Локацијата е најбитна. Стар стан од 70 година на плоштад секако секогаш ќе биде многу поскап од нов стан во Ѓорче.
Pominete malce niz oglasite jasno ke vi bide za shto zboruvam. Cenite se navidum skoro isti vo sekoja opshtina, bez razlika na godishte na stan. Ne ja sfativte poentata na mojot komentar
Епа недвижноста не е потрошна роба како автомобил или патики па да губи од вредност, напротив со тек на време вредноста се зголемува. Разликата меѓу стар и нов стан на иста локација е толку, 100 еур квадрат за реновирање. Впрочем и пазарот тоа го докажува.
Ова изгледа имаш стан за продавање затоа така викаш Апсолутно на стари запуштени градби нема зошто да им скока цената. Пошто и стан и зграда се ствари што исто се амортизираат како и се друго. Ниедна будала нема на запуштен влез или стан да ви даде 100 евра помалце на квадрат од нова. А нема до толку реновирани влезови во Скопје.
Околу мене сите приоритет им даваа на постари згради и не згрешија. Цените на недвижностите рипаат со тек на време, а за жал неам стан за продавање. Секако, состојбата на станот, зградата влијае.
Апсолутно влијае. Мене ми е исто ок стар стан, но од тоа што гледам дури и тие што се ок станови, се во запуштени згради, најчесто со проблем со хигиена, одржување или инсталации. Јас самата тргнав прво стара градба да барам, но искрено 10 пати поскапо испаѓа плус самите згради си имаат огромни проблеми, 90% од тие јас што ги гледав мртви лебарки имаа по ходниците. Таму секако не одам и без пари да ми даваат. Друго, цената на становите не расте со тек на време зошто секогаш ќе расте така, туку резултат е на понуда и побарувачка. Сега сме во еден балон кој се дува и дува. Некогаш ќе пукне. Нема вечно да има иста побарувачка, а со тоа ни иста цена. Како и да е неразумна е цената и на стари и на нови станови.
Така и пред две години некои луѓе викаа дека само што не паднала цената на 500 еур, Арно ама тие што чекаа сега се зафркнаа.
Разликата во старите станови и новите е тоа што изолацијата звучна е каде подобра од новите. Бис оил кој го гради аквадукт на словенечка ветува тооооолку многу а уствари ужасие од зграда како Гарен инн во Влае. Зелен кров игралиште итн, а уствари се добива пропуштање на становите при обилен дожд од фасада, ѕидовите што треба да се 2 измеѓу становите уствари не се само еден е, влага, миризба од вентилација од кујна кога друг готви и ред други работи. Саник става изолавија на пола стан пола кој ги е*е, кога ставаш нешто во штеќер комшијата два ката нагоре или надоле знае што правиш се пренесува звукот, за други работи и да не коментирам. Додека во старите згради можеш да миризбата да ја осетиш на старо кога ќе влезеш во влез и стари лифтови ништо друго. Барем нема да го слушаш комшијата кога има тврда а кога мека столица во тоалет
Мислам дека веќе навлагаме во друга дискусија. Секој нека си одлучи кај му е поубаво, не навлагам во темата стара или нова зграда. Мене муабетот ми беше дека малце се занесуваат кога ќе огласат стан стар во 50 годишна зграда што некој им го дал социјално во Југославија, по 1400 евра, а во меѓувреме ни самите станари се грижат за влезот, ни па газдите во тие 50 години смениле лајсна за паркет во станот. Сто изолации нека има, л у д о с т и ништо повеќе е тие пари да ги дадеш за стар стан во кој уште 10000 евра минимум ќе вложиш и прашање е што све проблеми нема да ти излезат од влезот. Исто така, for the record, живеам во стара зграда, од 90та година, и може звучна изолација има, топлинска нема никаква. Милион проблеми има самиот влез, што со лифт, што со инсталации. И од искуството мое искрено мислам дека се ненормални цените сега особено за стари градби, пошто многу се занесуваат луѓево да креваат толку цена кај што со прст не мрднале 50тина години. Искрено и јас би дала солидна сума за стар стан, ама еве две години не сум нашла ок зачуван стан и нормален влез кај што не е се запуштено.
Точно дека ќе дадеш плус 10 000 евра ама раат си. Еве ние во нов стан сме уште не сме исплатие ни 5000 евра од кредитот имаме 300 проблеми што инвеститорот ич не му чуе и пак ние требада си ги санираме работите. Треба да фрлаш пари за преградување бидејќи магично заборавил дека требало поинаку да се направи тој стан и не само ние и многу други луѓе се соочија со премногу проблеми. Бушење дупка во ѕид каде сакал слика да стави му падна буквално пола ѕид на човекот и сам мораше да си ги санира проблемите. Тука нема ќар исто ти се фаќа.
