1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.254
    Пол:
    Женски
    I tek uste kolku ke se gradat I taka ke ostanat neizgradeni.
     
    На Rokendroll, Kate karate, Волкот и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Зарем има стари згради со подземни паркинзи? Јас досега сум гледала само кај нови, не постари од 7-8 години. И моето искуство е сосема исто како на членката, секаде скоро има проблем со вода, некаде дури и базенчиња си се :)
     
    На JoyJoy и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  3. QuickBro

    QuickBro Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Ajde eve da kazeme siva ekonomija ..... Dobro vie normalni ste so nacinot na razmisluvanje deka nekoj ako ima ogromna suma na crni pari i ke gi frli tuku taka vo nesto so ne znae kraen ishod kolku i dali uopste ke mu donese DOBIVKA i povrat na vlozenoto ... Skopje vekje e prezasiteno so zgradi i nikoj ne ti kupuva stan po ovie bagatelni ceni.... BALONOT E PUKNAT VEKJE.... Samo ke se pokaze preku DZS na kraj na godina
     
  4. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.352
    До 2000 ев. м2 тебе ти е багателна цена?:o
    Според тебе колку треба да е за да не е багателна?:D
     
    На Dust и elimkd им се допаѓа ова.
  5. QuickBro

    QuickBro Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    1300 1500 od lokacija do kvalitet materijala i se ostalo vgradeno ...
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Ондак багатела зборот не ти е соодветен
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QuickBro

    QuickBro Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Abe 30 godini da rabotis po 20 000 denari neto ti e edno ebeno stance od 70 do 80 000 evra Ami od vozduh li ke zivee toj ili bitno u drustvo da se bide istaknat demek stan kola odmori i zivot cveta
     
  8. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Ni grafik razbira, ni zbor razbira
     
    На dea.18 и Stark им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.837
    Допаѓања:
    4.519
    Не ги анализирам табеливе, Центар има ненаселени станови кои се издаваат, не зјаат празни.
     
  10. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Феминки здраво, имам прашање доколку некој неодамна има поднесено барање за станбен кредит која е точната процедура?? Што е потребно од документација и за колку време одприлика го одобруваат?
    Сакаме да земеме стан од физичко лице и утре ќе одиме да прашаме да ни направат пресметка и да ни кажат дали сме кредитоспособни но меѓувреме ме интересира доколку имате искуства. Кредитот би го подигнале од Стопанка Скопје.
    Благодарам <3
     
  11. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    3.933
    Пол:
    Женски
    Од банката треба да ви дадат документи да ги заверите на работа, имотен лист од станот кој планирате да го купите не постар од 3 месеци и купопродажниот договор.
    Колку се чека зависи од самата банка . Најубаво да прашаш во Стопанска.
     
  12. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.254
    Пол:
    Женски
    :shake::shake::D
     
    На Rokendroll и Kate karate им се допаѓа ова.
  13. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.442
    И најважно: Сите пари кои му ги даваш на физичко лице (капар, помош да заврши процедутални обврски) ОБАВЕЗНО давај ги преку трансакциона сметка, НИКАКО кеш на рака. Мораш да имаш писмен доказ за недај боже ако те извиси, да имаш основ да тужиш.
     
    На mira.mira и dea.18 им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Прво се потпишува Преддоговор и со него се почнува процедурата за кредит.
    Потоа следуваат проценките и сите други административни банкарски процедури дури кредитот не се одобри.
    Кога ќе е одобрен се потпишува Договор и со тоа средствата се префрлаат кај сопственикот, а тебе ти тече кредитот. Станот од тој момент е твој.
    Во меѓувреме може само информативна пресметка да добиете.
    За Преддоговор и Договор обавезно со адвокат да си идеш. Кошта одредена сума, ама 100 зезанции има и со инвеститор да идеш и со физичко лице, сеедно. Верувај нема да се фрлени пари.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе има и спинови по портали и форуми дека "се продаваат како алва" во моменти кога цените се не реални за да ја створат таа слика и маркетинг на градежни компании кои ќарат од ваквите муабети.

