0,7е од м2. Веќе неколку месеци сме вселени, кула А. Ние сме многу задоволни. Особено од фактот што голем дел од зимските денови ги поминавме без воопшто да пуштиме греење. Да не се повторувам, веќе пишав погоре.
Прашање. Невработен сум, работам како хонорарец преку интернет. Имам солидна заработувачка. Сакам да извадам станбен кредит, да си купам стан. Дали би ми дале кредит како невработен пример ако поднесам со учество од 50 проценти и имам еден жирант(или без жирант). Пример стан од 40 илјади евра, со учество од 20илјади, 20илјади кредит. Друга опција дали би можел некаде да се вработам јас да си исплаќам плата пример во некоја компанија да им давам по 1000 евра месечно да ми исплаќаат плата 6-10 месеци и да извадам така кредит. Некои мислења совети?
Како невработен не можеш да земеш кредит, значи мора да се водиш како вработен, е сега да прашаш во тутунска таму се малку пофлексибилни може ќе се спогодите.
Прво прашај во банка за условите што ги имаат и твоите можности. Но, мора да си во работен однос затоа што висината на ратата се одредува според месечна плата, односно потребен е документ за исплатени последни три плати. Вработувањето мораш да го средиш.
Девојки ми треба мислење, во случај на купување стар стан покрај вредноста на станот колку отприлика изнесуваат други трошоци поврзани со постапката за купопродажбата?
Није скоро купивавме стан стар плативме сто евра адвокат,сто евра.нотар и 40000 денари данок,данокот зависи од проценителот колку ке го процени станот тога мислам беше 3%. Од вредноста на процената,нас ни го процена мислам околу 20 000 евра.
при купување на нов стан во изградба што дополнително се плаќа? со станбен кредит купен стан. и дали има некоја потврда за сигурност дека станот стварно ќе биде вселив на 1 септември или можно е да биде и покасно??
Освен трошоците во банката за кредитот, за други не знам. Нотарски, адвокатски секако, без разлика на било што, исто така се плаќаат. А во врска со сигурноста за вселување, тоа треба да стои во договорот кој го склучуваш со инвеститорот.
Квалитетно градат. Многу се ок за договарање и соработка. За нив дури имам слушнато дека имаат згради што ги завршуваат и порано од предвидениот рок, што е за пофалба.
Се продава стан во Тафталиџе 1. Трособен, 76м2 внатрешна површина плус 34м2 двор поплочен со мермер и впишан на имотен лист. Спалните се комплетно одделени од дневниот простор. Има 2 спални, бања со џакузи када и италијански плочки и керамика, остава, голема кујна со трпезарија, одделна кујна со природна вентилација, гостински тоалет. Станот е на високо приземје. Во близина има градинка, школо, маркети. За инфо и слики во пп.
Каде е подобро да се купи стан на 2 кат или на 5ти? Бидејќи на 2ри многу малку би го фаќало сонце, насабајле да речеме, бидејќи одма пред самата зграда ќе има друга зграда. Станот е во средина, да напоменам.
И на петти кат не е гаранција дека станот ќе биде светол зашто не знаеш на колку ката ќе биде другата зграда. Претпоставувам дека не знаеш зашто пишуваш ќе има друга зграда. Моја препорака е да не избираш стан на последен кат, ако тоа е петти.
Прво, на што ќе се греете. Ако е парно онда може да гледа кон исток станот. Ако сте на струја тогаш југ и запад. Ако видик ти е у друга зграда тогаш повисоко. Ако нема лифт втори кат.