Дали некој купил или планира да купи стан во С Блок на Саник во Припор? Некако се загреавме со маж ми да купиме таму, одлична локација ни се гледа, сеуште не сме биле таму да видиме што и како а станот е на подкровје. Ме интересира на што да внимаваме, дали во преддоговорите вклучивте да ви се плакјаат камата во случај зградата да не е готова во зададениот рок, и дали е добро да се земе стан на подкровје? Исто ме интересира за данокот на промет за недвижен имот дали се плаќа, колку се плаќа, затоа што едни адвокати и нотари велат дека не се плаќа за новоградба која не е постара од 5 години и се купува директно преку инвеститор, други велат дека тоа е неизбежно?
Искрено Припор како населба воопшто не ми се допаѓа, ама тоа е мое миселње.Стан на поткровје не би купил од повеќе причини: 1.Доколку има проблем со кровот протекување и слични работи секогаш тие најгоре ке го јадат и ке плаќаат од свој џеб, приказните дека има куќен совет па ке се договориме сите да платиме заедно, тешко.(пример ако се расипе лифт увек ќе има луѓе што ке речат "аа јас живеам на први спрат мене не ми треба лифт или ако прокисне кровот, не сум јас на последен спрат нека му ја мисли тој што купил, пари не давам.) 2.Поткровје ко поткровје, летен период увек е пекол горе, па за да се оладиш треба клима да упалиш се тоа си повелекува пари.
Добро луѓе да ве прашам за Саник Алуре комплексот во Влае. Дали се нормални? Кога планираат да ја средат депонијата околу зграфа и целата рушевин? Паркинг кога, гаражите едвај ги работат, колку да се рече дека има нешто направено, нема кај да се паркира. Лом ни ја направија колата 2 пати ни ја гребат веќе.. И дали ве викнаа за главен договор, од кога рекоа ќе викаат и ништо, прашував се за 2-3 недели. Нема смисла
Дали некој купил стан во ДримЛукс на Би Холдинг? Крајниот рок беше јануари 2022 со можност уште 3м поради виша сила, и уште ништо. А најлошото е што не можеш да го видиш станот, не знаеш што си купил, само од каталог, ниту можам да земам димензии за во меѓувреме да нарачам кујна, да смислам план за ентериер и сл. Претходно кога барав за да купам, во др згради исто во градба, дозволуваа да се види. И дали некој од вас на кои што им доцнеле со градба, добиле пари, тужиле за доцнење, или едноставно се помирувате со фактот дека ви останува да чекате, а они таму прават нешто со роковите.. Ова само во Македонија дива лига..
Општината одобрува продолжување на рокот, ако има врски во општина ќе му продолжуваат без пенали, ако плаќа пенали ќе си ја убрза работата. Како не ви даваат да влезете ако е во завршна фаза? Никогаш до сега ли немате влезено во станот, ви немаат дадено план како го избравте? Мора да ви дадат план ако побарате, што ви викаат зашто не може? Како биравте под, плочли ако немате влезено во станот? Во која фаза е објектот, имате ли фасада, скали? Не е во ред ситуацијата. За тужење ако имате ставка да ви исплаќа кирија може да поднесете тужба само што може да одбие да ви исплаќа кирија и да ви ги врати парите за станот (пошо така секако ќе има поголема добивка) а вие одново ќе чекате.
Во завршна фаза е, немаат спор, си работат, но доцнат. Станот од каталог го одбравме, ги имам димензиите и распоредот, меѓутоа им важи правилото дека додека работат, не може да се види, само од надвор сум ја видела зградата. За плочки никој ништо не ме праша, иако бев во контакт со нив. Ставка за пенали нема, но си стои член во кој е нагласено дека за се што не е наведено, важи законот за облигациони односи. А во законот за облигациони односи се наведени повеќе мерки за доцнење, паричен надомест и сл. Во секој случај, ме интересираше како постапиле луѓето што поминале низ истово. Едно е тие дали ќе го подместуваат рокот со општината, а друго е јас што сум потпишала, според договорот јас што го потпишав, тие доцнат.
Па еве ти кажувам што ќе се деси. Според законот кој го спомнуваш смееш да бараш кирии за секој месец доцнење, во твојот случај од 4ти месец наваму, сумата се одредува според квадратурата и според завод за статистика - колку е просекот за таа општина. АМА, инвеститорот може да одбие да ви плаќа кирија и да понуди да ви ги врати парите за станот. Тоа е заебаниот дел. Ако работат интензивно, седете си мирни и стиснете заби, побунете се дека нигде немате потпишано дека ви е забранет влез, карајте се за да влезете барем. Општината ја спомнав со причина, ако има некој што му го продолжува рокот тој нема загуби (на општината би плаќал од 5000€ нагоре од месец за пробивање рок), плус нема да му одобрат нова градба утре. Отвори си го договорот и види што е наведено од плочки, под, треба се да стои - ако ви кажал ламинат, треба да е ламинат. Ако не ве прашале сигурно не ви се лепени плочки, значи не е завршна фаза. Ако не ви е за живеење станот и ви се минува сета процедура одново, тужете земете си ги парите. Едит: пред 2 месеци истото си го прашувала и истото сум ти го одговорила, не знам што очекуваш да се има сменето.
Да, фала ви, и според вашиот одговор од пред 2м се расчитав доста, и дојодов до тој закон за облигациони односи, меѓутоа од нив немаше никаков одговор на тоа, тотален игнор. Останува само таа постапка со тужби и сл, што искрено не би сакала да ја спроведам и да одам до таа мера. Во глобала и тоа ми беше прашањето, дали некој постапил со тужба и како поминал, зашто доста коментари прочитав сега последно во оваа тема, дека им каснат и по цели години.
Dali nekoj ima info kolku se dvizi kvadrat vo novata zgrada na ZSF (vo Aerodrom karsi Majcin dom). I ako nekoj ima stan tamu kako se so izolacija itn.
Па таа е веќе изградена и распродадена,кога се градеше пред 2 години квадрат беше околу 1150 евра,сега низ Мичурин веќе се продава квадрат меѓу 1300-1400 евра. Би требало да почнат наскоро уште една во Мичурин Конект 5+ близу Зур Маркетот,имаат останато слободни станови на приземје и поткровје но не знам по која цена се продаваат.
Здраво Има ли некој искуство со DDS Buildings? Дали можеби знаете некој што има земено стан во комплексот кај Маџари? 1100еур м2 е сега, покачено од април навака...
Здраво сакав да прашам дали некој продава стан со помала квадратура и поволна цена во Тетово секоја информација би ми била од корист Фала ви