Дали постои голема разлика помеѓу купување стан на ново и на старо? Становите на старо веќе имаат чист имотен лист и ми изгледа како побрза постапка, без многу чекање.
Zdravo Dali ima novogradbi vo aerodrom 3 makedonska ili ima vo plan da se gradat nekoj info Dali ima Pozdrav
Па и не се сите со чист имотен лист по дифолт. Вреди стар стан ако го начекаш евтино, ако е добра градба и имаш нерви за реновирање. Од моето искуство, наидов само на продавачи кои доста солено си ги надценуваа становите со мебел од 1965та, ми нудеа доградени нелегални тераси и гаражи. Бонус ако смениле плочки во ВЦто пред 10години задолжително кажуваат дека е реновиран
Јас не се согласувам дека кириите се намалени, напротив веќе неколку години се во пораст. Дојде време кога гарсоњери се издаваат по цени над 200е, патем смешно ми е кога се издава стан со една спална и се рекламира како двособен, оној со 2 спални трособен итн. Оние двособните со една спална минимум 250е се издаваат, речиси колку една минимална плата!
@Waverly Raven кириите се паднати знам од искуство,оти понудата е многу голема,ама факт е дека не го следат стандардот на граѓаните кои бараат стан. Ако е побарувачката голема како за Центар и Карпош,посебно за мали станови (гарсоњера или еднособен) цените се високи од 200 евра нагоре за наместен.И што поголем стан толку киријата стагнира затоа што режиските трошоци на големите станови се ниски.
Golden art ima momentalno vo pocetok na izgradba posetete gi na nivnata fb stranica za poveke informacii I kontakt
Како да не било, во Скопје можеби е, во останатите градови и странство се ЗНАЕ, според бројот на спални соби. Која е втората односни третата соба? Дневната? Стан без дневна ретко има.
Да ова стана некоја си мода по ново, не беше терминологијата таа порано. Уствари двособен стан не постои веќе во новата терминологија. Имаш еднособен со една спална, гарсоњера кај што се е заедно, трособен со две спални. Пази и четворособен сега има хаха. Со три спални Искрено, со овие цени последниве година две и овој неквалитет, не знам како толку многу се купуваат станови во Скопје. Она што тврдев дека не се исплаќа долгорочно да си под кирија, мислам дека веќе се исплаќа, пошто кој нормален ќе даде 1600-2000евра квадрат за фушерајски направен стан во Скопје, кога 99% имаме план да се отселиме секако
Во новите згради тој “трособен” со две спални е околу 70 и нешто квадрати. Ужас! Спалните се како една голема поделена на две, едвај king size кревет може да сместиш.
Ај тој што е 70, ама во 35 квадрата еднособен кога ќе видам. Јас во гарсоњера 35 квадрата (без терасата таа квадратура, тераса накнадно) сум живеела сама и не можам да замислам плус соба да се одвои од тоа. Хонг Конг стил стана Скопје. Градежен фушерај на најјако.
Абе не само Скопје туку и помалите градови. Остај што се гради премногу, него и за секој стан си има купец. Си имаат луѓето пари бе си инвестираат во недвижнини. Во близина кај мене кренаа една зграда, секој втор ден нов стан светнува.
Инвестираат странци/дијаспора по неколку стана. Просечен македонец ќе крени кредит и цел живот ќе го плаќа. Пред неколку години за исти и пониски цени се продаваа станови во Солун, ако е некој будала нека купи во Скопје.
Мисли ти кај да се селиме Негде убави коктели кај што има, немам намера 2000 евра квадрат да дадам за гипс картон
Дој со мене во некое селце во Италија. Не ни треба ни аперол, рачија will do the job.. бар нема да знаеме дали комшијата има проблеми со мевот.