    Пазарот не е примамлив ни за инвестирање моментално.
    Тоа никој нема да го каже.
    Банките сакаат да ве држат со кредити.
    На сите им одговара да ви помини животот плаќајки рати.

    Трошоци за градба на една зграда и профитот на продажба е да земете подобро со 5 души да изградите заедно, наместо да купувате од компанија :D
    Големи профити.

    Поддршка до сите што не соучествуваат во лудилото:nod:
     
    На Цобра, QuickBro, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Искрено се продаваат како алва.
    Од лично искуство ти кажувам, подобрите станови летаат одма. Јас и голем дел од овие блиски кои бараат стан веќе 2 години бараме сите. Тоа секако го кажувам доколку има човек некакви критериуми за пристојно живеење. Инаку секад ќе ги има тие кои ќе купат и без прозори стан само во Дебар Маало да се. Она што е останато се станови во кои не вреди да се инвестира.

    За останатото се согласувам, пазарот не е за инвестирање, ама не има и такви кои сега ни дошол моментот да си купиме живеалиште. Математиката е таа и за под кирија ако си, со оглед на тоа дека кириите во Скопје се доста поскапени.

    Инаку не знам кој човек има доволно пари да купи стан без кредит денес, така што и за делот со банките не се согласувам баш.

    За остатокот си во право, секако дека помалку кошта да си изградиш свое, само некако немаме доволно добра инфраструктура за да земеш да градиш куќа на 15 километри од градот, барем не за моите потреби и не во државава. А плацови поблиску да најдеш без да влезеш во лавиринтите на вадење градежна дозвола и носење вода/струја/канализација, што е процес што доста кошта, малку потешко.
     
    На Glowy, ForeverYoung, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    Најоштетени се и ќе бидат луѓето кои се на зор за секој продукт.
    Сочуствувам.

    Спомна критериуми, веројатно веќе имате увидено дека се непостоечки, и не е толку долгорочна работа затоа што за минимум 15 години ќе треба амортизација. Не само на сопствениот дом туку и на зградата како заедница. Да речеме таман ќе застанеш стабилно, нов трошок.

    Не е толку привлечно колку што се презентира. Напротив голем товар и обврска.

    Калкулациите се кај секого различни, ама ако си во оштетената страна подобро барај друго чаре.. градба/друго место на живеење. Не мислам дека градба кошта исто, малтене многу поефтино, квалитетот е неспоредлив, знаеш сам што правиш. За одалеченост/локација и онака немаме добар јавен превоз, каде и да секаде ќе заглавиш.
     
    На QuickBro и JoyJoy им се допаѓа ова.
  18. Волкот

    Волкот Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    139
    Треба да се почитува и разбере ситуацијата и мислењето односно намерите на секого, поврзани со купување или одлука за не купување стан.
    Само наметнување на мислењето дека се оштетена страна тие што и сега купуваат не се сложувам целосно,затоа што сепак е инвестиција,не се работи за фрлени пари на непотребни и непродуктивни работи
     
  19. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    5.358
    Dali nekoj ima kupeno stan vo Marino kaj stadionot da spodeli iskustvo
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Не се согласувам во целост, сметам дека има драстична разлика помеѓу некои од становите во однос на квалитет. 15 години може станот ќе дојде за реновирање, ама има драстична разлика во квалитет на градба, во локација (не мислам на близина на центар или слично, повеќе мислам на останати нешта) итн.

    Инаку и јас не мислам дека се фрлени пари, не сметам дека за скоро ќе паѓаат цените на недвижностите, впрочем не се случил голем пад изминативе 50тина години, освен моментално кога наводно ќе влегувавме во НАТО. Башка недвижнина ти е после и можен влог/хипотека за останати инвестиции, секако не губиш ништо пошто некаде мораш да живееш, а мојава математика вели дека во моментов повеќе би плаќала за кирија за ист стан, отколку за рата. Секако зависи и колкаво учество имаш за кредит.