигнува и до 8000 евра. Инаку тоа со механизам на лифтови никогаш не би го избрал затоа што на долг рок може да биде доста скапо за одржување и да не биде во функција,најдобро е со класична рампа за влегување.
Толку .. земаа сега едни пријатели таму.. Па мораа со механизам пошо другите ги разграбале додека трепнеш.. Па подобро гаража него ли незаградени 15м2 дупка Да нема ни точаците каде да си ги ставиш..а детски точаци и чуда..ехее
на фб сега ми искочи порта инжнеринг во аеродром, ги редат циглите нагоре да заштедат и доагаат потенки зидовите, треба да бидат легнати како тие на купот.
Uzas ili tolku znaat tie sto gi redat, fall rabotna sila mnogu zaminaa od drzavava,ova treba da se prijavi Kaj nadzorot na objektot
Ова се блокови не цигли и точно така се редат, исправено. Не ширете безвезе дезинформации од работи од кои не се разбирате. Ај замисли колкав ѕид би бил ако се редат хоризонтално, кога блокот е 20цм минимум? Која зграда има 25-30цм ѕид? Кој инвеститор свесно би си ставил слика од неправилност и малверзација.