Ако мислиш на тие по 2 ката што се, од различни инвеститори се. Има уште плацови останато, а мислам дека видов и згради во фаза на изградба. Најубаво ти е да поминеш на лице место.
Дали некој знае за Битола ме интересира каде да се праша за нови станови и од кој инвеститори и местоположба сте задоволни?
Бевме таму ама како за беља никаде немаше табла на тие што се градеа. Инаку на крај најдовме контакти, се е продадено освен еден стан од 80 квадрати на поткровје, 3ти спрат без лифт. Се планира и пак да се гради ама кога и каде уште не се знае.
Некој да знае да има некаде стан со 3 спални? При крај со градба или стар, ама да не е крш ептен. @Dust те гледам го следиш пазарот Карпош, аеродром
Слабо коментирам но цело време следам Само да споделам дека и Џеваир збеснаа со цените. Кула D ќе се продава од 1300 евра за метар квадратен (за првите 20 катови без тераса) па нагоре. Плус 5% на цената за ДДВ. Дали се нормални? Кула D не е градена после инфлацијата за да биде со таква цена. Стварно нема смисла веќе што се случува ...
Strasno,ispadja obicnata sredna klasa da ne moze stan da si kupi.ke se dvoi svetot na bogati I siromavi,so ogromen Jaz izmegju.gospod napomos
А зошто не си купувате станови во Чаир и Бутел? Што има лошо во овие населби? На исто растојание се од центарот, како и Ново Лисиче...
Џеваир се разликуваа по високиот квалитет и приступачната цена за локацијата што ја имаат. Проблемот е што цените станаа нереални. Не може стан изграден со материјали од пред х години да го продаваш сега по 1.300 за квадрат. А останатите 3 кули се продадоа за цени од 799 до 1050 за м2. А да не коментирам за становите од времето на Југославија што се продаваат исто за цени од 1300 за м2. Не знам до каде ќе се оди со цените, баш ме интересира .... А на ова скапо време и со цена на нафта до плафон, не е поентата да се бара блиску до центар. Ама барем блиску до работно место, градинка, амбуланта, маркети и слично.
Svasta.go citase komentarov ili BRB BRB bezveza.se pravese sporedba.za cenite Nakaj Kaj odat cenite a ne koj vo koja naselba ke kupel I Dali planira da kupi.vo cair I butel sekade e poskapeno a se znacitelno poblisku do centar narocito cair 1 km od centar.samo da se pisuvalo nesto
Кате мори уште ли не си изгради куќа па се занимаваш со станови Проблемот кај нас и во соседството е дека многу луѓе инвестираат во недвижности и побарувачката е висока и покрај ваквите цени. Тоа е тоа што ја диктира цената, проста равенка е. Проблемот е што ако не ти се брза може да чекаш да падне побарувачката и инвеститорите да почнат да нудат нормални цени. Тоа може ќе се случеше поскоро пред војната, ама сега со огромната цена на железото и недостигот на челик, кој балканските земји го набавуваа од Украина, цените нема да паднат. Од друга страна, ЕУ превзема чекори да ги заостри каматите на станбените кредити, па оние кои купиле стан инвестиција на кредит ќе го јадат. А кога мечката игра кај комшијата, ќе заигра и кај нас. За потсетување, каматата на долгорочните девизни кредити (во кои и станбените кредити) во Македонија во 2005та била во просек 9%, сега е 3-4%.
Ти ја разбирам поентата, ама во бизнис секој си ја користи ситуацијата, побарувачката е голема и по тие цени ќе се купат и нема потреба сопственикот да спушта, ако види дека не оди, тогаш ќе намали. Во моментов се покажа дека најголема вредност имаат некретнините во Скопје. Тргни од себе како би постапил кога би продавал стан кој пред неколку години си можел да го продадеш за 50000, а сега можеш за 55000-60000, скоро и да не посоти некој што би пропуштил шанса да „заработи“ повеќе. А и да @Noemi многу точно кажа, се инвестира во недвижнини бидејќи е реалтивно лесен начин на инвестирање со можноста што најголем дел од луѓето ја користат, а тоа е да се купи стан со кредит со поволна каматна стапка и долг рок на отплата.
Кога ќе почне да се плаќа данок за имот за секој купен стан како во многу држави во Европа, можеби ќе се смени нешто. А сме на добар пат да се оствари таква работа. Ама жално е што обичен човек не може да си дозволи едно живеалиште да си купи, поради оние што купија ПО НЕКОЛКУ пред неколку месеци и сега продаваат за 30 - 40% поскапо. Во ред е заработката и бизнисот, ама треба да се има контрола и над тоа нешто. И ајде ќе разберам повисоки цени ради поскапени материјали, инфлација и слично. Ама становите стари по 20 години, без лифт, и во кои треба сериозна сума за реновирање да имаат цена како становите во изградба? Малку не е фер ...
А зошто да бидат драстично поевтини старите станови? Да речеме јас имам 20000 бали сено од лани, ти ќе имаш 20.000 бали сено од оваа година.. Има огромна побарувачка.. Зошто ти имаш право да го продаваш сеното по 120ден а јас пошо е ланско да го продавам по 100? Има побарувачка, дури и за по 130, ама како сите така и јас би го дала за 120 ако оди како алва.. Ова е хипотетички, важи за секој предмет што не се расипува со стоење.. Цените се зголемија на се, дојде период на страшна инфлација. Во маркет кај мене зејтинот е 134 денари за 1л... лани беше 63 ... Цените уште ќе растат, парите губат вредност. Не можеш да го купиш сега истото што си можел лани за 50.000 евра да речеме.. Таму каде што има голема побарувачка, цената нон стоп ќе расте бидејќи сите за профит се борат а не за загуба Данок на имот се плаќа за СЕКОЈ стан... дупло повисок е за стан во кој што не живееш од оној за стан во кој живееш
Па не би рекла дека "НЕ СЕ РАСИПУВА". Може не се расипува има губи на квалитет. Кола земена нова од салон и кола исто така нова стоена на плац 10 години, не е иста. Да не се лажеме. И никој не рече да бидат драстично поефтини, само РЕАЛНИ. Јас попрво би купила стан стар, од колку нов. Ама не за 1300 квадрат кога за 1300 - 1350 може да имам стан нов, поекономичен и помодерен без да треба да вложам денар во нови врати, прозори и подови. Паркет, таркет, ламинат, плочки или што и да е имаат иста вредност после 20 години????? Ако ме читаше погоре, не реков дека старите станови треба да бидат со цена дупло поефтина.
А и никаде не реков дека зборувам за станови стари од 5 - 7 години. За мене тоа не се стари станови, и може со квалитет се далеку подобри од денешните. Ама зборев за станови од времето на Југославија, затоа што во моментот има станови на огласите, без лифтови, уништени, не одржувани кои се продаваат за такви суми.
еве како треба и не треба да се редат блокови случајно вчера поминав ова е во хром. исто и порта инженеринг во аеродром постирав слика пред некоја недела ги редат исправени за да заштедат на материјал и послаба изолација имаат. @Noemi еве ти зграда со 25-30 цм ѕид.
Море луѓе, пазарот ја утврдува цената. Нема тука што да некој бара од некого некому да забрани која цена ќе ја бара за својот имот. Пазарот. Точка.