За која кула? 3тата или 4тата? Стварно има данок откако за деловен за 4тата? Со кујна ли ги продаваат? Колку е паркинг местото? Ние земавме во првата кула стан,уште немаше ништо тогаш...значи 2020...ковид...цената тогаш беше од1550 нагоре...а сега се за 1000 евра поскапи. Инаку стварно ме се токму со цените...од 2400еур за м2...многу е
Дали некој има инфо кои инвеститори ги градат двете згради што се сега почнати со градба кај веро јамбо, и за цената дали сте запознарни? Фала
Едниот е Кат Костов со цена околу 1800-1850 евра м2,подземен паркинг 10.000 евра. Другиот е Флорастат веројатно со слична цена.
Продавам стан 60 м2 со 2 тераси стара зграда кај Рампа кај Пеглата за 1350 комплетно реновиран со вграден мебел. Дел од мебелот останува има понуда 1325. Пишете порака за повеќе.
Здраво, сакам да прашам дали некој има конкретна информација за кога почнува вселување во ДримЛукс зградата на Бихолдинг? Секој месец различно ни кажуваат веќе којзнае колку време чекаме, денес пробавме да се јавиме ни исклучуваат телефон... А станот веќе платен. Веќе нервите ги изгубив пари се дадени за свој стан а уште кирија плаќам за џабе.
Навистина незнам што се случува таму.Толку долго стои објектот не вселен.Како може да ви исклучуваат? Пишуваше март 2023 на интернет Во договорот што ви пишува? Мора да има некаков рок и пенали? Имате ли И.Л за предбележување? Напишете им е mail,а можеби најдобро преку адвокат да ги искомуницирате
Успеавме денес да се чуеме, ни кажаа дека скоро сѐ е готово, само треба да се исчисти и да помине инспекција. Откако ќе одобри инспекцијата дека е во ред за вселување ќе нѐ известеле. Не кажаа точен датум ама се надевам деќа ќе биде за брзо. Во договорот уште лани требаше да сме вселени, многу доцнат - пеналите беа занемарливи суми, веројатно ќе ги исплатат после вселувањето.
Дали следниот метод е возможен: По договор, да платам на газдата на станот пример 8.000 евра однапред и остатокот од цената да го исплаќам месечно? Као, може со ваков договор? Има некој што направил вака?
Здраво. Искуство со некој шо живее на приземје? Се мислам за стан на приземје да земам , за издавање. Дали е океј, или сепак ви е поладно дека нема стан под вас, или да е повеќе галама? Исто, како е и од безбедносни причини?
Od bezbednosni uzas e.za ladno e samo ako imas garazi podzemni.za Galama normalno sekoj ti pominuva pred prozor.spored mene ne e ok prizemje osven za invalidi.
Ахам, само еднаш имам влезено кога барав јас стан, океј ми изгледаше зградата, локацијата е одлична, се ти е на дофат, маркети, тобака, пиљари, сити мол, така да ако ти игра голема улога локацијата при бирање стан (ко на мене) нема да згрешиш во тој дел. Повеќе не можам да кажам, ако има некој што живее таму нека пише.
Можеш, само продавачот треба да ти верува ептен, клаулзули за ненавремено плаќање, камати, станот како залог веројатно. Скоро исто како со банка. Лично јас не би продала вака стан. Многу фактори играат улога. Технички е поладно, ама не е тоа фрижидер, сега новите згради имаат добри топлотни изолации, градското греење прилично добро затоплува. Галамата зависи од локација и уредувањето околу зградата. Пример по план може е паркинг, или има клупи, сигурно ќе се собираат навечер, може е оградено, може има двор така би било и помалку галама и побебзедно. За издавање по мене е поважна локацијата отколку спратот, ако е добра локација како Центар на приземје е подобро него на поткровје, било за деловен простор било за ноќевање.
Дечки некој да сподели искуство со ддм инжемеримг во влае имаат останато за продавање И исто по која цена сте зеле? До колку можам да се ценкам? Исто и за останативе на Кара констракшн во Хром нс Манчу матак- што мислите за нив, по која цена сте зеле, искуства? Исто читам распоред убав неубав. Пуштите пример од добар распоред, овој на сш е добар или лош? Било какво инфо е добредојдено