Офис зградата како во сендвич што ќе биде во аеродром во џунглата позади тобако два? Цената е ко на Водно!
Би Холдинг е една од најнесериозните фирми што постои заедно со Еуро Актива. Во договорот стои вселување Јануари 2022, а зградата уште не е пуштена, што значи каснат цела година. Четири години се гради зградата, од 2019 е почната, град да се градеше досега ќе беше готов. Ти пишав и лична порака, ако те интересира подетално можам да ти кажам се за моето лошо искуство со купувањето стан во ДримЛукс.
Нас не ни е за купување, инвеститор бараме и сега се заинтересирани повеќе и мора да се одлучиме кој...
Не не, не се менува лична карта, тоа ви е привремено живеалиште кое верувам дека и кај вас инвеститорот ви го плаќа
Здраво на сите! Веќе пишав на друг канал, меѓутоа гледам овој е поактивен, па ќе прашам и тука Ми треба инфо за Хантерс и какво е искуството со нив со последниве години? Заинтересирана сум за стан во новата зграда што ја градат тие и секој совет е добредојден
Здраво луѓе, ми треба совет и искуства за фабрика карпош во населба Александрија. Ние разгледувавме и сакаме да купиме стан најгоре на подкровје со кровна тераса. Исто така слушнавме муабети дека имаат проблем со имотни листови. Мислење и искуства??? Фала однапред
Здраво, дали има некој што веќе има купено/се има вселено во готовите згради на Порта инженеринг да сподели искуство во однос на квалитет/изведба?
Zdravo i jas baram info za Aleksandria, ako I pise nekoj na clenkata vo poraka neka mi pise I mene. Pozdrav
Јас живеам во населба Александрија. Имаме купено стан од фабрика Карпош. Претежно сме задоволни. Во однос за стан над поткровје незнам да ти кажам од искуство. Иначе со имотните листови доста каснат. Скоро 2 години сме таму и сеуште немаме добиено.