Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да, под Ѓорче е.
    Со централно парно.
    Па и Ѓорче надоле без парно веќе се 1000+.
     
  2. MonnaMonna

    MonnaMonna Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!

    Дали некоја има информација за Бауер БГ како инвеститор и нивните градби? Конкретно сум заинтересирана за стан во градба во изградба кај поликлиника Јане Сандански.

    Исто дали некој има искуство со земање на стан од физичко лице, не од инвеститор, а зградата да е уште во изградба? Со оглед на тоа дека ќе земам кредит, мислам најголем дел од нештата самата банка ги проверува, но ме интересира како се регулира одговорноста за екстремно доцнење на изградбата или не дај Боже, да не се заврши и слично, како и гаранцијата во првите години. Секое искуство е добредојдено, сепак се работи за многу пари и многу би ми било од корист.

    Ви благодарам однапред на сите кои ќе одвоите време да пишете.
     
  3. Lorelaix

    Lorelaix Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Дали некој има искуство/информација за ДДМ Инжинеринг? Поточно квалитет на градба, почитување на рок за вселување, однос со клиенти итн.
     
  4. Femin-ka

    Femin-ka Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски

    Генерално, не губи време на тоа. Нема простор за дискусија или преговарање со инвеститорот, посебно во моментов, посебно со големиве фирми. Имаат свој терк на работа, свои преддоговори и договори, датумот е тој, ако ти одговара купи го, никој не знае дали ќе има доцнење а и во повеќето случаи не плаќаат ништо ако се доцни, само нерви ќе губиш, така што остави си простор 4-5 месеци плус од тоа што они го ветуваат и тоа е.
     
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Дали знаете некој што продава куќа во Влае, Тафталиџе, а цената да не е 400 000 евра. Се што гледав од 300 000 нагоре е, некако премногу ми изгледа
     
  6. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    070802203 ovoj prodava za 105000 evra na oglas go Vidov 150 kvadrata okolu bese kukava
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MonnaMonna

    MonnaMonna Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не мислам на тоа, мене ми е сосема јасно дека ќе се касни.

    Друго ми е прашањето.
    Значи станот не се купува од инвеститор, туку од приватно физичко лице кое го добило како компензација.
    Отприлика процедурата ми е јасна, но не ми е јасно како да се заштитиш во случај ете, 3 години да касни, да не се изгради зградата воопшто и слично. Како и гаранцијата во првите години, не ми е јасно како се регулира тој дел. Зошто кога купуваш од инвеститор, со него имаш преддоговор, зошто одговорноста ја сноси директно тој, а вака јас би имала преддоговор/договор со физичко лице.

    Значи прашањето ми е во врска со иксуства со купување на стан од физичко лице, при што зградата е уште во градба.

    За доцнењето неколку месеци си сосема во право, тоа ми е повеќе од очекувано :)
     
  8. MonnaMonna

    MonnaMonna Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пишувам поприлично подоцна после постот, но погрешна Ви е информацијата, со рампа си е паркингот на оваа зграда, нема да биде со лифт симнувањето на колата, со возење се слегува. Лифтовите се патнички, за да можеш од -2, -3 да идеш нагоре по катовите.
    Зошто и јас сум заинтересирана за стан таму, буквслно еден од критериумите ми е да нема лифт за возилото.
    Цената е 6500 за паркинг местото, се согласувам дека е висока, но во Аеродром во последнава година не наидов на пониска :(
     
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    8.157
    Вака, ние кога купувавме бевме во идта ситуација. Зградата беше во изградба, станот беше даден како компензација на фирма една со лист за предбележување (немаше имотен лист). Адвокатот не советуваше да завериме на нотар договор со кој ќе бидеме заштитени ние како крајни купувачи, и на договорот да бидеме трите страни потпишани - ние, газдата на фирмата на кој му беше даден станот и главниот инвеститор.
     
    На MonnaMonna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    Не очекувајте многу во рок од Саник. Ние имаме стан во Алуре од нив, еве 1г е повуци потегни до нив за све. Многу де неодговорни, они ќе ја пуштат зградата ама нема ни најмалце да е завршена. Ние уште немаме рампа во гаражите, и целата е со кабли, цефки, градежни матријали лом несредена. Пред 1 недела едвај де намоливме осветлување кај зграда да стават, и уште мал милион работи што не де завршени. Дворот на зградата е уште како да е градилиште.
     
    На Dahlias му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MonnaMonna

    MonnaMonna Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, и јас сличен совет добив за троен договор. Баш ќе се распрашам во оваа насока.
    Благодарам уште еднаш :)
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stella@12

    Stella@12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Откако ќе се потпише преддоговорот и договорот за хипотека со банката, што е следното?Кога да се очекува имотниот лист?Ви благодарам за одговорите...
     
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Дали имате информација да се продава некој стан во ниските згради карши Џевахир?
    Друго што има интересно во изградба периодов, ич не сум во тек.
     
  14. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Што мислите за становите на бул.Македонска Војска во Ѓорче? Веќе изградена е зградата и е продажба од физичко лице.
     
  15. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.527
    Пол:
    Женски
    Ако е зграда од мулти офис никако, ни имотен лист има ни па е средено нешто како треба, под стечај е газдата кој знае кога и дали ќе земат имотен лист.
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    8.157
    Леле само бегај од двете големи згради - црвената и таа до неа со црно.
     
  17. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Zasto sto se slucuva so tie zgradi gledame na oglasi mnogu prodavaat stanovi od Kaj crvenite
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    18.119
    Од претходно што имаме пишувано на темава за нив. И уште го имам истиот став за тие згради таму.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    8.157
    Дали некој знае позади Убац кафаната на кружниот кај Порта Влае кој гради зграда?
     
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    18.119
    Црно - белата? Кај Техномаркет?
    Ако прашуваш за неа, инвеститор е Деа Ком.