Знаеш која е разликата? Во стара зграда, what you see is what you get. Во нова зграда, мачка во вреќа. И така е буквално сегде кајшто сум живеела, значи не само во мк. И, како е сега уствари- новите станови се поскапи од старите или обратно? ПС. Цените ќе паднат никад а можда ни тад- лично пророчко видување од почетокот на 2023
Кој инвеститор сте ако не е тајна? Мислам дека треба на тапет да се ставаат, сериозно, барем да не се зезнуваат луѓе други пошто реално сите ние кои сакаме да купиме стан цела заштеда животна ја даваме за стан. Ама исто така имам впечаток дека народов и некоја шкљ фирма да прави станови во Центар, како што ги има, и без тераси и со влагање од дневна у ВЦ па у спална ќе купат стан само да се дебармаалци. Не зборам за тебе лично, општо ми е тоа впечатокот, и затоа највисоки се цените таму. Мислам, што корист ми е да сум во центар, кога е жив фушерај се, особено на Благој Давков тоа новите згради, таму свашта видов, а отидов чисто информативно да гледам, не ни планирав за таму пошто за мој вкус е премногу гужва во тој реон. Искрено се согласувам јас со ова, многу фушерај има во новиве згради, од луѓето кои ги знам само од Голден Арт знам задоволни. Иако пример во 4 степени таа новата никад не би зела стан, полоша локација мислам не можеа. И новата зграда таа кај Систина што како Карпош ја рекламираат е промаршај, ама тоа е, нема каде веќе изгледа. Според мене, искрена да бидам, зезнат си кај и да земеш, дали стар, дали нов, само треба да си избереш со кои проблеми ќе се занимаваш Многу е подлабок проблемот од дали стара или нова зграда, сите сме жртви на урбана мафија и непланско градење на крајот на денот. Во Македонија се ти е мачка во вреќа Биљо Во стара зграда ако земаш у декември, нема лебарките да ги видиш Ќе си се изненадиш у март Старите и новите со цена, многу мала разлика. Јас повторно ќе кажам, јас би вложила и во стара зграда, ама да е одржана пошто од некои работи ми е преку глава. Ама таква во Скопје, јас досега не најдов. А и многу ретко продаваат такви станови луѓето кај што е ок и посредено.
Најубаво плац и куќа макар и монтажна да е. Во стан реално можат да седат само луѓе што ништо не им смета галама, музика, лебарки итн. Што не им смета зборувањето на комшии, мочање по влезови итн. Иначе во зградите на бис оил сум затоа и толку опширно пишав за нив
Нема веќе лебарки во Центар затоа што глувците ги јадат, цел Центар е полн со глувци поточно стаорци и нови и стари згради, се качуваат по цевки, по фасада секаде, подруми, кровови сегде е преполно со глувци и стаорци, сегде сум реагирал џабе е ниту општина ниту комшии се замараат, и видов не видов приватно си викам фирма али работава не е еднаш да се викне туку 3-4 пати годишно се појавуваат, гадно е, јас не знам како се уште луѓето купуваат станови во Центар зар не знаат дека е полно со глувци и стаорци? Јас планирам да бегам подалеку од Центар накај Ѓорче во куќа, моментално таму е најубаво да се живее, барем нема со глувци да се занимавам
Чекај да размислам...не памтам лебарки бе Одржана зграда, исто не памтам да сум видела. Се е тоа распад систем, за жал, и не само мк, и многу погоре од мк. Ако има закон, на секое ниво се гледа тоа, ако нема, исто така и тоа е. Брррр, ме замисли сега со лебарките, идниот инвестициски проект ми го скисели, лоша жена бре Мада, шо, чудо големо, не е поголема од мене...побитно ми е да можам да си бушам дупки во ѕидот, да си бесам Мондријан и Пикасо
Да да, сосема си во право, и мене не ми е јасно дали не знаат луѓево. Инаку да, лебарките ми беа пример, не ми беше идејата да инсистирам на нив, едноставно очигледно Скопје е град со проблеми од среден век Затоа реков, многу е подлабока дискусијата од дали стара или нова зграда. Одамна си отселена изгледа Биљо. Овде врие инсекти и штетници по градов. В р и е. Скопје ти е нешто ко во Индија да живееш Не знам што ти е проектот, ама не ти препорачувам овде Иначе да, многу чурук жена сум, ама ме знаете веќе. Следете ме за повеќе мрачни муабети Апсолутно
Јас во нов стан си ставав изолација за да не ги слушам комшиите, пример. Топлинската изолација од друга страна е топ. Во новите станови што сум ги видела до сега дали 1% имале добар распоред. Во старите згради во споредба со новите скоро иста топлинска и звучна изолација сум добила со менување на пвц столарија. Звучна изолација од комшии, па што знам јас би рекла секаде е горе доле иста. Стар стан за 100 евра дека може да се реновира може да сонувате. Нормално е да скока цената и на старите станови, ете, нека се земе предвид и реновирање, ама никогаш нема да биде нов.. Факт е дека повеќето стари згради се запуштени, има и солидни ама и тие се мноогу ретки. Јас секогаш гласам за стар, само заради распоред. Цената која ми била реална е кога би се зело предвид плус пристојно реновирање и вкупно да биде сепак помалку од нов, затоа што нели, стара никогаш не може да биде нова.