Kukicka vo selo so dvorce I puno zelenilo.drvca.cvekenca. no ne nekoe 100 km od gradot.najveke 10-15km od gradot.
Не би се согласила. Можеби не се кренаа, ама од октомври очекувам раст особено кога студентите ќе почнат со враќање на физичко присуство. Стан во град Но сепак зависи од тебе и што ти преферираш и за кое село и град се работи
Здраво, Знаете каков квалитет се градбите на Порта (Порта Резиденс итн)? Ме интересира мислење, и уште подобро ако некој купил стан од нив, да каже дали е задоволен. Благодарам
куќа е апсолутно подобро, ако е некое село блиску до град да, или населба понастрана. стан би прошло некако ако збориме за убав град и квалитетен стан, кај нас ни добар град ни квалитет нема.
Железара и не е така лошо. Блиску е до Центар. ЕЛ не знам колку ти е добра опција. Ги бие добар глас (веројатно сами си пуштаат муабет), ама се невиден фушерај. Ако планираш да се замараш цело време со нив за се и сешто, тогаш инвестирај.
Мене железара не би ми било во прв план при купување на стан. А дека е блиску до центар, па и не е баш, за разлика пр. од Аеродром. Мада за вкусови не се преговара. За Елена Лука се согласувам дека е само име и маркетинг.
Поблиску е од Аеродром Јас како екс Железарка не ви препорачувам.Ништо нема во населбата за се одевме во Автокоманда Инаку и наши пријатели се запнаа да купат таму стан. Од К.Вода во Железара
Оваа зградава е кај Ремедика некаде. Релативно близу е и до Автокоманда и до Центар реално блиску е. Нема асален инвеститор веќе. Сите само шминкерај. Па и уште ко ќе ми кажат дека подизведувачот е крив, а не тие да се крстиш. Ти со нив имаш работа. Подизведувачот е нивен проблем.
Да да , знам каде е. Мислам дека 1200 квадрат ќе биде и убаво личи и убав поглед ќе има накај Водно и Парк Шума Гази Баба.
Кириите паднаа не поради онлајн студирање,туку поради преголема понуда,а помала побарувачка. Некои луѓе им е подобро да плаќаат кредит отколку кирија,знаејќи дека тоа е инвестиција трајна. Пандемијата дополнителни ја намали побарувачката. Плус имате сопственици на станови кои имаат станови,а немаат потреба да ги издаваат,а други кои ги купиле на кредит како инвестиција па ги нудат,а побарувачката е помала од понудата и затоа цените паѓаат. Дали ќе се стабилизира пазарот незнам,само знам дека 1800еур за м2 за наши услови е лудо
Дали има некој стручен што се разбира и знае колкава е безбедноста на доградбите што се прават во Автокоманда? Скоро сите стари трошни зградички ги доградија и дигнаа горе уште по два спрата. Дали тие згради се од пред или од после земјотресот градени? Дали е безбедно да се земе стан во таква зграда?
Има Сега Ели два добро снабдени маркети. Секое семејство има кола ако треба нешто на враќање од работа ќе де испазари. Еве сестра ми од Кисела Вода е во Железара и вика дека каде каде е помирно потивко.
Не сум стручна, само можам да ти кажам да не зимаш таму. Ние гледавме кај железничка во Мичурин такви доградувани згради, ужас. За џабе фрлени пари.
Да има маркети знам. Ама за друго , еве банки , продавници за алишта, играчки, кафич за се мора да одиш некаде. Еве братучед ми кисне во Автокоманда. На плоштад, лулашки итн.. Инаку за мирно, е мирно. Нашата куќа беше во мирна уличка , ретко коли поминуваа со дворови напред-назад.
Za 11 godini baranje stan vo vlae relacija gjorce uste ne najdovte stan?znaci nemaat kvalitet zgradive na taa strana hmm.